Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели
2Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели
НБАЕнтони: Њујорк ќе освоеше шампионска титула ако го ибереше Стеф КариКармело Ентони верува дека Њујорк никс имаше шанса за шампионска титула во 2010-тите. Поранешната НБА ѕвезда смета дека такво нешто ќе се случеше ако Никси го имаа Стеф Кари во тимот.Во 2009 година, Кари беше избран од Голден Стејт вориорс како седми пик на НБА драфтот. Никсите го избраа Џордан Хил како осми избор. - Што ќе се случеше ако Никсите го избраа Кари? Ќе имаа освоено шампионска титула. Дони Волш го водеше тимот во тоа време и мислам дека сакаше да го земе Стеф. Јас, Амаре, Стеф, можевме да го направиме тоа со него дури и со договор за почетник, убеден е Ентони. Кари има четири шампионски титули со Голден Стејт вориорс (2015, 2017, 2018 и 2022 година). Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
КошаркаЏаред Батлер уште една година во Црвена ѕвездаАмериканецот Џаред Батлер го продолжи својот актуелен договор со КК Црвена ѕвезда за уште една сезона, што значи дека ќе биде под договор со „црвено-белите“ и за сезоната 2027/2028.Американскиот бек пристигна во Звезда на 23 октомври 2025 година како поранешен играч на Феникс и Филаделфија. Во својата прва сезона во Црвена ѕвезда, Џаред Батлер се етаблираше како еден од најдобрите играчи на надворешните позиции во Евролигата – со просек од 14 поени, 4 асистенции и 2 скока – како и еден од најважните играчи на „црвено-белите“. Клубот денеска ја извести јавноста дека соработката со американскиот бек е продолжена до сезоната 2027/28. Батлер на тој начин ќе биде исклучително важен дел од црвено-белиот тим во следната сезона во која новиот тренер Ибон Наваро ќе седи на клупата. Како што е наведено во соопштението, „Спортскиот оддел на КК Црвена звезда вложи големи напори да го задржи играчот кој имаше и ќе има исклучително важна улога во тимот“. Во текот на овој преоден рок, Балтер имаше бројни и исклучително профитабилни финансиски понуди од клубови од НБА и Евролигата, поради сè што покажа откако пристигна во Црвена Звезда - но тој одлучи да продолжи да го носи црвено-белиот дрес.Тагови: Евролигата Црвена ѕвезда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо 19 години нова Уредба за квалитетот на гориватаПо 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата – само горива што ги исполнуваат пропишаните стандарди ќе можат да се пласираат на пазарот, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар. Со новата Уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива можат да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи неговото почитување. За граѓаните, ова значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ќе ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет, а преку јасно утврдени правила и механизми за контрола дополнително се зајакнува заштитата на потрошувачите. Уредбата е донесена согласно член 257 став (1) од новиот Закон за енергетика, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува значаен чекор во модернизацијата на регулативата во оваа област. Со неа детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што можат да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на квалитетот, како и обврските на сите учесници на пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт. Особено значајно е што новата регулатива воспоставува еднакви правила за сите учесници на пазарот, со што се намалува просторот за злоупотреби и нелојална конкуренција. На тој начин компаниите што работат согласно законските прописи добиваат пофер и попредвидливо деловно окружување. Дополнително, примената на повисоки стандарди за квалитет на течните горива ќе придонесе и за намалување на штетните емисии во животната средина, што претставува важен чекор кон почиста животна средина и поодржлив енергетски сектор. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека донесувањето на новата Уредба претставува уште една значајна реформа со која Министерството воведува современи правила и воспоставува повисоки стандарди во секторот. „По речиси 19 години ја заменуваме застарената регулатива со нова Уредба која носи јасни правила и стандарди. Нашата цел е граѓаните да имаат поголема сигурност во квалитетот на горивата што ги користат, компаниите што работат законски да бидат заштитени од нелојална конкуренција, а пазарот да функционира по јасни и еднакви правила. Ова е воспоставување ред - Така ги штитиме граѓаните, го штитиме чесното стопанство и градиме модерен и доверлив енергетски сектор “, изјави министерката Божиновска. Со донесувањето на новата Уредба, Министерството продолжува со имплементацијата на новиот Закон за енергетика и постепената замена на застарената регулатива со современи прописи кои обезбедуваат повисоко ниво на заштита на јавниот интерес, поголема правна сигурност и поуреден, поконкурентен и потранспарентен пазар на течни горива.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
МакедонијаОпштина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панелиОпштина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес ги додели првите решенија, од вкупно 60 граѓани кои ги исполнија условите од јавниот повик, со што им е овозможена исплата на еднократна парична помош за набавка на овие енергетски ефикасни производи. Градоначалникот Георгиевски истакна дека целта на оваа мерка е да се поттикнат домаќинствата во Општина Илинден да користат современи и високоефикасни системи за затоплување и ладење. Со користењето на инвертер клима уреди и соларни панели се намалува потрошувачката на енергија, се остваруваат финансиски заштеди за домаќинствата и се придонесува кон почиста и поздрава животна средина. Со мерката се обезбедува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот инвертер клима уред или соларен панел, односно до максимален износ од 10.000 денари по производ. Општина Илинден и понатаму останува посветена на креирање и спроведување мерки што директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, истовремено поттикнувајќи енергетска ефикасност, одржлив развој и заштита на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook