ЕП ќе отвори и канцеларија за Источното партнерство во Кишињев - Канал 5

ЕП ќе отвори и канцеларија за Источното партнерство во Кишињев

Претходно, ЕП соопшти дека ќе отвори канцеларија во Тирана со цел дополнително зајакнување на својот ангажман со земјите од Западен Балкан. 

ЕП ќе отвори и канцеларија за Источното партнерство во Кишињев

Во контекст на заголемените геополитички тензии и обновениот моментум на проширувањето на ЕУ, покрај канцеларија во Тирана задолжена за контакти со земјите од Западниот Балкан, Европскиот парламент ќе отвори и претставништво во Кишињев, кое ќе претставува клучна точка за односи со националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери од државите во регионот на Источното партнерство.

- Канцеларијата ќе ги промовира позициите и активностите на Парламентот и ќе ги поддржува демократијата и институционалните реформи во регионот. Таа ќе помага во подготовката и следењето на официјалните посети на европратениците, истовремено засилувајќи ја соработката со другите актери на ЕУ на терен, меѓународните организации и граѓанското општество, соопшти Европскиот парламент.

Одлуката за отворање на Канцеларијата на ЕП во Кишињев доаѓа во пресрет на денешното гласање на европратениците за создавање на нов Инструмент за реформи и раст на Молдавија вреден 1,9 милијарди евра, наменети за забрзување на социо-економските реформи во земјата, зајакнување на нејзината отпорност и унапредување на молдавската интеграција во ЕУ, преку грантови и заеми со ниски камати.

- Основањето на канцеларијата во Кишињев ја нагласува силната поддршка на Европскиот парламент за регионот на Источното партнерство, истовремено поттикнувајќи ја стабилноста, демократијата и поблиските врски меѓу ЕУ и нејзините соседи.

Претходно, ЕП соопшти дека ќе отвори канцеларија во Тирана со цел дополнително зајакнување на својот ангажман со земјите од Западен Балкан.

- Европскиот парламент постојано ја поддржува европската перспектива на Западниот Балкан, препознавајќи ја неговата стратешка важност за регионалната стабилност и поширокиот европски проект. Основањето на канцеларијата ја одразува пошироката стратегија на ЕУ за продлабочување на ангажманот со земјите кандидати. Виталната потреба за зајакнување на партнерствата на ЕУ во Западен Балкан стана уште појасна со оглед на актуелните геополитички предизвици, меѓу кои и руската војна во Украина, се наведува во соопштението.

Според ЕП, отворањето на канцеларијата во Тирана ја нагласува силната посветеност на Парламентот за поддршка на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, паралелно со поттикнувањето на стабилноста, демократијата и поблиските врски меѓу Унијата и нејзините соседи.

Во моментов, Парламентот има три оперативни канцеларии во Њујорк - за односи со Обединетите нации, во Џакарта - за односи со Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и во Адис Абеба - за односи со Африканската унија. Одлуката за отворање на канцелариите во Тирана и Кишињев, следи по претходните решенија за основање претставништва во Киев, како и во Панама Сити, кое ќе биде задолжено со односите со Латинска Америка и Карибите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.

Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието.

Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.

Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Денеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштението

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер