Ени имала интимни односи со 300 луѓе за една година, па добила отказ поради "OnlyFans" (ФОТО) - Канал 5

Ени имала интимни односи со 300 луѓе за една година, па добила отказ поради "OnlyFans" (ФОТО)

Австралијка која вели дека имала интимни односи со повеќе од 300 мажи за една година, смета дека искуството е моќно.

Ени имала интимни односи со 300 луѓе за една година, па добила отказ поради "OnlyFans" (ФОТО)

26-годишната Ени Најт за „Шоуто на Кајл и Џеки О“ изјавила дека дури успеала да спие со пет луѓе во еден ден за време на „забавна година“.

- Се чувствував моќно потоа. Интимните врски прават да се чувствувам добро. Тие се наменети да направат да се чувствувате добро.

Најт спие со мажи и жени и за радио програмата изјавила дека запознала многу нејзини партнери преку Интернет. Меѓутоа, таа има и листа на „обични“ измамници на брзо бирање на кои им се јавува секогаш кога ѝ одговара.

Неофицијално, Најт ја носи титулата жена која имала најмногу интимни врски во Австралија. Таа верува дека ништо не е надвор од границите кога станува збор за експериментирање во спалната соба.

Сепак, не сите се импресионирани од нејзината отвореност, бидејќи еден мразител ја опишува како „одвратна“.

Најт, која има профил на социјалната мрежа „OnlyFans“, добила отказ откако шефовите ги откриле нејзините онлајн активности. Најт неодамна се најде на насловните страници откако во специјално издание се отвори дека била отпуштена од својата работа.

– Последното нешто што сакав беше да добијам отказ доколку некој ги најде моите „OnlyFans“ – изјави неодамна таа за „SBS Insight“.

„Имаше листа од три причини зошто бев отпуштена“, рече Најт, велејќи дека била многу вознемирена и многу лута поради одлуката на нејзината компанија.

- Рекоа дека не ги известив дека имам споредна работа, дека не сум барала дозвола од компанијата да водам споредна работа и дека имам фотографии кои се против правилата на компанијата. - рече таа.

Сепак, Најт не гледа наназад и вели дека сега заработува околу 1.000 долари дневно со ризична содржина, за која обожавателите плаќаат месечна претплата, пишува NewYork Post.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонка осудена во Австралија за убиство

Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. 

Македонка осудена во Австралија за убиство

Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност.

Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг.

Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари.

Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пензионер од Охрид се заканувал со пиштол за паркинг место

73 годишниот охриѓанец ќе одговара за две сериозни крвична дела, откако му вперил пиштол на турист од Скопје по расправија за паркинг место. 

Пензионер од Охрид се заканувал со пиштол за паркинг место

Охриѓанецот немал дозвола за поседување на оружје, соопшти СВР Охрид..

„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на 73 години од охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.08.2026 во зграда на улица „асном“ во охрид, пријавениот вперил пиштол кон лице од скопје со кое претходно имал расправија за паркинг-простор“, соопштија од охридската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење.

Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки.

Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил.

Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана.

Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција.

Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер