Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ТенисЕнди Мареј го освои првиот трофеј откако се пензионира, но не победи во тенис (ФОТО)Енди Мареј го освои својот прв спортски турнир откако пред два месеци реши да стави крај на тениската кариера.Овој пат наместо трофеј од тенискиот терен, Мареј славеше за голфот. Трикратниот Грен слем шампион триумфираше на првиот ден на голфот Мајк Диксон, настан организиран од Британското здружение на тениски новинари (BTJA). Овој турнир се одржа на теренот за голф Ханбери Манор во Херефордшир и собра бројни познати личности и спортски ѕвезди, за да му оддадат почит на Мајк Диксон, легендарниот тениски новинар на Дејли Меил кој почина во јануари оваа година на 59-годишна возраст. Диксон, познат по прекарот „Дико“, беше сакан член на редакцијата и еден од најпознатите тениски дописници, работејќи за Дејли Меил повеќе од три децении. Неговата смрт се случи само неколку недели пред неговиот 60-ти роденден додека го покриваше Австралија опен, турнир што тој особено го сакаше. Thanks to everyone who joined us at Hanbury Manor yesterday for the first BTJA Mike Dickson Golf Day, supported by @InfluenceSports. Well done to our winner @andy_murray on claiming the first trophy of his golfing career. Think there are many more to come by the looks of it... pic.twitter.com/hCAx32V9Xe — The BTJA (@theBTJA) October 16, 2024 BTJA објави на социјалната мрежа X дека Мареј триумфирал, на големо задоволство на фановите на Шкотланѓанецот по неговото префрлување на голф. Во пораката им се заблагодарија на сите кои учествуваа и истакнаа дека Мареј го освоил својот прв трофеј во голфската кариера, истакнувајќи дека очекуваат да ги има уште многу. Мареј, кој моментално има хендикеп 7, истакна дека целта му е да стигне до „нула“ (нула хендикеп) во следните неколку години. Попатно, на Мареј му помага 16-от светски голфер Боб Мекинтајр, неговиот сонародник, кој му одржува редовни лекции и го забрзува неговиот напредок. Минатиот месец Мареј играше на турнирот Pro-Am на BMW PGA шампионатот во Вентворт, каде што го привлече вниманието на Мекинтајр, кој ја пофали неговата игра. "За некој кој нема големо искуство, играше одлично. Бев навистина импресиониран од неговата игра. Мислам дека наскоро ќе дојде до нула хендикеп", изјави Мекинтајр. Wonderful @theBTJA Mike Dickson Golf Day at Hanbury Manor where a certain @andy_murray came out on top in yet another sport. Great organisation by @stu_fraser. Our team redesigned the course free of charge! pic.twitter.com/XXCAd7fd3C — chris jones (@chrisjonespress) October 15, 2024 За Мареј ова е нов предизвик во кој ужива. „Чувството на нервоза е поинакво, бидејќи се чувствувам безбедно на тенискиот терен. Никогаш не мислев дека можам да заборавам како да играм тенис“, рече тој на турнирот во Вентворт. Енди Мареј ја заврши тениската кариера во август оваа година, откако загуби во двојки на Олимписките игри, каде што играше со сонародникот Ден Еванс. Неговата биографија на социјалната мрежа Х сега ја отсликува промената во спортот: порано пишуваше „Играм тенис“, но сега пишува „Играв тенис. Сега играм голф“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter