Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
1Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
2Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
ТехнологијаЕнергетската иднина е во добивање енергија од водаЕнергетската иднина е во добивање енергија од вода. Златен фонд за обновлива енергија на планетата е водородот!Македонската компанија Металотехника Прилеп разви специјална технологија за добивање енергија од вода! Енергијата добиена од вода, со раздвојување на водород и кислород по посебна технологија може да се искористи во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти, тоа да биде ефтин и неисцрпен ресурс и притоа да не се загадува животната средина, сметаат од Металотехника Прилеп. Енерегетската иднина на Македонија е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветар, сонце, биомаси и вода. Потреба што особено се наметнува во услови на зголемена потрошувачка на енергија, на константно зголемување на цената на енергетските ресурси, посебно на цената на суровата нафта, и особено важно поради константното загадување на животната средина која е неповратен ресурс. Станува збор за извори на т.н зелена енергија кои се добиваат со релативно ниска цена, не ја загадуваат околината, нема потреба од увоз и се високо ефективен извор. Ветерниците, хидро централите, како и енергија од биомаси се познати на македонската јавноста, но она што е новитет во светот, што во некои високо развиени земји е хит, е добивање на енергија од вода, односно со нејзиното раздвојување на водород и кислород. А токму македонската компанија Металотехника Прилеп која оваа година слави 34 години од своето постоење, има создадено специјална технологија за раздвојување на водород и кислород, која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието како и во индустријата од мали, до средни и големи проекти. “Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за одвојување на таа топлина. Водата гори, но за да даде топлина претходно треба да ги одвоиме водородот од кислородот. Благодарение на нашите повеќегодишни истражувања, како и анализа светските трендови за добивање енергија од обновливи извори, создадовме специјална технологија со која може да произведуваме ефтина, сигурна а еколошка енергија, која при нејзино добивање ќе емитува 40 пати помалку штетни гасови од дозволените. А резервите и ресурсите на вода во Македонија се огромни, и не треба да стравуваме дека овој ресурс ќе биде во недостиг во иднина”, смета Јандре Здравески Директор и еден од сопствениците на Металотехника Прилеп. Со овој проект ние сакаме да изградиме мини термоцентрала до 1 Мегават јачина, а со тоа би добиле ефтина и чиста обновлива енергија, а би користеле водород кој нема потреба од складирање или дистрибуција на истиот, бидејќи се произведува на лице место според потребите на капацитетот на мини термоцентралата, односно обезбедува 100% автономност. Прашање е дали Државата е спремна, овој вид на енергија кој во светот е на далеку познат да го уврсти во обновливи видови на енергија и во нашата земја, додава Здравески. Македонија има обврска, 20% од вкупното производсто на електрична енергија да ја добива од обновливи извори на енергија, што е просек и на дел од земјите членки на ЕУ, како Бугарија и Естонија, а што е предвидено и според ЕУ регулативите. Исто така и генералната светска политика ја задолжува секоја држава во наредните години до 2025 година да обезбеди од сопствени извори чиста енергија, односно енергија од обновливи извори, и да има своја енергетска стратегија. Македонија е планинска земја богата со вода, со предуслови за енергија која ќе се добива од вода. Во земјава најзастапени се хидропотенцијалот, ветерната енергија, сончевата енергија, и во сосем мали количини енергија добиена од био маса и био гас. Додека енергијата добиена од геотермални води, како и производство на енергија од водород е нешто што постои само во теоријата. А токму енергијата добиена од вода може да биде најефтината Што би добиле: подобрување на енергетскиот баланс, помала увозна зависност на земјава, помал буџетски и трговски дефицит, на долг рок постабилни извори на енергија и секако намалена цена на електричната енергија, што ќе влијае позитивно на конкурентноста на домашните индустриски капацитети, кои и се најголеми потрошувачи на електрична енергија, и кои поголемиот дел од нив ја добиваат по субвенционирана цена, смета Здравески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветТрамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“. „Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп. Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание. „Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој. NEW: President Trump has one final message for voters as they head to the polls: "We have to keep America great." Speaking on @foxandfriends, Trump says the U.S. has gone from being what he calls a "laughingstock" to the "hottest country in the world." "They thought we were fools. And we're hot now. We're the hottest country in the world where respected by everybody." Stay with Fox News Channel for the latest on the midterms. — Fox News (@FoxNews) November 3, 2026 Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банкаМинистерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter