EП : Црвено жолто кошаркарско шоу во Јесенице , Србија декласирана со 89-75

Црвено жолтата кошаркарска фаланга пресилна за подмладената Србија, големиот фаворит во групата Б кутнат на колена и победен со 89-75.


НБА издание на македонската кошаркарска репрезетација во 3 коло од групата Б на Евробаскетот во Словенија.

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација го одигра најдобриот натпревар на шампионатот во Словенија. Србија е засрамена и поразена со 89-74. Во еден миг нашиот национален тим имаше огромно водствоод плус 26 кошеви.

Дури вечерва го видовме вистинското лице на Црвено жолтите , македонските кошаркари не потсетија на игрите од Литванија кога од коло во коло ги декласиравме фаворизираните ривали и стигнавме до историското 4 место.

Антиќ, Илиевски, браќата Стојановски , Самарџиски, Мекјелеб и ситеостанати вечерва покажаа како се игра во репрезетативниот дрес . Подмладениот тим на Србија неможе да најде вистински одговорза гранитната игра посебно во одбрана на Избраниците на Пипан.

Нашиот национален тим по прв пат на шампионатот својата игра не ја засновува само на добриот шут кој одлично не служеше туку играме и преку центрите . Антиќ Гечевски и Самарџиски го затворија рекетот и Србија заслужено го претрпе првиот пораз на првенството .
Колетивната игра на Македонија вечерва беше пресудна за конечниот епилог на големото дeрби.

Одбранатабеше за чиста десетка односот кон играта беше за почит а нашиот напад беше вистинsка енигма за противникот.

Србија вечерва не најде одговор за расположените Македонци кои ги одиграа во сите сегменти на кошаркарската игра , постигнавме повеќе поени , а имавме и дури 12 скоково повеќе од противникот, посебно импресивни бевме во офанзивниот скок.

Мејкелеб како на тренинг ги менуваше своите чувари и го полнеше противничкиот кош.

Капитенот Антиќ со голема помош од Самарџиски, Гечевски и м,ладиот Брчков ја доби битката против српските центри . Браќата Стојановски како лавови се бореа со противничкита надоврешна линија ,а кога беше потребно од сите позиции го погодуваат противничкиот кош.
Целата македонска експедиција вечерва заслужува чиста десетка за она што го покажа на теренот во Јесенице.

Македонскиот колектив беше подобар од младите пулени на славмиот и трофеен Дуда Ивковиќ.

Бо Мекејлеб одигра напревар од сништата скоро без грешка, со 27 поени нашиот Борче Мекејлебски беше и најдобриот стрелец на мечот, херојски одигра и капитенот Антиќ кој стигна до дабл – дабл од 16 коша и 14 скока .Вреди да се споменат и сите момци кој вечерва го носеа жолто црвениот дрес, Влатско Илиевски беше како снајпер зад линијата 6,75 и постигна 4 тројки , Илиевски го заврши мечот со бројката од 16 кошеви, ветеранот Гечевски кога беше најпотребно кога во четвртиот период Србија ја намали нашата сигурна предност на само 11 поени , погоди тројка и го деморализира нашиот ривал, Самарџиски реализираше 5 поени, Војдан и Дамјан во српскиот кош ипорачаа 7 односно 8 поени , а одлично деби на првенството посебно во одбраната каде водеше вистинска битка со повисоките и посилни против ници имаше младиот Брчков.

Ако ја повториме играта од вечерва сигурно ќе повторно ќе бидеме во најдобриот квартет на шампионатот, и ќе се радуваме нови победи.
Среќно Македонци , со поддршка од бројната Македонска фаланга се надевеме на триумф и во следните два решавачки меча за пат во следната фаза во недела од 14 и 30 против Би Х и во понеделник против незгодната Летонија .

Македонија вечерва се радува на двете победи на нашите репрезетации, во Скопје фудбалерите го победија Велс со 2-1 , а во Јесенице кошаркарите ја декласираа Србија со 89-75.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. /МИА

притисни ентер