Емир Кустурица и Гаспром Њет ги споија музиката и киното во Кустендорф концерт - Канал 5

Емир Кустурица и Гаспром Њет ги споија музиката и киното во Кустендорф концерт

„Кустендорф Концерт“ на познатиот српски режисер Емир Кустурица и неговата музичка група „The No Smoking Orchestra“ е достапен денес на платформата Јутуб. 

Емир Кустурица и Гаспром Њет ги споија музиката и киното во Кустендорф концерт

Снимката од настапот во Дрвенград е креативна замена за традиционалниот фестивал на руска музика Кустендорф КЛАСИК, кој оваа година не се одржа во вообичаениот формат поради пандемијата на корона вирусот. Заедно со музичарите од „The No Smoking Orchestra“ на концертот свиреа и млади музичари од Србија и Русија, учесници на претходно одржаните фестивали.

Концертот започна со танцот италијанска тарантела аранжирана од „The No Smoking Orchestra“ и преку најдобрите песни на бендот на Емир Кустурица на крајот стигна до познатиот „Словенски марш“ од Петар Илич Чајковски. За новите аранжмани се погрижи еден од најперспективните српски композитори од помладата генерација, Александар Сале Седлар.

Покрај добрата музика, се емитуваше и видео од пределите на Мокра Гора и Русија.

Од 28 септември, филм-концертот е достапен за секого преку https://kustendorfclassic.online/.

По укинување на ограничувањата поради корона вирусот, се планира фестивалскиот натпревар да се врати на терените на Дрвенград. Иако не е исклучено новиот формат да го добие правото на постоење, бидејќи колку повеќе добра музика, толку подобро.

Сите информации за фестивалот може да ги погледнете на:

https://www.facebook.com/kustendorfclassic и https://www.instagram.com/kustendorf_classic

Извор: blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Снимател доби отказ поради неа!

Винифер Фернандез долги години важи за една од најубавите и најатрактивни спортистки на светот. 

Видео: Снимател доби отказ поради неа!

Но, таа исчезна преку ноќ: Каде е и што прави најубавата одбојкарка на светот?

Во изминатите осум години, познатото видео од потезите на Винифер Фернандез на YouTube собра дури 15 милиони прегледи.

Ретко кој не ги видел нејзините фотографии што го преплавија интернетот во 2016 година.

Таа се најде на насловните страници ширум светот, многумина ја прогласија за најубава, односно најатрактивна одбојкарка на планетата, а потоа речиси преку ноќ исчезна од центарот на вниманието.

Во изминатите осум години, познатото видео со нејзините потези на YouTube собра дури 15 милиони прегледи.

Винифер Марија Фернандез (30), одбојкарка од Доминиканската Република, во тој период важеше за една од најпопуларните спортистки во светот.

Речиси и да немаше човек што не ги виде нејзините фотографии кои ги преплавија социјалните мрежи и интернетот, но потоа таа одеднаш исчезна од очите на јавноста. Последниот клуб за кој настапуваше беше „Карибењас“, а со години беше една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата на Доминиканската Република. Иако денес не е толку присутна во медиумите како порано, на Инстаграм ја следат повеќе од 65.000 луѓе.

YouTube video

Винифер е висока 169 сантиметри и тешка 62 килограми, а додека играше на Куба, се случи интересна анегдота според која еден снимател наводно добил отказ бидејќи, наместо да го сними одлучувачкиот поен во натпреварот, ја насочил камерата кон младата Винифер Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Првиот целосно електричен модел на Ferrari, Luce, можеби не ги освои симпатиите на љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа не ги спречи купувачите да резервираат речиси секој планиран примерок.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Иако моделот се соочи со критики во врска со дизајнот и преминот на Ferrari кон електричен погон, првичната серија на производство е веќе целосно распродадена.

Ова потврдува дека јавното мислење не секогаш се совпаѓа со желбите на купувачите кои можат да си дозволат огромни суми за ексклузивни автомобили.

Повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, Financial Times известува дека Ferrari планирало да продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот Luce во текот на првата година, пренесува Računalo.com.

Според извештаите, целата планирана серија на производство за првата година била распродадена уште на почетокот на овој месец, и покрај почетната цена од 550.000 евра (без данок).

Иако Ferrari ги демантираше тврдењата дека купувачите мора да го нарачаат моделот „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, многумина сметаат дека овој фактор можеби придонел за големата побарувачка.

Наводно, од дилерите било побарано да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на Ferrari да го купат „Luce“, туку да се фокусираат на нови купувачи – особено на богати клиенти во Кина и во технолошките центри како Силиконската долина, каде што електричните автомобили веќе се широко прифатени.

Се чини дека оваа стратегија дава резултати. Според „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Ferrari планира да продаде приближно 2.500 примероци од моделот „Luce“ до 2030 година, што изнесува околу 600 возила годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен добитникот на 167,3 милиони долари на лотарија

Џејмс Фартинг, добитник на една од најголемите лотариски награди во историјата на Кентаки, повторно е уапсен – што е четврти пат откако го освоил џекпотот вреден повеќе милиони долари. 

Уапсен добитникот на 167,3 милиони долари на лотарија

Педесет и едногодишниот Фартинг од Џорџтаун бил уапсен во неделата, на 26 јули, под обвинение за семејно насилство.

Според затворските евиденции до кои дојде списанието *People*, тој се товари за семејно насилство што вклучува давење и напад од четврт степен со нанесување полесни телесни повреди. Тој моментално се наоѓа во притвор во затворот на округот Скот.

Во април, тој освои 167,3 милиони долари на лотаријата „Пауербол“ (Powerball), што претставуваше најголема добивка во историјата на Кентаки.

Тогаш Џејмс изјави дека планира да ги подели парите со својата мајка, Линда Гризл. „Ќе биде убав Ден на мајката. Ова ќе ми помогне да ги отплатам долговите“, изјави тогаш неговата мајка.

Според полицискиот извештај, наводната жртва – чиј идентитет не е откриен – изјавила дека дошло до расправија по возењето со брод.

За време на расправијата, тој наводно ја фатил за вратот со двете раце, отежнувајќи ѝ го дишењето. Тој се појави пред судот во вторникот, на 28 јули, и се изјасни дека не е виновен. Судот одреди кауција од 15.000 долари, му забрани контакт со наводната жртва и нареди да носи уред за електронски надзор за да се обезбеди почитување на забраната за контакт.

Ова не е првпат добитник на лотарија да има проблеми со законот по голема добивка. Само неколку дена откако го освоил џекпотот, тој бил уапсен на Флорида, каде што се соочил со обвиненија за напад врз полицаец и давање отпор при апсење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер