Други спортовиЕП одбојка: Елиминација за домаќинот и за бранителот на трофејотГолеми изненадувања се случија синоќа на Европското првенство за одбојкари што се одржува во ПолскаДомаќинот на шампионот и светски првак од пред три години, загуби од селекцијата на Словенија со максимални 3-0 (25:21, 25:21 и 25:19), а во исто време на другиот осминафинален меч Чешка ја победи Франција со 3-1 (25:21, 21:25, 25:21 и 25:20). Французите се актуелни светски прваци и се уште европски шампиони. Претходно во текот на денот пласман во четвртфиналето обезбедија Бугарија и Италија. Двојки за четвртфиналната фаза: Србија – Бугарија, Германија – Чешка, Русија – Словенија и Белгија – Италија. Овие натпревари ќе се одиграат денеска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан Се урна воен авион во Србија, нема официјална потврда за жртви- леталото гори среде нива (ВИДЕО)Авион на српската армија се урна на поле помеѓу Нова и Стара Пазова, а според неофицијални информации, станува збор за борбен авион МиГ-29.Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат воениот авион во пламен на отворено поле. Во моментов нема официјална потврда дали има жртви или повредени во оваа несреќа, иако се стравува дека има жртви, објави Телеграф. Бројни екипи за противпожарна заштита, брза помош, полиција и воена полиција веднаш беа испратени на местото на несреќата, обезбедувајќи го местото на несреќата. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Причината за несреќата засега е непозната, а повеќе детали ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи и истрагата. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) Тагови: воен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЕвропаДесетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според противпожарната служба, на местото на настанот се повредени десетици лица, од кои некои се сериозно повредени.Вклучени се сите служби за итни случаи и спасување. Железничкиот сообраќај на линијата во правец на Вишочани и Либња е прекинат. Ова е според информациите од службите за итни случаи, Управата за железници и Чешките железници, објави Блеск. Несреќата се случила околу 7 часот наутро на мостот преку улицата Сејфертова, во третиот округ во Прага. Се судриле два патнички воза, кои се движеле со помала брзина. Според портпаролот на противпожарната служба во Прага, Мирослав Резач, несреќата не била катастрофална. „Пожарникарите реагираат на местото на итната состојба како дел од второто ниво на тревога. Примарна задача е да се тријажат повредените“, рекоа пожарникарите. Според нив, немало потреба да се извлекуваат патниците од остатоците од возовите. Všechny složky IZS zasahují u srážky dvou vlaků u Hlavního nádraží na přemostění se Seifertovou ulicí v Praze 3. Na místě je několik zraněných osob. https://t.co/33NUSn7zjI — Policie ČR (@PolicieCZ) November 17, 2026 Повеќето луѓе претрпеле полесни повреди, но некои се потешко повредени. „Евидентиравме неколку сериозно повредени лица кои беа во опасност да ги изгубат своите основни животни функции“, изјави портпаролот на прашката брза помош Карел Кирс за новинарите. Сите оние со сериозни повреди веќе се пренесени во болниците во Прага. Десет екипи на брза помош и четири медицински екипи се на местото на настанот. Спасувачките служби имаат на располагање и специјално возило за евакуација. „На местото на настанот е испратен и тим за посттрауматска нега за да им пружи психолошка поддршка на погодените од инцидентот“, соопшти противпожарната служба. Министерот за транспорт Иван Беднарик, кој дојде на функцијата со поддршка на партијата СПД, ја опиша несреќата како многу сериозен инцидент. Според него, најважно е да им се пружи помош на повредените сега. „Според најновите информации, сите патници од двата воза веќе требало да бидат евакуирани. Им посакувам на сите брзо закрепнување и им се заблагодарувам на спасувачките служби за нивните напори“, рече министерот, додавајќи дека Железничкиот инспекторат веќе ги истражува причините и околностите на несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долготМинистерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме. Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново: „Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“ Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра. Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска. Го признава и самата Кочовска. Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ. Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат. Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година. Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00