ЕМОФ Скопје 2025: Статистика што инспирира – Над 4.000 спортисти, 15 спортови, 50 делегации - Канал 5

ЕМОФ Скопје 2025: Статистика што инспирира – Над 4.000 спортисти, 15 спортови, 50 делегации

Со завршната церемонија на свеченото затворање што се одржа во неделата вечер, Скопје се збогуваше со Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025 – најголемиот спортски настан што некогаш се одржал во Македонија. 

ЕМОФ Скопје 2025: Статистика што инспирира – Над 4.000 спортисти, 15 спортови, 50 делегации

Во текот на изминатата недела, главниот град пулсираше со младинска енергија, спортска страст и европски дух. Над 4.000 млади спортисти од 50 различни европски делегации пристигнаа во Македонија за да се натпреваруваат во 15 различни спортски дисциплини, меѓу кои атлетика, пливање, џудо, велосипедизам, баскет 3x3, стрелаштво, гимнастика, маунтајн бајк, пинг понг, кајак кану слалом, бадмингтон, таекводно, кошарка, ракомет и одбојка.

Овие бројки не се само статистика, туку сведоштво за довербата што Европа ѝ ја даде на Македонија како домаќин, и потврда дека македонската престолнина успеа да го оправда секое очекување. Со беспрекорно организирани натпревари, модернизирани спортски сали и отворени срца, Скопје го освои вниманието на спортската јавност, но уште поважно – го освои срцето на секој млад спортист, тренер, волонтер и гостин што беше дел од оваа спортска приказна.

Спортскиот дел на фестивалот беше исполнет со вкупно 488 освоени медали, импресивни индивидуални и тимски настапи, светски и европски рекорди, спортски драматични пресврти и моментот кога сè што ги делеше учесниците – националност, јазик, боја на дрес – исчезнуваше пред силата на фер-плејот. Во сите објекти каде што се одвиваа натпреварите, се чувствуваше духот на заедништво, мотивација и респект, токму она што го прави ЕМОФ уникатен меѓу спортските настани.

Но фестивалот не беше само спорт. Градот живееше и надвор од терените - со програми за забава, музика, култура, интеракција и размена на искуства. Илјадници млади од различни краеви на Европа споделија моменти што ќе ги паметат цел живот, создадоа нови пријателства и ја запознаа топлината на македонското гостопримство.

Над 700 волонтери, претежно млади луѓе од целата земја, но и од различни европски држави – беа вистинската сила зад кулисите на овој спектакл. Со насмевка, организациска дисциплина и искрена љубов кон настанот, тие го одржуваа темпото на ЕМОФ и го правеа фестивалот човечки и блиску до сите учесници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците одбија напад со дронови на воена база во Британија- се сомневаат на Иран

Американските сили одбија напад од шест беспилотни летала врз воената база на RAF Lakenheath во источна Англија претходно овој месец, објави утрово Financial Times, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. 

Американците одбија напад со дронови на воена база во Британија- се сомневаат на Иран

Според овие извори, се сомнева дека Иран е вмешан во инцидентот.

Инцидентот се случил на 13 ноември, кога во базата било издадено безбедносно предупредување и на американскиот воен персонал му било наредено да се засолни.

Американците користеле системи против беспилотни летала. Сепак, не биле пронајдени беспилотни летала, поради што не било утврдено дали носеле оружје или опрема за шпионажа.

Воздухопловните сили на САД потврдија на денот на инцидентот дека реагирале на сомнителна неовластена активност на беспилотни летала. Никој не бил повреден, а ниту еден авион или инфраструктура не е оштетен.

Британското министерство го потврдува инцидентот

Британското министерство за одбрана денес потврди за Ројтерс дека војската и локалната полиција соработувале со американските сили и дека ситуацијата брзо била ставена под контрола. Министерството не ја потврди вмешаноста на Иран.

Инцидентот се случил во време на зголемена безбедност во британските воени бази што ги користат американските сили.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека САД ги повлекле стратешките бомбардери Б-1 од базата на воздухопловните сили на РАФ Ферфорд по безбедносниот инцидент во септември поради закана поврзана со Иран.

Техеран негираше каква било вмешаност во инцидентот, како и обвинувања за други непријателски активности на британска територија.

Британија ја засилува безбедноста за воените авиони

Британските медиуми оваа недела објавија дека РАФ преместува воени авиони во хангари и заштитени засолништа ноќе поради ризикот од напади со беспилотни летала. Исто така, постојат планови за инсталирање заштитни мрежи околу изложените авиони.

Британските власти со години го обвинуваат Иран за заговор и обид за атентат врз ирански дисиденти и израелски и еврејски цели на британска територија.

Сепак, досега нема јавно достапни докази што укажуваат дека Техеран стои зад последниот инцидент со беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата

Вчера вечер во Ургентниот ценатар на Клинички била донесена претепана жена од Гостовар.

Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата

Според извори од КАРИЛ, жената денеска е стабилна и не е интубирана. Била донесена во многу тешка состојба откако ја претепал сопругот.

Според синоќешното соопштение од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа две скршени ребра, парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, за успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.

Наградата беше врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“ и претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио.

Министерството за финансии во јануари 2026 година успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница. Во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија.

„Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер