ЗдравјеЕнтероколити и овчи сипаници - најчести заразни заболувања во септемвриЕнтероколити и овчи сипаници се двете најчести заразни заболувања евидентирани во септември, покажуваат податоците објавени во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.Во текот на месец септември до ИЈЗ, пристигнати биле пријави за вкупно 796 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ во Република Северна Македонија, со вкупна инциденца од 43,3 на 100.000 жители. - Вкупниот број на пријавени лица во месец септември е за 17,2 отсто помал во однос на претходниот месец август 2024 година. Во однос на месец септември 2023 година, се регистрира намалување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 9,9 проценти, додека во однос на аритметичката средина за десетгодишниот период, се регистрира намалување од 50,0 отсто, се наведува во извештајот. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции без ХИВ/СИДА, регистрирани биле 13 заболени лица - пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, по еден случај на сифилис и инфекции со хламидија. Пријавени биле три потврдени случаи на ХИВ и два на СИДА во септември, лица кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години. Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино-превентабилни болести, 84,4 отсто биле на голема кашлица, појаснуваат од ИЈЗ, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје, Куманово и на Тетово. Во Република Северна Македонија во текот на месец септември, пријавени биле вкупно 288 случаи на Ковид-19. Во текот на месецот, регистрирани биле пет починати лица асоцирани со Ковид-19, сите од возрасната група над 60 години. Пријавени биле два смртни случаја од акутно заразно заболување - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ. Првиот регистриран смртен случај во месец септември е од бактериски менингит. Се работи за 74-годишно женско лице од Тетово. Кај пациентот, покрај основната болест, регистриран е и коморбидитет. Вториот регистриран смртен случај е од енцефалитис предизвикан од west nile вирусот (WNV). Се работи за 78-годишно машко лице од Кочани кај кое симптомите на заболувањето започнале на 9 септември, а во КИБФС било хоспитализирано следниот ден. Во текот на месец септември, пристигнати се 10 пријави за заразни заболувања кај странски државјани кои престојувале во државава. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook