За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
Шоу бизЕн Хатавеј ѝ се извини на новинарка за дрскоста и лошиот однос на интервјуНорвешката новинарка Ќерсти Фла неодамна на својот интернет-простор сподели незгодно интервју со американската актерка Ен Хатавеј од 2012 година.Норвешката новинарка Ќерсти Фла неодамна на својот интернет-простор сподели незгодно интервју со американската актерка Ен Хатавеј од 2012 година... Тоа ја поттикна глумицата да ѝ се извини на својата тогашна домаќинка за „страшното интервју“ и непријатностите. На тоа „неславно“ интервју, Ен говорела за тогаш актуелниот мјузикл „Клетници“ (Les Miserables) со Хју Џекмен, Расел Кроу, Аманда Сејфрид и Еди Редмејн. На почетокот новинарката ѝ вели на глумицата, на шега - „да ги отпеат“ првото прашање и одговорот... Актерката ѝ одговара: - Па, нема да го правам тоа. Но, ти можеш да пееш, ако сакаш... Новинарката сепак одлучила „да го разведри“ разговорот... Така, првото прашање гласи: Дали глумицата мисли дека љубовта порано била пострасна и оти луѓето повеќе се жртвувале за љубовта? Ен само одговорила: „Не“. Потоа прашана дали се сеќава на својата прва љубов, таа повторно вели само: „Не“. Според новинарката, а и многу од нејзините следачи, однесувањето на глумицата било дрско, арогантно и без почит. По неодамнешната објава, Хатавеј ѝ испратила подолга е-порака, а репортеката била, како што самата вели - прилично шокирана, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). - Воопшто не очекував дека ќе ми одговори. Мислев дека (Ен Хатавеј) никогаш нема да го види тоа видео, но го виде и направи нешто прилично неверојатно... Нејзиното извинување беше толку трогателно за мене. Самото тоа што зборувам за ова - речиси ме доведува до солзи. Бев многу благодарна што таа го направи тоа. Тоа беше многу лична порака и решивме да не ја споделуваме како што е. Тоа беше е-пошта, но сакав само да ви кажам што направи таа затоа што мислам дека тоа е неверојатно, рече Фла во своето видео на „Тикток“. Иако не сподели подробности од пораката на Ен, новинарката додаде дека ѝ одговорила на глумицата и ѝ се заблагодарила за извинувањето, со надеж повторно да разговараат. - Ѝ реков: „Ако некогаш сакате да седнете и да разговарате за тоа, јас сум тука“. Таа ме покани да ја интервјуирам за нејзиниот следен филм што ќе излезе во мај. Имам многу почит кон луѓето кои ги признаваат своите грешки и се извинуваат за нив. Извинувањето е толку моќно!, истакна Фла. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter