Мицкоски: „Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите
1Мицкоски: „Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите
3Усвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2026“: Жељко Самарџиќ, Де Вито и Џејла Рамовиќ се главни ѕвезди!
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
Други спортовиЕП 2026: Македонските одбојкари на стартот против домаќинот БугаријаМакедонската машка одбојкарска репрезентација својот настап на Европското првенство 2026 ќе го почне со дуел во Софија против Бугарија, објави денеска Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ).Воведниот натпревар на македонските одбојкари е закажан за 9 септември со почеток во 20 часот. Во второто коло, македонските одбојкари ќе играат против Украина, на 11 септември (16 часот), по што ќе следуваат преостанатите три натпревари од групната фаза против Полска (13 септември, 20 часот), Португалија (15 септември, 16 часот) и Израел (16 септември, 16 часот). Македонските одбојкари четврти пат во низа ќе настапат на ЕП, а домаќини идната година ќе бидат Бугарија, Италија, Финска и Романија. Тагови: одбојкари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: „Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младитеОбраќање на премиерот Христијан Мицкоски на промоција на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за ВИ.„Почитувани присутни, Дами и господа, Постојат проекти чија вредност не се мери само преку инвестицијата што ја носат или инфраструктурата што ја создаваат, туку преку нивната способност да ја променат насоката во која се движи едно општество. Проектот „Везилка“ е токму таков проект. Тој претставува вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании, но и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет. Развојот на вештачката интелигенција веќе создава нови економски модели, отвора нови индустрии и поставува нови стандарди за конкурентност. Во такви околности, способноста на една држава да создава знаење, да ги поврзува науката и стопанството и да обезбеди услови за иновации станува еден од најважните предуслови за долгорочен развој. Токму затоа, воспоставувањето на Националниот центар за вештачка интелигенција претставува чекор кој има значење далеку над рамките на еден поединечен проект. Особена вредност на „Везилка“ е што зад неа стои заедничка визија на Владата, академската заедница и Европската Унија. Ваквите партнерства создаваат трајни резултати затоа што ги обединуваат знаењето, искуството и ресурсите околу заедничка цел – создавање современа, конкурентна и иновативна Македонија подготвена за предизвиците и можностите на новото време. Преку овој центар се отвораат нови перспективи за македонските истражувачи и универзитети, за стартап заедницата и за компаниите кои сакаат да развиваат производи и услуги со висока додадена вредност. Пристапот до европската инфраструктура за вештачка интелигенција и до напредни супер компјутерски капацитети ќе овозможи идеи создадени овде да добијат можност да се натпреваруваат на европско и глобално ниво. Тоа претставува силен поттик за економски раст, за отворање нови работни места и за создавање нови можности за генерациите што доаѓаат. Како универзитетски професор, отсекогаш сум верувал дека најсилниот ресурс на секоја држава се луѓето. Знаењето што го поседуваат, талентот што го развиваат и идеите што ги создаваат се најсигурната основа врз која може да се гради просперитетна иднина. Затоа секоја инвестиција во науката и истражувањето е инвестиција која со текот на времето носи најголем поврат за општеството. Особено значење има и фактот што „Везилка“ ќе придонесе за развој на македонски јазични модели и дигитални алатки на македонски јазик. Во време кога новите технологии сè повеќе стануваат простор во кој се создава и споделува знаење, присуството на сопствениот јазик претставува прашање на културен континуитет, научен развој и национална самодоверба. На тој начин се создаваат услови македонскиот јазик да биде рамноправно присутен во современите технолошки процеси и достапен за идните генерации во дигиталната ера. Упатувам искрени честитки до ФИНКИ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за нивната посветеност, стручност и визија, како и благодарност до Европската Унија за поддршката и довербата што ја укажува кон овој значаен проект. Благодарност заслужува и Министерството за дигитална трансформација кое препозна можност што може да создаде долгорочна вредност за државата и ја претвори во конкретна иницијатива од национално значење. „Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите луѓе. Процес што ќе помогне Македонија да се позиционира онаму каде што знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома, со домашен потенцијал, домашна експертиза и домашна визија. Ви благодарам.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДигитална трансформација на системот за бесплатна правна помошСо воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Министерот за правда Игор Филков и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој ќе овозможи поефикасно и поквалитетно управување со целиот процес. Со воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи ефикасно управување со предметите, побрза обработка на барањата и подобра координација помеѓу сите институции и даватели на бесплатна правна помош. За граѓаните, ова значи полесен пристап до услугите, поголема достапност на информациите и поедноставено остварување на правото на бесплатна правна помош. На овој начин се зајакнува пристапот до правда и се обезбедува подобра заштита на правата на сите граѓани. Оваа активност, реализирана со поддршка на Советот на Европа, претставува значаен исчекор кон современ, ефикасен и дигитализиран систем на бесплатна правна помош во Република Македонија.Тагови: Игор Филков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2026“: Жељко Самарџиќ, Де Вито и Џејла Рамовиќ се главни ѕвезди!Советот на општина Кавадарци, во рамки на својата 11-та седница, денеска официјално ја донесе програмата за претстојната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2026“. Овогодинешното издание на фестивалот, кој веќе го носи приматот за најдобар македонски општински фестивал, ќе се одржи од 4 до 6 септември, ветувајќи тридневна „приказна под отворено небо“ исполнета со традиција, вино и богата забавна програма. Организацијата и реализацијата на културните содржини годинава ѝ се делегирани на компанијата „Иноватива груп“ ДОО Скопје. Главната локација за забавниот дел ќе биде Градскиот плоштад во Кавадарци, каде што се очекуваат масовни настапи на познати регионални и домашни музички имиња: Петок (4 септември): Вечерта е резервирана за помладата публика и модерните ритми. Програмата започнува со македонскиот состав Зи Бомб, по што следува настапот на регионалната трап-ѕвезда Де Вито, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галовски. Сабота (5 септември): Саботната вечер нуди одлична комбинација на поп и рок музика. Публиката ќе ја забавуваат македонските бендови Дупер и Нокаут, а главна ѕвезда на вечерта е легендарниот Жељко Самарџиќ. Недела (6 септември): Големото финале на фестивалот ќе го одбележат настапите на младата и популарна Џејла Рамовиќ и познатиот пејач Пеџа Јовановиќ, по што во 01:00 часот по полноќ ќе следува спектакуларен огномет. Покрај вечерните концерти, „Тиквешки гроздобер 2026“ нуди разновидни дневни содржини со фокус на негување на лозаро-винарските обичаи: Како централен настан на традицијата- карневалот, ќе се одржи во сабота (5 септември) . Во недела е планирано и традиционалното Детско карневалско дефиле придружувано од DJ Bono. Градскиот плоштад ќе биде уреден со брендирани монтажни елементи и шатори наменети за промоција и дегустација на познатите тиквешки вина, ракија, маџун и традиционална храна. Исто така, во духот на народното творештво ќе биде уредено и Полициското паркче. Програмата го вклучува кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“ во спортскиот центар „Јасмин“, мото-рели низ градските улици, изложба на олдтајмери на улицата „Илинденска“ и традиционална таблијада. Во Паркот на револуцијата во текот на трите дена ќе се емитува староградска музика со подготовка на скара. Фестивaлот има за цел повторно да привлече гости од целата држава и регионот и да го потврди статусот на Кавадарци како винска престолнина.Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41