Енрике по ремито со Ремс: Задоволен сум од целиот тим - Канал 5

Енрике по ремито со Ремс: Задоволен сум од целиот тим

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике не е разочаран од нерешениот исход на мечот со Ремс.

Енрике по ремито со Ремс: Задоволен сум од целиот тим

ПСЖ синоќа на гостински терен во натпреварот од 5. коло на францускиот шампионат одигра 1:1 и за прв пат сезонава не победи.

- Откако сум тука, ПСЖ речиси никогаш немал лесен натпревар на гостински терен. Знаевме дека ќе биде тешко против Ремс, кој иако скоро и да немаше посед, успеа да постигне гол при првата шанса. Не можеме секогаш да победуваме, но сепак имам позитивни впечатоци за сите играчи кои учествуваа на овој натпревар, и стартери и замени. Сите се потрудија. Тоа е фудбалот. Понекогаш сè оди добро, понекогаш не, изјави Енрике за „Л’Екип“.

ПСЖ е лидер на табелата во Лига 1 со 13 бода и натпревар повеќе од најблиските ривали за врвот, Марсеј и Монако.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“.

Бесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива Паланка

Со грижа за најмладите и поддршка за нивниот прв училиштен чекор, и оваа година за сите првачиња во Општина Крива Паланка е обезбеден бесплатен училиштен прибор, благодарение на успешната соработка со реномираната и општествено одговорна компанија „Таргет“.

Донацијата, која традиционално се реализира петта година по ред, е наменета за најмладите ученици кои за неколку дена за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето ново животно поглавје.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“ за континуираната поддршка и општествената одговорност што ја покажува кон локалната заедница.

„Првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете и секое семејство. Затоа ни е особено драго што петта година по ред ја продолжуваме оваа убава традиција и на нашите првачиња им обезбедуваме поддршка за нивниот прв чекор во светот на знаењето. Благодарност до компанијата ‘Таргет’ што повторно ја препозна важноста на вложувањето во најмладите. Кога вложуваме во децата, вложуваме во иднината на Крива Паланка“, истакна градоначалникот Митовски.

Обезбедениот училиштен прибор ќе биде наменет за сите првачиња од основните училишта на територијата на општината, како мал, но значаен придонес за поубав и порадосен почеток на нивното образование.

Општина Крива Паланка продолжува со активности и партнерства насочени кон поддршка на децата и семејствата, создавајќи услови во кои најмладите ќе растат, учат и напредуваат со еднакви можности.

На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу нови знаења, другарства и безброј насмевки во нивното прво училишно поглавје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. 

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец.

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани.

Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер