Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Сакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања
1Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
2Сакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
ФудбалЕнрике за победата над Челзи: Беше тежок натпревар, но мислам дека сите беа среќни Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го коментираше триумфот од 5:2 над Челзи остварен синоќа на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. - Беше тежок натпревар, но мислам дека сите беа среќни. Беше одличен резултат, но играта беше многу напната. И двата тима сакаа да играат фудбал. Не беше лесно, но мислам дека ПСЖ ја заслужи оваа победа. Ова е најважниот момент во Лигата на шампионите за нас досега. Сега ни претстои гостувањето во реваншот и знаеме колку ќе биде тешко. Денес игравме на високо ниво, но ни беше тешко бидејќи нашите противници се врвни клубови. Ќе се обидеме да го анализираме првиот натпревар и да играме на ист начин и во реваншот. Ќе се обидеме да победиме. Ова е најдобриот пристап, бидејќи ако размислуваме за одржување на предноста, тоа може да биде голема грешка, изјави Енрике за сајтот на УЕФА. Реваншот ќе се одржи на 17 март, во Лондон.Тагови: Луис Енрике ПСЖ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за Алта банка против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица. Обвинителот Ненад Савески се уште молчи.Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески? Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за Алта банка против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица. Обвинителот Ненад Савески се уште молчи. Нема никаква информација што е преземено, дали е постапено по кривичната пријава. Дали се обезбедени документите кои ги потпишал Славески и дал согласност за влез на Алта банка по налог на Мицкоски? Дали ги побарал трансакциите? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ за нивната улога? Народот не може да дојде до своите пари, загрозен е банкарскиот систем затоа што Мицкоски и Славески ја внесоа криминалната Алта банка во Македонија. Последните информации од Србија се дека е одземена и дозволата за работа на Алта лизинг, заради стабилност на финансискиот систем. Во Србија има истрага, приведен е сопственикот, банката е во стечај, се истражувата 400 милиони евра. А во Македонија Обвинителството не презема ништо. Дали им се купува време на Мицкоски и Славески да се спасат и да го заташкаат сскандалот? Улогата на Мицкоски и Славески е клучна, затоа што тие ја донеса пералницата на пари на Вучиќ - во Македонија. Славески јавно кажа дека се консултирал со Мицкоски, иако Народна банка треба да е независна. Мицкоски лажеше на надзорната расправа во Собранието во обид да префрли вината врз СДСМ. Му наредни на Трајко Славески да понесе и кривични пријави против СДСМ. Тие што го создадоа овој проблем, со тоа ја донесоа Алта банка. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега тие што се виновни за Алта банка преговараат за нејзина продажба на берза. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Тоа значи дека Мицкоски и Славески планираат да ја обезвреднет само за да ги прикријат сметките и трансакциите. Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел. Савески треба да знае дека времето одминува. Обвинителството мора да работи според законот и да постапува. Одговорност за Алта банка ќе има. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања Наследникот на бугарскиот царски престол и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски по средбата со македонскиот премиер Мицкоски во Брисел порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите.Наследникот на бугарскиот царски престол и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски по средбата со македонскиот премиер Мицкоски во Брисел порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите да се насочат кон практичните прашања и кон членството на Македонија во Европската унија. -Сакскобурготски порача дека дијалогот и добрососедските односи се во интерес на сите. Притоа, нагласи дека историските прашања треба да им се препуштат на историчарите, додека политичарите треба да се посветат на практичните прашања и на европската иднина на Македонија. Оваа изјава потсетува дека во Бугарија сѐ уште постојат умерени, разумни и добронамерни политичари кои сакаат да ја видат Македонија како напредува, наместо нејзината иднина постојано да биде заложник на историски спорови и политички условувања. View this post on Instagram A post shared by Македонска Држава (@makedonskadrzava) Тагови: Сакскобурготски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter