3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ЗабаваЕндокринолог објаснува дали чувството на грутка во грлото значи проблем со штитната жлездаПознат ендокринолог ги решава недоумиците во врска со жлездата која ги регулира најважните процеси во организмот.Здравјето на тироидната жлезда има големо влијание врз благосостојбана на организмот, кога таа не е здрава, личноста не се чувствува добро. Дали тироидната жлезда функционира правилно може да се види врз основа на бројни симптоми, но има ситуации кога пациентите најчесто се исплашени од необичното чувство што се јавува во грлото. Д-р Станислава Живковиќ, специјалист по интерна медицина и субспецијалист по ендокринологија, одговори на популарното верување дека луѓето кои имаат проблеми со тироидната жлезда, чувствуваат стегање во вратот, па се поставува прашањето дали тоа е случај и кога станува збор за јазли на оваа жлезда. - Често во секојдневната клиничка пракса пациентот доаѓа кај ендокринолог со реченицата: „Имам грутка во грлото“ или „Чувствувам стегање во вратот“ и секако прво доаѓаат кај ендокринолог. Морам да ви кажам дека во 80 % од случаите не е ендокринологија. Грутка во грлото е првиот знак за диспепсија, гастроезофагеален рефлукс, гастритис или подобро кажано, тоа е гастроентеролошка приказна. Грутка во грлото или чувство на стегање во вратот веројатно нема да се должи на јазол бидејќи би требало тој да биде исклучително голем. „Зборуваме за тоа дека такво чувство повеќе е присутно кај дифузно зголемената тироидна жлезда“, вели докторката. Инаку, тироидната жлезда тежи само 30 грама и има облик на пеперутка, па докторката објасни од каде доаѓа чувството за отежнато голтање на храната, кое не е поврзано со настинка, а сепак најчесто го отежнува дишењето. - Кога тироидната жлезда ќе достигне своја димензија и ќе се зголеми, тоа може да наликува на гушавост, и може да врши притисок и да го помести душникот, предизвикувајќи чувство на недостаток на воздух, или да го компресира хранопроводникот, предизвикувајќи чувство како да не можеме да ја проголтаме храната. Во оваа смисла, или едното или другото крило, или двете мора да бидат прилично големи, или јазолот во тироидната жлезда, било да е на левото или десното крило да е исклучително голем и да врши компресија. Во овие ситуации, ние секогаш правиме рендген на душникот, главниот дишен пат, за да видиме дали тој е поместен. Доколку е изместен и тироидната жлезда го притиска душникот, мора таквата личност да ја испратиме кај хирург да даде мислење за лекување поради компресивните пречки - објаснува докторката. Витаминот Ц е присутен во свежото овошје и зеленчук. Докторката препорачува да го земате овој витамин доколку поради некоја причина немате доволно во организмот, но и објаснува како витаминот Ц влијае на нарушената функција на тироидната жлезда. - Витаминот Ц е корисен и се смета дека влијае на оксидативниот стрес, а ако знаеме дека витаминот Ц помага при воспаленија и нарушувањата на кардиоваскуларниот систем, како и дисфункција на тироидната жлезда, тогаш важно е да се консумира доволно витамин Ц во форма на овошје и зеленчук, можеби дури и како суплемент доколку некој го нема доволно – објаснува докторката за каналот на Јутјуб, „Азбука на здравјето“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПресудата е донесена- доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане Судот во Куманово донесе пресуда за доживотен затвор за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во Кумановско.Според обвинението, Бојковски во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година нападнал шест жени во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири од нив починале, додека две ги преживеале нападите. Обвинителството тврди дека жртвите биле главно повозрасни и немоќни жени кои биле напаѓани додека биле сами. Според обвинителниот акт, делата биле извршени од ниски побуди, со намера за задоволување полови нагони врз мртви тела. Во текот на судењето Бојковски призна дека извршил три од четирите убиства и двата обида за убиство, а едно од убиствата го негираше. Психијатриското вештачење утврдило дека обвинетиот бил пресметлив и способен да го разбере значењето на своите постапки. Вештакот оценил и дека постои ризик од повторување на делата. Основното јавно обвинителство Куманово уште при поднесувањето на обвинението наведе дека за кривичното дело за кое се товари Бојковски е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал„Goal“: Фудбалерите на Барселона се променети. Тоа претставува проблем за конкурентитеТренерот на шпанскиот фудбалски шампион, Барселона, Ханси Флик, ја пофали промената во менталитетот на своите играчи, која стана очигледна за време на тековната репрезентативна пауза. Флик и неговиот стручен штаб сметаат дека е од клучно значење што играчите почнаа да ги слушаат сигналите на своите тела за да избегнат скапи грешки од минатото, пренесува фудбалскиот портал „Goal“. Клубот смета дека повредите биле главната причина за нивното предвремено испаѓање од Лигата на шампионите. Рафиња подолго време беше надвор од терените поради проблеми предизвикани поради големите напори и ангажмани во бразилската репрезентација, додека слични проблеми имаа и Жил Кунде, Балде, Феран Торес, Педри, Френки де Јонг и Ламин Јамал. Затоа, стручниот штаб на Барселона внимателно го следеше однесувањето на играчите за време на неодамнешната репрезентативна пауза, која – со времетраење од три недели – беше подолга од вообичаеното. Клубот има за цел да спречи проблеми кои произлегуваат од прекумерната минутажа и честите патувања – фактори што негативно влијаеја врз формата на тимот минатата сезона. Рафиња и Гарсија како примери Флик изрази задоволство што овој пат играчите постапуваа повнимателно, избегнувајќи непотребни ризици и навремено препознавајќи ги сигналите на своите тела. Рафиња и Ерик Гарсија се издвојуваат како примери за овој нов пристап. Капитенот на Барса, побарал да биде заменет на полувремето од натпреварот против Австралија штом почувствува непријатност, имајќи ги предвид проблемите со мускулот на бутот што ги имаше минатата сезона. Сличен пристап применил и Гарсија, кој се повлече од загревањето пред натпреварот на шпанската репрезентација и се врати во Барселона на лекарски прегледи. Стручниот штаб ги оцени двете одлуки како исправни бидејќи со нив се избегна ризикот од посериозни повреди, а лекарските прегледи потврдија дека нема сериозни проблеми. Овој пристап треба да стане стандард во клубот, бидејќи минимизирањето на ризикот се смета за клучно во борбата за трофеи во текот на сезона со многу натпревари. Пред Барселона сега е напорен распоред од пет натпревари во рок од две недели. По утрешниот натпревар на гостински терен против Хетафе – а пред „Ел Класико“ на 25 октомври – тимот треба да игра против Реал Бетис, Галатасарај и Пари Сен Жермен.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВидео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежиСветската музичка ѕвезда, пејачката Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се созеде и продолжи да настапува како ништо да не се случило.Несреќата се случи во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамките на серијата настапи „Celine Dion Paris 2026-2027“. За време на изведбата на една од песните, Селин Дион ја изгуби рамнотежата и падна. Таа падна на задникот, но успеа да го ублажи падот со раката. Веднаш стана, покажа палец нагоре за да ѝ стави до знаење на публиката дека е добро и продолжи да пее. Селин Дион се повлече од концертните сцени во последниве години поради „синдромот на вкочанета личност“ – ретко невролошко нарушување што предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви. И покрај здравствените проблеми, пејачката им се врати на настапите пред публика во 2024 година со спектакуларен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега, со нова серија концерти, таа се враќа на редовните настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook