Ентони Хопкинс ќе го игра човекот, кој спасил 669 деца од нацистите - Канал 5

Ентони Хопкинс ќе го игра човекот, кој спасил 669 деца од нацистите

Сер Ентони Хопкинс треба да го глуми херојот на Холокаустот наречен Британскиот Шиндлер.

Ентони Хопкинс ќе го игра човекот, кој спасил 669 деца од нацистите

Во 1939 година, младиот англиски брокер Николас Винтон помогнал да се спасат 669 еврејски деца од окупирана Чехословачка во пресрет на Втората светска војна.

Винтон слушнал за Киндертранспорт, кој спасувал германски и австриски еврејски деца и ги донел на безбедно во Велика Британија, и решил да организира слична спасувачка акција за децата од Чехословачка. На 14 март 1939 година, првиот транспорт на деца во неговата организација тргнал од Прага со авион за Лондон. Тој собрал пари за да го финансира патувањето и исто така нашол британски згрижувачки семејства за децата бегалци.

Винтон организирал уште седум спасувачки мисии со железница од Прага и преку Германија до брегот на Атлантикот, а потоа со брод преку Ла Манш до Велика Британија. На 2 август 1939 година, последниот воз полн со деца тргнал од Прага.

По војната, спасувачките напори на Винтон останале главно непознати. Бил прогонуван од оние што не можел да ги спаси и ретко зборувал за тоа. Во 1989 година, емитувана е епизода од That’s Life! во која Винтон запознал неколку деца кои успеал да ги спаси.

За време на директниот пренос на Би-Би-Си, водителката Естер Рантзен ја прашала публиката во студиото дали некој од нив му го должи животот на Николас Винтон. Тој бил шокиран кога возрасните кои седеле околу него станале. Имено, тоа биле децата кои ги спасил пред 50 години.

YouTube video

Приказната на Винтон наскоро ќе заврши на екранот. Филмот, наречен Еден живот, е адаптација на книгата од 2014 година „Ако не е невозможно… Животот на Сер Николас Винтон“, напишана од неговата ќерка Барбара.

Сер Ентони Хопкинс и Џони Флин го играат Николас Винтон во различни фази од неговиот живот, додека Хелена Бонам-Картер ја игра мајката на Винтон, Баби. Во актерската екипа се и Џонатан Прајс, Лена Олин, Ромола Гараи и Алекс Шарп.

Сер Николас Винтон починал во јули 2015 година. Имал 106 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја известува јавноста дека не даде поддршка и не гласаше за изборот на Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд на Македонија. 

ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!

За ЛДП е апсолутно неприфатливо и скандалозно што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со 64 гласа „За“, за највисоката правна функција во државата избра судијка чие име во јавноста директно се врзува за скандалот „Рекет“, кумства и контроверзни сведочења за шопинг-патувања во Милано.

Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ покажа невиден степен на политичка хипокризија. Партијата која во опозиција минатите години ја изгради целата своја платформа врз критиката за случајот „Рекет“ и ветуваше раскрстување со заробеното судство, денеска на власт ги наградува истите актери од тие естрадно-судски афери со комотни фотелји во Уставниот суд.

Во интервјуто за ТВ Канал 5 оваа недела претседателката на ЛДП укажа токму на оваа разорна демогогија: „Знаете што е најстрашно во политиката? Кога за некогашните грешки ќе ги критикувате претходните, ќе дојдете на власт и не само што ги правите истите грешки, туку ги правите уште поголеми!“

ЛДП прашува јавно „Тоа ли е реформата во судството? Тоа ли е борбата против корупцијата? Тоа ли е шампионската Реформска агенда?“

ЛДП јасно порачува дека Уставниот суд мора да биде тврдина на интегритетот, составен од врвни правни авторитети со неиспраскан личен и професионален кредибилитет, а не депонија за задкулисни партиски пазари. Прашањата за правдата и реформите не смеат да служат само како евтини маркетинг-пароли во опозиција кои се забораваат во моментот кога ќе се освои власта, бидејќи со ваквиот партиски упад директно се руши достоинството на институциите и довербата на граѓаните во правниот поредок.

ЛДП останува бескомпромисно на страната на граѓаните и принципиелната борба против селективната правда, без разлика кој е на власт. Нема да молчиме пред политичките трговци кои свесно ја убиваат довербата во правосудството!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат

Нема датум или од кој ден, гостиварци ќе можат да пијат и да готват со безбедна вода од градскиот водовод, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат

Тој потенцираше дека се додека нема три последователни негативни тестови, водата нема да биде за употреба.

Премиерот Мицкоски вчера изјави дека една од причините за водата да остане само за техничка употреба е потврдата на резиуделна бактерија во инсталаците.

Во здравствените установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти. Во општата болница во болница биле 45 нови прегледи од кои 26 на инфективното одделение, каде двајца биле хоспитализирани, а 18 биле деца. Во здравствениот дом Гостивар регистрирани се 28 нови пациенти во дежурната служба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски

Не Основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на бизнисменот и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски по приложената гаранција од околу 5 милиони евра.

Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски

Откако одбраната повторно побарала укинување на мерката за одземање на патната исправа, предметот бил рефериран до Вишото обвинителство, кое наложило јавниот обвинител во Струга да даде позитивно мислење за барањето.

Првично, на 15 јуни, Основното јавно обвинителство Струга било против враќањето на пасошот. Но, по разгледување на предметот, Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција е отстранета опасноста од бегство на обвинетиот. Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски каде претседател на Кривичниот совет бил судијата и претседател на судот Вулнет Винца кој од денеска заминува во пензија откако Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција бидејќи ненанвремено доставил изјава.

-Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата.

...Велат од битолското обвинителство од каде додаваат дека сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани, а во моментов не можело да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Според информациите Марковски вчера бил задржан на граничниот премин Табановце но по извршените проверки му било дозволено да ја премине државната граница и да влезе во Србија.

На него и на осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, тендер тежок над 1,7 милиони евра. Освен на Марковски им се суди и на петмина вработени од РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата фирма. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, на кого веќе му се суди и во битолскиот суд за случајот со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола.

Судскиот процес за Марковски почна во Основниот суд Битола за потоа да биде целосно префрлен во судот во Струга а рочиште е закажано за 2 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер