СветЕн-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на АлјаскаБелата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август, објави Ен-Би-Си.Повикувајќи се на изјава од висок американски функционер и три лица кои се информирани за внатрешните дискусии, американската телевизија наведува дека „за тоа се дискутира“. Во извештајот се додава дека посетата на Зеленски не е финализирана и дека не е јасно дали украинскиот лидер на крајот ќе биде на Алјаска за состаноците, но дека тоа останува како можност.Тагови: Алјаска Белата куќа зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПотврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“. Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација. Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот. Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаСедница за опозициски прашања во СобраниетоСобранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната ШпанијаЕвропскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0. Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот. Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија. Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута. Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“. Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55