ЕП ракомет жени: Холандија убедлива против Словачка - Канал 5

ЕП ракомет жени: Холандија убедлива против Словачка

Репрезентацијата на Холандија оствари висока победа 30:20 на последниот натпревар од 1.коло од група 2 од главната фаза на Европското првенство за ракометарки.

ЕП ракомет жени: Холандија убедлива против Словачка
На другите два дуела од групата што се игра во Загреб, европскиот првак Црна Гора ја победи Германија со 27:20, додека Шведска беше подобра од Франција со 29:26.

На чело на табелата во групата се селекциите на Холандија и на Шведска со по 5 бодови, Црна Гора и Франција имаат по 4, додека без бодови се Германија и Словачка, кои воедно и немаат шанса за полуфиналето.

Денеска се играат натпреварите од 2.коло од групата 1 во Дебрецин, Унгарија. Од 16 часот на програмата е дуелот Шпанија – Романија. Во терминот од 18:15 часот играат Полска и Норвешка, додека на крајот во 20:30 часот е натпреварот Унгарија – Данска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери.

 Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните.

Владата работи на усогласување на домашната законодавна рамка со европските регулативи и директиви па така ,,Роаминг како дома“, ќе биде достапен за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома, и така ќе можат да користат интернет, повици и СМС.

Приоритет е Реформската агенда, а во рамки на истата донесен е најголем пакет на закони во 2025 година, а истата тенденција продолжува и годинава.

Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот по спроведување на реформите, а ќе се донесат и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда. Досега Македонија има добиено 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација.

Оттука, бројот на центрите за услуги е зголемен од 5 од 2024 година до 16 годинава, за да државата биде поблиску до граѓаните на кои им е потребна поддршка.

Дополнително, со Националниот центар за вештачка интелигенција ,,Везилка“, најзначајниот приоритет е јазикот и културата, системски развој на македонските јазични модели и дигитална заштита на културното наследство.

Владата, универзитетите и индустријата пак градат систем за вештачка интелегенција, а Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција, со што се работи на национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, применувајќи го нашиот јазик.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ како за време на овие две години, така и во наредниот период ќе работи да им овозможи на граѓаните полесен пристап, што значи брзо добивање на лични документи, а воедно со тоа ќе им се намалуваат и трошоците, а во иднина доследно ќе работиме на развивање на дигитализацијата, и нејзино вклучување во сите области.

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје.

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје.

За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на регионалните планови, учеството во составот на истурените копнени сили на НАТО, како и во мисијата КФОР ги оцени како извонредни, а истите се резултат на нашата посветеност, на модернизацијата и исполнувањето на поставените цели за развој на способностите.

Генералот Гринкевич во своето обраќање упати и порака: „Сите заедно мора да бидеме подготвени. Мора напорно да се обучувате. Мора да ги проучувате војните од денешницата и минатото за да бидете подготвени за конфликтите на иднината. Мора да размислувате за промените во карактерот на војувањето што ги гледаме на современото бојно поле и да се приспособувате на новите реалности со кои би можеле заеднички да се соочиме на некое идно бојно поле“. Навраќајќи се на нашето членство во Алијансата, генералот Гринкевич нагласи „јас исклучително сум горд што служиме заедно“.

Во рамките на посетата Генералот Гринкевич имаше можност непосредно да се запознае со вооружувањето, опремата и средствата со кои располага Армијата, како и да проследи тактички вежби, со што се увери во подготвеноста на армиските припадници при изведување на борбени дејствија во сложени и динамични средини против различен непријател.

За време на заедничките изјави за медиумите, генералот Лафчиски го истакна задоволството од посетата, истакнувајќи „Оваа посета претставува уште една потврда за нашата јасна определба кон одбраната на заедничките вредности и довербата која ја градиме во рамките на Алијансата. За нас, членството во Алијансата не е само безбедносна гаранција, туку и обврска активно да придонесуваме кон колективната одбрана и стабилноста на евроатлантскиот простор.“

Генералот Лафчиски наведе и дека „Македонската Армија денес е модерна, добро опремена и високо обучена. Ова не е само наше видување, туку тоа претставува објективна и потврдена оцена, добиена преку серија на ригорозни проверки на персоналот, опремата и процедурите“. „Аргумент за ова е НАТО оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група, во рамките на вежбата БЛЕСОК 26, како и НАТО оценувањето на Борбените елементи за специјални операции“, додаде генералот Лафчиски.

Генералот Гринкевич во обраќањето пред медиумите истакна „Република Македонија е високо ценет сојузник“, додавајќи дека нашата држава има клучна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан – регион од стратешко значење за Алијанса. Во оваа прилика генералот Гринкевич се заблагодари и за македонскиот придонес во мисисите предводени од НАТО во КФОР и на нејзиното источно крило.

Со денешната активност во касарната „Илинден“ во Скопје, на која присуствуваа генерали на Армијата, високи претставници од НАТО, како и команданти на команди и единици на Армијата се заврши официјалната посета на врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа на Армијата. Посетата претставува уште една потврда за силниот придонес на нашата држава во колективната одбрана на Алијансата, како и нашата заложба и придонес во регионалната и колективната безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син загинаа во големиот шумски пожар во близина на Солун

Како што пишува грчки Катимерини, во огнената стихија загинале 66-годишен маж и неговиот 12-годишен син, чии тела биле пронајдени во близина на нивниот дом во селото Лити, северозападно од Солун.

Татко и син загинаа во големиот шумски пожар во близина на Солун

Татко и син загинаа во големиот шумски пожар што се прошири во близина на Солун. Како што пишува грчки Катимерини, во огнената стихија загинале 66-годишен маж и неговиот 12-годишен син, чии тела биле пронајдени во близина на нивниот дом во селото Лити, северозападно од Солун.

Во пожарот повредена била и неговата сопруга и мајка на детето. Грчките служби издадоа наредба за итна евакуација на селото Лити, кое брои околу 4.000 жители, а населението е пренесено на безбедно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер