Емина Јаховиќ повеќе не личи на себе! - Канал 5

Емина Јаховиќ повеќе не личи на себе!

Емина Јаховиќ со години е на музичката сцена, па имавме можност да ги проследиме сите фази од нејзиниот професионален развој. 

Емина Јаховиќ повеќе не личи на себе!

Паралелно, додека беше во центарот на вниманието со нејзините песни, таа го менуваше и својот физички изглед.

Највидливи беа промените што Емина ги имаше направено на своето лице, но и покрај тоа, дури и најголемите противници на естетската хирургија, некогаш го фалеа нејзиниот изглед, велејќи дека таа умерено го коригирала своето лице.

Меѓутоа, откако Јаховиќ прошета на црвениот тепих на доделувањето на музичките награди „МАС“ (Мusic Awards Ceremony) кое се одржа во арената „Штарк“ на 25-ти јануари, таа привлече големо внимание кај јавноста и медиумите со најновата трансформација на своето лице, па многумина зборуваа за ликот на популарната пејачка. Таа видно го изменила обликот на очите, јаболчиците, усните, сè изгледаше пренагласено.

Иако пејачката кажа дека за нејзините бујни усни е заслужен карминот од нејзината козметичка линија, сепак се чини дека во прашање е нешто друго.

Реакциите на социјалните мрежи за нејзиниот најнов изглед не стивнуваа.

- Што се случило со лицето на Емина? -

- Само таа успева да се уништи со операции, а беше многу убава –

-Очите ѝ се чудни, како да има алергија –

-Беше единствен пример за тоа како операциите може да разубават, а сега се демантираше самата себе – се само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак.

Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.

Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.

Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер