ЕП ја отфрли иницијативата на Патриотите за Европа за недоверба на Европската комисија - Канал 5

ЕП ја отфрли иницијативата на Патриотите за Европа за недоверба на Европската комисија

 Европскиот парламент денеска со 165 гласови „за“, 390 „против“ и 10 „воздржани“ ја отфрли иницијативата на групата Патриоти за Европа (ПФЕ) за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

ЕП ја отфрли иницијативата на Патриотите за Европа за недоверба на Европската комисија

За да биде прифатена, „за“ иницијативата требаше да гласаат најмалку две третини од пратениците што учествуваа во гласањето, а при што бројот на оние што ја поддржаа да е поголем од половина од вкупниот број европратеници.

Директен повод за поднесување на иницијативата беше потпишувањето на Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур и на билатералниот Привремен трговски договор минатата сабота во Парагвај.

На денешното гласање, како и на дебатата по иницијативата во понеделникот вечерта не присуствуваа Фон дер Лајен и останатите членови на Еврокомисијата.

Инаку, ова е четврта отфрлена иницијатива за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен од јули минатата година.

Во рамки на денешниот термин за гласање, европратениците со 471 гласови „за“, 68 „против“ и 71 „воздржан“ го поддржаа извештајот за зајакнување на европскиот технолошки суверенитет и дигитална инфраструктура, а со 562 гласови „за“, девет „против“ и седум „воздржани“ и Резолуцијата за брутална репресија врз демонстрантите во Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!

Нападот се случил  вчера околу 22:30 часот по локално време синоќа пред зграда во северен Белфаст. 

Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!

Вознемирувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува напаѓачот како се обидува да ја отсече главата на жртвата.

По страшниот инцидент со нож кој предизвика шок и осуда низ цела Северна Ирскасега властите стравуваат од големи немири во Белфаст.

Некои на социјалните мрежи, вклучувајќи го и Елон Маск, ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат против мигрантите, објавува Гардијан.

Инаку неколку мажи се обиделе да го спречат напаѓачот, дури еден од нив со дрвена палка го удирал.

Нападнатиот маж, кој е во четириесеттите години, заврши во болница. Лекарите ја опишуваат неговата состојба како сериозна. Тој добил сериозни повреди на лицето, вратот и грбот.

Полицијата соопшти дека уапсениот маж, за кој првично се верувало дека е од Сомалија, всушност бил Суданец во триесеттите години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието

Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба.

СДСМ: Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието

Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување.

Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Укинати се низа мерки кои директно ги поддржуваа малите земјоделци, лозарите и оризопроизводителите.

Земјоделците не се соочуваат само со намалени, туку и со неисплатени субвенции.

Илјадници сточари, житопроизводители, градинари и други производители сè уште ги чекаат средствата кои им следуваат, додека производните трошоци секојдневно растат.

Во меѓувреме, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти. Тоа е директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот.

Сточарите протестираат поради доцнењето на субвенциите и поради намалените откупни цени на млекото. Млекарниците во повеќе наврати ги намалија откупните цени, а Владата остана нем набљудувач.

Житопроизводителите влегуваат во жетва без позната откупна цена и без исплатени субвенции.

Лозарите се оставени во неизвесност поради непочитување на законските обврски за утврдување на производна цена на грозјето. Оризопроизводителите останаа без значајни мерки за поддршка, а цената на оризовата арпа е драматично намалена.

Дополнително, Владата ги поништи повиците за набавка на трактори, механизација и друга опрема преку Програмата за рурален развој. Укинати се или стопирани мерки кои со години им помагаа на земјоделците да инвестираат и да го модернизираат своето производство.

На сето ова се надоврзуваат и сериозните корупциски скандали во секторот. Јавноста беше сведок на скандалото со ИПАРД програмата и митото од 50 илјади евра.

Затоа политичката одговорност не смее да се избегне и СДСМ поднесе интереплација за Цветан Трипуновски.

Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието.

Скопје, 10.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува

На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет.

Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок.

Затоа граѓаните ги испратија СДС во опозиција, и неколкупати на избори им ја повторија пораката. Затоа што знаат дека на СДС не им е важна ниту државата, ниту народот, ниту идентитетот, ниту јазикот, ниту името. Нив ги интересира само власт, пари, моќ, амнестија.

Бугарија ја ветоизира Македонија на евроинтегративниот пат, а Филипче постојано се усогласува со ставовите на бугарската министерка за надворешни работи, Петрова Чамова.

Па така, Венко Филипче како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија, му се додворува на премиерот на Бугарија, Румен Радев, со некаква цел и замисла да дојде на власт.

Доколку Филипче и СДС би биле власт веднаш би прифатиле секакви национални отстапки и повторно би ја обезличиле Македонија, како што тоа било правено наназад секогаш кога СДС е на власт.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер