ЕП до 20 години: Трет убедлив пораз на македонските кошаркари - Канал 5

ЕП до 20 години: Трет убедлив пораз на македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го претрпе и третиот убедлив пораз на Европското првенство во А-дивизијата, откако вечерва загуби од Белгија со 86-59 во рамки на завршното коло во групната фаза.

ЕП до 20 години: Трет убедлив пораз на македонските кошаркари

Со овој пораз избраниците на Боро Смилковски завршија последнопласирани во групата Ц пред стартот на нокаут фазат на Европското првенство кое се одржува во полскиот град Гдиња.

Македонските кошаркари повторно без инфериорен противник на паркетот и постигнаа само четири поени во првата четвртина, а на полувреме веќе имаа негатива од 18-36.

Бошалески и Симиќ постигнаа по 14. поени, додека Јовановиќ дуелот го заврши со поен помалку.

Македонија во осминафиналето, како четвртопласирана репрезентација во групата Ц, ќе игра против Словенија, која со максимален ефект од три победи заврши првопласирана во групата Д.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски тврди дека нема разговори за смена на ресорот правда со земјоделие

Сѐ поизвесно, реконструкцијата на Владата ќе биде поголема од една третина од министрите во кабинетот на Мицкоски... 

Максим Димитриевски тврди дека нема разговори за смена на ресорот правда со земјоделие

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во присуство на двајцата министри Минчев и Филков не откри повеќе детали околу преговорите со премиерот Мицкоски за владината реконструкција и повтори дека сите опции се маса. Димитриевски кажа дека е задоволен од работата на двајцата министри на ЗНАМ, но остави отворена опција и за можни рокади на ресори, без да ги потврди шпекулациите дека ги бара министерството за внатрешни, одбрана или финансии, во случај да треба да се откажат од Правда. Сепак, Димитриевски тврди дека министерството за земјоделство досега не е на маса во преговорите со Мицкоски, ресор кој, според досегашните брифинзи од владејачките партии, веќе е ветен на Вреди.

-Се уште нема такви предлози на маса така да не би сакал да шпекулирам. / Не би сакал да ги коментирам шпекулациите во јавноста, постојат многу медиуми коишто брифираат врз база на принципот „рекла-казала“ и не би сакал да се спуштам на тоа ниво. Првенствено во тој дел сите активности се менаџирани од премиерот и мандатарот кој има апсолутно свое право да посочи и укаже, да направи свои комбинаторики во делот на распределба на власта меѓу владините партнери, а наше е дали ќе се согласиме или не, изјави Димитриевски.

И додека Димитриевски демантира дека за земјоделие воопшто е разговарано, во јавноста како нов минстер веќе се споменува името на Борче Серафимовски од ЗНАМ, кој во моментов ја извршува функцијата државен секретар во истиот ресор.

Инаку, според информациите од досегашнито тек на разговорите, најмалку 6 министри, ќе ги напуштат функциите во претстојната реконструкција на Владата. Според информациите на Канал 5 , покрај во правда Мицкоски ќе направи промени во ресорите, здравсто, култура, спорт, односи меѓу заедниците, социјална политика и земјоделие, но не се исклучуваат и други.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека допрва ќе се види кадровскиот потенцијал на реконструираниот владин тим, но не верува дека евентуалните разлики меѓу владини партнери околу министерските места и ресори можат да предизвикаат посериозна дестабилизација на „Илинденска“.

-Во смисла на политичка оптика мислам дека реконструкцијата ќе биде малку поголема односно дека ќе оди со гласање на цела Влада во Собранието. Тоа што го видовме во медиумите за најавите за рокади и промени упатуваат на тоа дека нема да биде проста замена на министри. А какви ќе бидат новите, кој ќе седнат и дали ќе испорачаат тоа допрва ќе видиме. Мислам дека на крајот ќе се помират, не верувам дека владината коалиција е во фаза во која сака да ја растура прикаската и владината коалиција за едно министерстко место. На крај мислам дека ќе најдат заедничко решение бидејќи сепак се работи за кадровска промена, а не проблем во идеологија, изјави Арсовски.

Арсовски смета дека владината реконструција не може да биде вовед ниту контекст за предвремени избори, ако тие како опција се споменуваат дури за следната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат

Камерите на МВР за пет месеци санкционирале 120.000 прекршоци, но системот и натаму нема можност да ги казнува возилата со странски таблички, чија фрекфенција е зголемена со почетокот на летната сезона... 

Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат

120 илјади прекршоци се регистрирани преку камерите од системот Сејф сити од неговото ставање во функција, најголем дел се за пречекорување на дозволената брзина. Податоците ги сподели министерот Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години откако е на челната позиција во МВР.

Статистиките покажале и намален број на сообраќајни несреќи за 40%, во првите пет месеци бројот на загинати е 34 а за истиот период лани имало 55 загинати лица. Според најавите проектот до крајот на годината треба да биде имплементиран на териоторија на целата земја. Сепак и понатаму проблем останува санкционирањето на сообраќајните прекршоци сторени од возачи со странски регистарски таблички. Сејф сити системот ги препознава, но не можат да се идентификуваат сопствениците за да им се достави казна бидејќи нашата матична евиденција не е поврзана со сопственици на странски возила. Тошковски вели дека се работи на проблемот и најави дека ќе се постави пункт во близина на граничниот премин Табановце кој ќе биде специјализиран за детекција и спроведување на сообраќајни прекршоци спрема странски возила.

-Странските регистарски таблички се препознаваат од првиот ден, проблем е процесот на спроведување, идентификување и достава во однос на сопствениците на странските возила. Заради тоа што, сопствениците на македонските возила ги имаме во систем со целокупно ажурирање на базата на податоци којашто ја имавме којашто отпочна година дена пред официјално да започне имплементацијата на системот Сејф сити. За жал таква можност за ставање на сопственици на странски возила сме немале којашто би можело ефективно да го даде резултатот. Но тоа не значи дека не се евидентирани во системот, возачите со странски регистарски таблици, и дека нема да биде процесуиран за истиот соодветен сообраќаен прекршок.

Во досегашниот мандат Тошковски се соочи со три неуспешни интерпелации а во отчетот заклучи дека Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години.

Постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти во намалување на криминалитетот кажа минстерот. Откриени се повеќе од 30 организирани криминални групи. Во областа на корупцијата, сузбиени се шест такви групи, при што кривични пријави добиле 146 лица.

Прашан околу преговорите за владина реконструкција и шпекулации за евентулаен трансфер во Министерството за правда, Тошковски не даде конкретен одговор.

-Мислам дека има уште многу работа што треба да се сработи во ова министерство и мислам дека треба максимално да се вложиме тие кои сме посветени овие години во МВР да ги унапредиме подобриме процесите во рамки на МВР.

Во отчетот Тошковски се осврна и на реформите но и условите за работа на припадниците на МВР за кои тврдеше дека се подобрени

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Симпатизери на ДУИ протестираа во Тетово против одлуката на Уставениот суд за преименуваните улици

На повик на ДУИ, членови и симпатизери на партијата синоќа излегоа на протестен марш во Тетово против одлуката на Уставниот суд со која се укина преименувањето на дел од улиците и плоштадот во градот..

Симпатизери на ДУИ протестираа во Тетово против одлуката на Уставениот суд за преименуваните улици

Граѓаните носеа транспаретни во рацете, вееја албански знамиња, а се скандираше и „УЧК“.

Протестот започна на градскиот плоштад, од каде присутните се упатија кон зградата на Општина Тетово.

На протестот, како што пренесоа медиумите, немаше јавни обраќања. Пред зградата, присутните ги оставија и транспарентите кои ги носеа на протестниот марш, по што мирно си си заминаа од пред зградата на Општина Тетово.

Уставниот суд ја укина одлуката за преименување на дел од улиците и централниот плоштад во Тетово, донесена во 2007 година кога градоначалник на општината беше Хазби Лика од ДУИ, со образложение дека тогашното раководство на локалната самоуправа не го испочитувало законскиот услов претходно да добие согласност од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер