Енрике: Целта на ПСЖ е да освојат два трофеја по ред во ЛШ - Канал 5

Енрике: Целта на ПСЖ е да освојат два трофеја по ред во ЛШ

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за целите на тимот за сезоната 2025/26.

Енрике: Целта на ПСЖ е да освојат два трофеја по ред во ЛШ

- Да продолжиме да создаваме историја. Ова е целта што ја следам од првиот ден кога пристигнав тука. Во моментов, го правиме тоа, но многу е тешко да се освои Лигата на шампионите двапати по ред. Но, ова е нашата цел. Многу сме амбициозни. Знаеме дека ќе биде тешко, но за таков менталитет, ова е нормално. Сè ќе зависи од нас, од нашето ниво, изјави Енрике за „RMC Sport“.

Во сезоната 2024/25, парискиот клуб, предводен од шпанскиот специјалист, ја освои Лигата на шампионите, стана шампион на Франција, а исто така го освои и Купот и Суперкупот на земјата.

На 13 август, ПСЖ го победи Тотенхем во натпреварот од Суперкупот на УЕФА (2:2, на пенали 4:3).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: „НАТО апсолутно никогаш нема да нападне прв – ние сме одбранбен сојуз“

Русија не претставува непосредна закана за НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Руте: „НАТО апсолутно никогаш нема да нападне прв – ние сме одбранбен сојуз“

За време на прес-конференција, Руте беше прашан дали Русија би можела да биде доволно ирационална за да размислува за напад врз која било земја-членка на НАТО, тој одговори дека Алијансата во моментов не смета дека тоа е случај.

„Не мислиме така. Не постои непосредна закана за територијата на НАТО. Доколку забележиме трупање сили, ќе реагираме на тоа“, рече Руте.

Тој нагласи дека пораката на НАТО – која претходно оваа недела ја пренесе и врховниот командант на Алијансата, Алексус Гринкевич – е јасна: „Ќе ја браниме секоја педа од нашата територија, без оглед на тоа дали таму живеат луѓе или не“.

Сепак, тој истакна дека НАТО никогаш не би започнал конфликт.

„Никогаш, ама баш никогаш нема да започнеме напад врз кој било друг, бидејќи тоа не е во наш интерес. Ние сме одбранбена алијанса.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сталоне се пошегува: Не можам уште да се пензионирам, морам да ја финансирам свадбата на ќерка ми

Американскиот актер Силвестер Сталоне се пошегува за време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“ во вторникот вечерта дека сè уште не може да се пензионира бидејќи мора да ја финансира свадбата на својата ќерка Софија.

Сталоне се пошегува: Не можам уште да се пензионирам, морам да ја финансирам свадбата на ќерка ми

Неговата изјава предизвика смеа кај публиката во студиото. Водителката Кели Рипа го праша актерот колку пари планира да потроши на свадбата на својата триесетгодишна ќерка, пренесе списанието „People“.

„Човече, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, одговори актерот, повторувајќи ја изјавата.

„Не, сериозен сум!“, додаде тој низ смеа. Софија ја објави својата свршувачка со своето момче, Мајкл Шихан, на 28 август. Тогаш таа сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со натпис: „Засекогаш со мојот најдобар пријател“.

YouTube video

Во емисијата, Слај го пофали својот иден зет, нарекувајќи го „одличен дечко“. Тој исто така откри дека Шихан побарал благослов од него пред да ја запроси Софија. „Навистина ја побара нејзината рака“, рече актерот, на што водителката се пошегува дека тој „сигурно бил преплашен“.

Во разговорот потоа се вклучи и водителот Марк Консуелос, потсетувајќи на познатата сцена од филмот „Роки 2“ во која ликот на Сталоне, Роки Балбоа, ја запросува Адријан. Тој на шега го праша актерот дали неговиот иден зет го поставил прашањето на начин сличен на оној во филмот.

Запознавање со идниот зет

Сталоне одговори со уште една филмска референца, шегувајќи се дека Шихан ветил оти нема да остава влакна во мијалникот – ветување што Роки ѝ го дава на Адријан во филмот. Актерот додаде дека неговиот иден зет бил многу самоуверен кога дошол да разговара со него, иако и неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја одржи ситуацијата мирна.

Силвестер и Флавин се во брак од 1997 година. Тие ги имаат ќерките Софија, Систин (28) и Скарлет (24). Ѕвездата на филмовите за „Рамбо“ има и два сина со својата прва сопруга, Саша Зак: Серџо (47) и Сејџ, кој почина во 2012 година на 36-годишна возраст.

Во интервју за „Paris Match“ од 2012 година, Флавин (58) откри дека од трите ќерки што ги има со актерот, Софија најмногу личи на својот татко. „Тие имаат многу посебна врска. Размислуваат на ист начин, па дури и имаат исти манири. Софија е љубовта на неговиот живот“, рече таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна

И без да биде официјално побарано, од Бугарија пристигна одговор дека нема да ја екстрадираат Ива Михаилова на Македонија. 

Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна

Тамошното Министерство за внатрешни работи преку соопштение објави дека го добиле известувањето од Интерпол Скопје дека се бара со потерница, но велат дека досега бугарските власти не презеле никакви мерки за да ја лоцираат на територија на Бугарија и дека за неа нема црвено известување. Цитираат делови од уставот и европската конвенција со кои имаат право да не ја предадат на Македонија.

„Потсетуваме дека според член 25, алинеја 4 од Уставот на Република Бугарија „Граѓанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила за Република Бугарија.“ Член 6, алинеја 1а од Европската конвенција за екстрадиција вели: „Секоја договорна страна има право да одбие екстрадиција на своите државјани.“.

Постапка за екстрадиција Македонија може да отпочне преку министерството за правда само доколку бараното лице е уапсено. Оттаму велат дека ако добијат такво известување од полицијата, веднаш ќе ја почнат процедурата.

Во меѓувреме претседателката Јотова се ангажирала за Ива Михаилова и алармирала бројни институции за случајот. Вели дека уште не се видела со неа поради тоа што не биле завршени медицинските прегледи во болницата.

„ Во моментов најважно е да биде добро прегледана и да и се помогне да девојката. Немаме време да ги набројам сите институции до кои стигнав, но стигнав дури до главниот комесар за човекови права во Обединетите нации за да го запознаам и да ја заштитам на некаков начин. А отсега натаму какви дејствија ќе преземе Бугарија, ќе бидете информирани. “

Заложбите за Михаилова од страна на политичарите предизвика и дипломатска реакција од Македонија за што вчера во МНР беше повикан бугарскиот амбасадор Радуков. Тоа што се штити од високи државни функционери беше оценето како провокација со која се подриваат напорите за доверба и добрососедство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер