3Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи
СветЕП одобри пренамена на средствата од кохезивните фондови - повеќе пари за земјите долж источната граница на ЕУ Европскиот парламент даде конечно зелено светло за измени во тековниот циклус на финансирање на кохезивната и социјалната политика на ЕУ, како одговор на новите предизвици и приоритети на Унијата. Европратениците со 440 гласови „за“, 168 „против“ и 52 „воздржани“ ги поддржаа пренамената на средства од Европскиот фонд за регионален развој, Кохезивниот фонд и Фондот за праведна транзиција, а со 453 гласови „за“, 149 „против“ и 59 „воздржани“ го одобрија и Европскиот социјален фонд+. Целта на измените е да се мобилизираат средства за справување со новите предизвици на ЕУ во услови на геополитичка нестабилност, со што се овозможува пренамена на парите за други потреби, како зајакнување на одбранбените индустриски капацитети и на воената мобилност, обезбедување пристап до вода, овозможување на достапно и одржливо домување, спроведување на декарбонизацијата, подобрување на енергетската инфраструктура или зајакнување на цивилната заштита и подготвеност и кибер безбедноста. Покрај ова, со измените се предвидува и зголемување на поддршката за регионите на ЕУ што граничат со Русија, Белорусија и Украина за 9,5 отсто, како резултат на „нивните уникатни безбедносни предизвици и геополитичко значење“. Со цел задржување на фокусот на кохезивната политика на поддршка на малите и средните претпријатија и на недоволно развиените региони, право на користење на средства за технологијата, одбраната и декарбонизацијата имаа само големите компании од областите на ЕУ каде просечниот бруто домашен производ по глава на жител е понизок од европскиот просек. Како отстапка од ова правило се воведува т.н. „Важен проект од заеднички европски интерес“, за кој нема да важи одредбата за нивото на развиеност на регионот во кој тој треба да биде спроведен. Инаку, како и другите финансирања од ЕУ, така и одвојувањето на средства за новите проекти согласно усвоените измени, е условено со почитување на принципите на владеење на правото во земјите апликанти. Тагови: ЕП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТрадиција и раскош: Велика Британија го слави роденденот на кралот Чарлс со воен спектаклВелика Британија денес го одбележува роденденот на кралот Чарлс со традиционалната воена церемонија „Trooping the Colour“, еден од најважните настани во кралскиот календар, објави „GB News“.Овогодинешната парада ќе биде четврта што кралот Чарлс ќе ја предводи откако се искачи на тронот. Илјадници граѓани се собираат по Вајтхол за да го следат настанот. Првиот баталјон на Гренадиерската гарда оваа година имаше чест да го носи своето знаме за време на парадата. Ова е најстариот пешадиски полк на британската армија, основан во 1656 година, кој освоил 78 борбени почести и 14 Викториини крстови низ целата своја историја. По воената парада, се очекува членовите на кралското семејство да се соберат на балконот на Бакингемската палата за да го поздрават традиционалниот надлет на авионите на Кралските воздухопловни сили. Кралот Чарлс носи униформа на Гренадиерската гарда, а на парадата учествуваат и принцот Вилијам, принцезата Ана и принцот Едвард, војводата од Единбург. Церемонијата „Trooping the Colour“ се одржува во сегашната форма од 1748 година и е комбинација од воена традиција и прослава на официјалниот роденден на британскиот монарх. Кралот Чарлс првпат присуствувал на настанот во 1951 година како тригодишен принц. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШвајцарија во недела на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиониШвајцарија утре ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странциТагови: Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односиДенес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави, објави премиерот Христијан Мицкоски.На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната. Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места. Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, стои во објавата. Тагови: Мицкоски Ергодан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter