Енрике по пласманот во финалето на Лигата на шампиони: Покажавме каков тим сме - Канал 5

Енрике по пласманот во финалето на Лигата на шампиони: Покажавме каков тим сме

Предводникот на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека неговиот тим одиграл на „неверојатно ниво“ во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Енрике по пласманот во финалето на Лигата на шампиони: Покажавме каков тим сме

Предводникот на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека неговиот тим одиграл на „неверојатно ниво“ во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен и дека со зрелоста и карактерот што го покажале, успеале да освојат место во финалето на тоа натпреварување.

„Неверојатно е. Мислам дека она што го покажавме вечерва, а и во текот на целата сезона, особено во Лигата на шампионите, е на неверојатно ниво. Игравме против еден од најдобрите тимови во светот, на гостински терен, и го направивме тоа со зрелоста и карактерот што е потребен. Тоа покажува каков тим сме. Вечерва, со речиси 4.000 навивачи што патуваа, страдавме заедно, бидејќи секогаш има моменти кога е тешко. Но, ние сме среќни. Покажавме дека сакаме да имаме посед, но кога треба да се одбраниме, знаеме како да го направиме тоа“, рече Енрике, како што објави веб-страницата на клубот.

Пари Сен Жермен, актуелниот клупски шампион на Европа, повторно се квалификуваше за финалето на Лигата на шампионите, бидејќи во средата во реваншот од полуфиналето, на гостински терен во Минхен, ремизираше 1:1 против Баерн. Во првиот натпревар, кој се играше во Париз, францускиот клуб победи со 5:4, па во полуфиналниот двомеч беше подобар со вкупен резултат од 6:5.

„Сега е време да уживаме во овој момент со сите Парижани и да се радуваме на уште едно финале од Лигата на шампионите. Поминаа три години откако пристигнав во Париз и секогаш ја чувствувавме оваа врска помеѓу навивачите и тимот. Тоа е исклучително важно бидејќи кога сте во можност да го споделите ова со навивачите и толку многу уживате играјќи за Пари Сен Жермен, тоа е едноставно неверојатно. Мораме да продолжиме да работиме бидејќи има уште еден натпревар до освојување на Лигата на шампионите“, додаде Енрике.

ПСЖ ќе игра против Арсенал во финалето на Лигата на шампионите, закажано за 30 мај во Будимпешта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер