Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
2Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
РакометЕП ракомет 2018: Полицијата ги предупреди Хрватите, национализмот строго е забранетХрватската полиција од далматинскиот сектор денес издаде соопштение со кое ги предупредува навивачите да ги почитуваат правилата за време на ракометниот дуел меѓу домаќинот Хрватска и Србија со кој в петок почнува Европското првенство 2018. Како што е наведено, предниот дел на салата ќе биде блокиран од 15 часот, пет и пол часа пред почетокот на средбата, а покрај стандардната забрана за носење оружје и консумирање алкохол, посебен акцент се става на забрана на националистички и шовинистички пораки. - Забрането е да се внесува и прикажува банери, знамиња или други предмети со текст или слика, лого или други симболи на кои се изразува или предизвикана преку омраза или насилство врз основа на расна, етничка, регионална или верска припадност. Исто така, пеење на песни со содржина која поттикнува омраза или насилство не е дозволена, се вели во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБурата „Артур“ го загрозува Светското првенство - мечот Португалија и Конго е под знак прашалник?!Натпреварот од Групата К на Светското првенство помеѓу Португалија и Демократска Република Конго е фрлен во неизвесност поради предвидените екстремни временски услови во Хјустон.Метеоролошките служби предупредија дека денеска, во времето на закажаниот почеток на мечот Португалија- Конго (19.00 часот по централноевропско време), областа на Тексас може да биде погодена од тропска бура што се формира по должината на брегот и се движи кон внатрешноста на земјата. Овој временски систем е именуван „Артур“ и се очекува директно да влијае на областа на Хјустон. Според прогнозите, бурата може да донесе обилни врнежи од дожд, силни ветрови и зголемен ризик од ненадејни поплави, што може да предизвика сериозни проблеми во градот и околината. Националниот центар за урагани конкретно предупреди дека во овој случај ветерот не е главен ризик, туку количината на дожд што се очекува. „Најголемата опасност не е јачината на ветерот, туку огромните количини на дожд што би можеле да предизвикаат сериозни проблеми“, се вели во предупредувањето. Во некои делови од Хјустон се очекуваат до 25 сантиметри дожд, а веќе се издадени предупредувања за можни поплави.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги продаде за профит на странски дата центриМицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити.Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив. Мицкоски повторно гледа за себеси во големите тендери - во градежништвото, инфраструктурата и „придружните“ услуги. Јавните ресурси се пренасочуваат кон приватни џебови, а граѓаните остануваат да плаќаат повисоки сметки. Иако дигиталната трансформација е важен приоритет, привлекувањето на хипер-скала дата центри претставува непропорционален стратешки ризик за нашата земја. Овие објекти трошат екстремни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот поврат (вработување и даночни приходи) е минимален. Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри питка вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители. Во услови на климатски промени, суши и воден стрес, ова директно ќе доведе до рестрикции за домаќинствата и земјоделството. Нашиот енергетски систем е веќе ранлив. ЕСМ работи со загуби и застарена технологија, МЕПСО има проблеми со балансирањето поради соларниот бум, а ЕВН се соочува со раст на пазарните цени. Додавањето на масивни 24/7 потрошувачи ќе ја зголеми зависноста од увоз, ќе ги покачи сметките за струја за граѓаните и ќе ја загрози стабилноста на мрежата. Вработувањето е исто така разочарувачко, само 25 до 50 директни работни места по објект, со поголемиот дел од управувањето на „remote“. Ова не е развој, туку создавање на „изолирани острови“ кои црпат ресурси, а профитот го извезуваат надвор. Светот веќе реагира: • Во Холандија, Meta го откажа големиот проект во Zeewolde поради отпор од граѓани и фармери заради огромна потрошувачка на енергија и влијание врз земјоделството. • Во Ирска, владата воведе мораториум на нови дата центри околу Даблин до 2028 година, бидејќи тие трошат над 20% од електричната енергија на земјата. • Во САД (Аризона, Вирџинија, Мисури и др.), десетици проекти во вредност од десетици милијарди долари се блокирани или откажани поради недостиг на вода, раст на сметките за струја и уништување на локалната средина. СДСМ бара: • Мораториум на изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода. • Доколку се дозволат помали проекти за државни потреби, инвеститорите да бидат законски обврзани на исклучиво воздушно ладење без потрошувачка на вода и сопствено производство на енергија со соларни паркови и батерии, без повлекување од националната мрежа. Јавно ги повикуваме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја прекинат оваа неодговорна политика и да ги стават интересите на граѓаните и одржливиот развој на прво место, наместо своите тендерски и провизиски интереси. Прес конференција на СДСМ, Кристијан Дојчиновски СДСМ бара мораториум на изградба на нови странски комерцијални дата центри кои користат системо со вода и предупредува дека Владата на Христијан Мицкоски турка проекти кои носат сериозни ризици за водните и енергетските ресурси на државата. На денешната прес-конференција, на СДСМ, Кристијан Дојчиновски рече дека „Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити“. „Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив“, истакна Дојчиновски. Тој посочи дека иако дигиталната трансформација е важен приоритет, привлекувањето на хипер-скала дата центри претставува непропорционален стратешки ризик за државата. „Овие објекти трошат екстремни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот поврат – вработување и даночни приходи – е минимален. Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри питка вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители“, рече Дојчиновски. Во услови на климатски промени, суши и воден стрес, ваквите проекти може директно да влијаат врз достапноста на ресурсите за граѓаните и земјоделството. „Нашиот енергетски систем е веќе ранлив. ЕСМ работи со загуби и застарена технологија, МЕПСО има проблеми со балансирањето поради соларниот бум, а ЕВН се соочува со раст на пазарните цени. Додавањето на масивни 24/7 потрошувачи ќе ја зголеми зависноста од увоз, ќе ги покачи сметките за струја за граѓаните и ќе ја загрози стабилноста на мрежата“, нагласи Дојчиновски. Тој додаде дека економските придобивки од ваквите инвестиции се ограничени. „Вработувањето е исто така разочарувачко, само 25 до 50 директни работни места по објект, со поголемиот дел од управувањето на ‘remote’. Ова не е развој, туку создавање на ‘изолирани острови’ кои црпат ресурси, а профитот го извезуваат надвор“, рече Дојчиновски. Посочувајќи на примери од повеќе земји, тој истакна дека во Холандија, Ирска и повеќе сојузни држави во САД веќе се ограничуваат или стопираат вакви проекти поради нивното влијание врз водните ресурси, електроенергетскиот систем и животната средина. СДСМ бара мораториум на изградба на нови комерцијални дата центри а доколку се дозволат помали проекти за државни потреби, инвеститорите да бидат законски обврзани на исклучиво воздушно ладење без потрошувачка на вода и сопствено производство на енергија преку соларни паркови и батерии, без повлекување електрична енергија од националната мрежа. „Јавно ги повикуваме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја прекинат оваа неодговорна политика и да ги стават интересите на граѓаните и одржливиот развој на прво место, наместо своите тендерски и провизиски интереси“, порача Дојчиновски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВо Скопје се одржува 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна ЕвропаМинистерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави присутните на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN), која се одржува во Скопје под претседателството на Израел.Во своето обраќање, министерот посочи дека Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и благосостојба за граѓаните. „Здравствената мрежа прерасна во силна меѓувладина организација која денес обединува девет земји членки и претставува значајна платформа за размена на искуства, градење капацитети и унапредување на здравствените политики. Во фокусот на пленарната седница се теми од особено значење за иднината на здравствените системи, меѓу кои развојот на дигиталните здравствени иновациски екосистеми, унапредувањето на напредните улоги и лидерството во сестринството, како и подготвеноста и отпорноста на здравствените системи при кризни и вонредни состојби, истакна министерот Алиу. Тој потенцираше дека државата останува силно посветена на дигиталната трансформација на здравството, зајакнувањето на улогата на медицинските сестри и унапредувањето на националните капацитети за подготвеност и одговор на здравствени закани и итни ситуации. Воедно, тој најави дека на негова иницијатива, во септември годинава, под покровителство на Светската банка ќе се одржи регионална конференција на која ќе учествуваат министрите за здравство од земјите од регионот, со цел дополнително продлабочување на соработката и размена на добри практики. Учесниците на 49. пленарна седница ќе дискутираат за заедничките предизвици и можности за развој на поотпорни, поефикасни и поинклузивни здравствени системи во Југоисточна Европа.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00