Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
2Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
ЕвропаЕП и земјите членки на ЕУ договорија дополнително одлагање на Законот за дефорестацијаЕвропскиот парламент и Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа договор за измени на Законот за дефорестација.Европскиот парламент и Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа договор за измени на Законот за дефорестација, со кои се предвидува одлагање на примената на неговите одредби за уште една година и се вметнува одредба и за можно негово дополнително преразгледување и пролонгирање во текот на 2026 година. Законот стапи во сила во јуни 2023 и тогаш како рок за целосна примена на неговите одредби беше утврден 30 декември 2024 година. На инсистирање на засегнатите страни овој рок беше пролонгиран до 30 декември годинава, а сега со новиот договор се предвидува негово поместување за крајот на 2026 година, со цел, како што се наведува во образложението, да им се овозможи на операторите, трговците и властите соодветно да се подготват за примена на Законот. Ова практично значи дека на прозводителите на какао, кафе, соја, палмино масло и гума, сточарите и на снабдувачите со дрва, кои ги пласираат своите производи на пазарот на ЕУ, им се остава рок до 30 декември 2026 година да докажат дека при нивното производство не се предизвикува уништување на шумите. Дополнително, на инсистирање на европратениците, со договорот од оваа обврска се ослободуваат печатниците, за што особено лобираа независните книжарници, кои организираа и цела кампања за да обезбедат исклучување на секторот од обврските на Законот. Измените на законот уследија по реакциите на повеќе страни, вклучително и на повеќето земји членки и на засегнатите чинители, кои изразуваат сомнежи околу подготвеноста на производителите и на администрациите за имплементација на одредбите, како и за некои технички прашања поврзани со новиот информациски систем поврзан со регулативата. Со договорот, Европската комисија доби задача изврши анализа на можностите за поедноставување на законот и за тоа да презентира извештај до ЕП и до Советот на ЕУ најдоцна до 30 април 2026 година. Извештајот треба да го процени влијанието и административниот товар на Законот врз производителите, особено на помалите оператори, и да посочи начини за надминување на идентификуваните проблеми. Согласно извештајот, ЕК ќе треба да подготви и предлог за измени на законот. Сега останува постигнатиот договор да биде и формално одобрен од страна на европратениците и од Советот на ЕУ. Најавено е дека усвојувањето на предлогот ќе биде ставено на гласање на пленарната седница на ЕП на 15 декември. Некаде до околу овој датум се очекува договорот да добие и зелено светло од страна на земјите членки во рамките на Советот на ЕУ. Тагови: дефорестација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општинаПо последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата. Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен. „Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денариПрвопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари. Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари. Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари. Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09