3Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат
Шоу бизЕминем тужи австралиска компанија поради иметоАмериканскиот рапер Еминем поднесе тужба против австралиска компанија за облека и опрема за плажа наречена „Swim Shady“, тврдејќи дека нејзиното име е премногу слично на неговиот заштитен псевдоним за рап „Slim Shady“.Според Би-Би-Си, во септември, Еминем, чие вистинско име е Маршал Б. Метерс III, поднел формално писмено барање до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, барајќи поништување на трговската марка доделена на компанијата. Според американскиот закон, компанијата мора да одговори на барањето до следната недела. Адвокатите на 53-годишниот рапер го обвинија брендот со седиште во Сиднеј за создавање „лажни асоцијации“ со Еминем. Компанијата се брани Менаџментот на „Swim Shady“ изјави за Би-Би-Си дека ќе „ја брани својата вредна интелектуална сопственост“. Името на компанијата е регистрирано кај австралискиот бизнис регулатор во септември 2023 година и првично е лансирано под името „Slim Shade“. Официјално е лансирано во 2024 година. Брендот продава чадори, чанти и друга опрема за плажа. Порано оваа година, брендот поднесе барање за заштита на трговска марка за името „Swim Shady“ во Соединетите Американски Држави, кое беше одобрено. Но, кратко потоа, тимот на Еминем поднесе барање за откажување. Еминем, исто така, поднесе тужба против името на брендот во Австралија. Судските документи покажуваат дека Еминем го регистрирал името „Slim Shady“ како трговска марка во Соединетите Американски Држави во 1999 година, кога издал албум со истото име. Сепак, тој не го регистрирал името „Slim Shady“ во Австралија сè до јануари 2025 година. Еминем се здоби со слава во 2000 година, кога го издаде хит синглот „The Real Slim Shady“, кој му донесе Греми за најдобра рап соло изведба. Неговите адвокати рекоа дека името станало „препознатливо и добро познато“ и е исклучиво поврзано со неговата рап кариера. Извор: Индекс.хрТагови: Еминем тужба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика. На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните. Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај. Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат. Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите. Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетикаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026, нагласувајќи дека знаењето, науката и иновациите се клучни за изградба на сигурен и одржлив енергетски систем. Во рамки на посетата, Божиновска оствари средба со деканот на факултетот, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу академската заедница и институциите. Министерката истакна дека енергетската ефикасност, обновливите извори и модернизацијата на инфраструктурата се неопходни за економската конкурентност и одржливиот развој на државата. Притоа, нагласи дека технолошкиот напредок мора да биде проследен со инвестиции во образованието и стручните кадри. „Младите не се само идните инженери, истражувачи и носители на одлуки. Тие се генерацијата што уште денес може да понуди нови перспективи и иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи Божиновска. Таа посочи дека студентските истражувања треба да најдат практична примена преку посилно поврзување на универзитетите, институциите и компаниите. „Инвестицијата во образованието, науката и младите стручни кадри е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура. На младите им требаат можности да ги тестираат своите идеи, да соработуваат со индустријата и да видат дека нивното знаење може да направи вистинска разлика“, порача министерката. Божиновска ги повика студентите и младите истражувачи да продолжат да развиваат иновативни решенија за поефикасно користење на енергијата, интеграција на обновливите извори и унапредување на конкурентноста на индустријата. Учеството на СКЕЕОР 2026 ја потврди важноста на соработката меѓу академската заедница, институциите и стопанството во создавањето нови знаења, развојот на стручните кадри и градењето одржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваатФилипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото. Почитувани, Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео. Почитувани, За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео. Почитувани граѓани, Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски. Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter