1ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS
3Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
РакометЕП ракомет 2018: Германците се плашат од балканските навивачиГолманот на Германија Андреас Волф изјави дека балканските репрезентации ќе имаат голема поддршка од трибините и дека навивачите на Словенија, Македонија и на Црна Гора може да им направат проблеми. - Во група сме со три репрезентации од Балканот. Слушнав дека повеќе од 5.000 словенечки навивачи ќе го поддржат својот тим во Загреб. Македонците и Црногорците се од иста ракометна лудост. Значи, треба да се справиме со тие емоции од трибините. Или ние треба да ги користиме како мотивација или мораме да ја смириме арената за да бидеме успешни, изјави Волф во интервјуто за официјалната веб страна на Европското ракометно првенство 2018. Германија ќе настапува во Ц-групата во Загреб, а својот прв дуел ќе го има на 13 јануари против Црна Гора (почеток 17:15 часот). Истиот ден Македонија ќе се сретне со Словенија (19:30 часот). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
КултураЛиковна колонија “Љубанци 2026”Општина Бутел информира дека од 15 до 21 јуни 2026 год. во Љубанци се одржува меѓународната ликовна колонија “Љубанци 2026”.Ликовната манифестација се одржува во континуитет 16 години, со учество на 15 ликовни уметници од Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија. Ликовната колонија беше збогатена и со учество на 40 ученици од основните училишта од општина Бутел. Локалната самоуправа секоја година го поддржува овој настан и вложува во развој на културата. Вредните дела од ликовната колонија ќе бидат донирани во хуманитарни цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОфицијално: Силва во Реал М. Португалецот Бернардо Силва (31) е нов играч на Реал Мадрид.По девет сезони во Манчестер Сити, португалскиот репрезенативец Бернардо Силва го смени клубот. Во следните две сезони, тој ќе го носи дресот на трофејниот Реал Мадрид, каде што пристигна на експлицитно инсистирање на Жозе Мурињо. Денеска, „Кралевскиот клуб“ објави дека португалскиот репрезентативец потпишал и со тоа формално се приклучил на Реал Мадрид. Во битката за потписот на Силва, Реал имаше жестока конкуренција од Барселона и Атлетико. До пред само неколку дена, Каталонците беа во „пол“ позиција да го доведат, но потоа еден повик промени сè - повикот на Мурињо. Новиот тренер на Реал буквално им кажа на челниците на клубот дека „Силва мора да биде доведен“, за што, на крајот, тој најмногу придонесе преку личен напор и преговори со фудбалерот. Поволна околност за клубот е статусот на Силва како слободен агент по истекот на неговиот договор со Сити, па затоа не беше потребно да се исплати обештетување, поради што беше „само“ важно да се убеди Португалцот да го изберат Реал, покрај Барса и Атлетико. Но, тука на сцената стапи, специјалниот Мурињо , кој со своите вештини на убедување успеа да го натера Силва да се сврти кон реал и да потпише договор со гигантот од Мадрид. Така Португалецот стана ново засилување за Реал за краток период, бидејќи клубот го обезбеди потписот на Марко Кукурела од Челзи, а во наредниот период се очекуваат и пристигнувањата на Ибрахима Конате од Ливерпул и Дензел Дамфрис од Интер.Тагови: бернардо силва Манчестер сити Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаТрибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на ШвајцаријаДовербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност.„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Македонија. На настанот се зборуваше за актуелните макроекономски прашања и светските предизвици во услови на зголемена неизвесност, геополитички тензии, промени во трговските и финансиските текови и забрзан технолошки развој. Во своето обраќање, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески истакна дека стабилниот девизен курс на денарот во однос на еврото веќе три децении претставува важен столб на макроекономската стабилност во земјава. „Иако светскиот монетарен систем се соочува со нови предизвици и постепени промени, Народната банка е посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност преку кредибилни политики и меѓународна соработка. Народната банка успешно се справи со последните светски шокови, ја намали инфлацијата и ја зачува стабилноста на девизниот пазар. Девизните резерви се на солидно ниво, а довербата во денарот и во банкарскиот систем е зачувана“, истакна гувернерот Славески. Во своето обраќање, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Кристоф Зомер нагласи дека историјата на швајцарскиот франк покажува дека стабилноста на една валута не е резултат на случајност или на поединечни политики, туку на децении одговорно управување, институционален континуитет и долгорочна визија. „Технологијата може да го промени начинот на кој се движат парите, но довербата во парите и понатаму ќе зависи од институциите. Во време на брзи промени, централните банки се меѓу најважните столбови на стабилноста, кредибилитетот и довербата. Нивната улога не е само техничка. Таа е суштински поврзана со зачувувањето на довербата, како едно од највредните добра што може да ги поседува една економија“, истакна амбасадорот Зомер. Посебно внимание на трибината му беше посветено на одбележувањето на јубилејот 80 години централнобанкарска традиција во земјава. Беше нагласено дека ваквите значајни јубилеи потврдуваат дека силните институции се градат постепено, преку континуитет, професионалност и доследна посветеност на јавниот интерес. Во рамките на настанот беше истакнато и значењето на Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) за периодот 2025 – 2028 година, којшто ќе придонесе за унапредување на аналитичките алатки на монетарната политика, понатамошна модернизација на финансискиот сектор и за зајакнување на институционалните капацитети на Народната банка. Економистот Коста Вајена одржа презентација на настанот, додека на панел-дискусијата учествуваа и професорот од Женевскиот институтот за постдипломски студии Cедрик Тиј, економистот од Народната банка на Швајцарија Флоријан Вебер и претседателот на Одборот на директори на „Макстил“ Димитар Цветковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter