Емили Ратајковски за злоставувањето: Немаше да бидам позната, ако не му го дозволев тоа (ФОТО) - Канал 5

Емили Ратајковски за злоставувањето: Немаше да бидам позната, ако не му го дозволев тоа (ФОТО)

Емили Ратајковски неодамна гостуваше во подкастот „Millennial Love“ во кој истакнала дека верува дека не би била позната денес доколку го обвинила Робин Тик во 2013 година за злоупотреба на снимањето на „Blurred Lines“.

Емили Ратајковски за злоставувањето: Немаше да бидам позната, ако не му го дозволев тоа (ФОТО)

Манекенката моментално ја промовира книгата „Моето тело“, а во своето гостување се осврнала и на споменатата случка од снимањето.

"Тогаш бев навистина безначајна, непозната манекенка. Мислам дека ако ништо не се случеше , ќе немав ваква кариера, тоа е суровата реалност", рече Емили додека објаснувала зошто веднаш не реагирала на сетот на видеото.

Додала дека тоа за неа бил срамен и понижувачки момент, но дека често го потиснувала и се убедувала дека тоа е безначајно.

За потсетување, лондонски Сандеј Тајмс пренесе делови од книгата во која манекенката пишува за злоупотребата од Робин Тик.

„Одеднаш, од никаде го почувствував студот и рацете на странец како одзади ги гушка моите голи гради. Инстинктивно се свратев и го видов Робин Тик“, напишала Ратајковски, кој танцувал со уште две девојки во видеото за песна која во 2013 година стана еден од најголемите светски хитови (иако Ролинг Стоун ја прогласи за „најлоша песна од таа и секоја друга година“).

Иако истакнала дека на почетокот уживала во снимањето на спотот, таа тврди дека работите се промениле откако пејачот се опил и почнал да се однесува грубо кон неа. Наводите за однесувањето на Тик ги потврдил и Дајан Мартел, која го режирал видеото.

„Се сеќавам на моментот кога ги зграпчи нејзините гради. Со секоја рака ја фаќаше по една од нејзините гради. Стоеше зад неа. Многу агресивно врескав: „Што по ѓаволите правиш? Што е тоа?! Снимањето заврши!“ изјавил Мартел за Сандеј Тајмс и додаде дека Робин се извинил и рекол дека тоа „немаше да се случеше ако беше трезен“.

Сепак, ова не е единствениот случај на сексуално вознемирување што Емили го доживеала во нејзината кариера.

„Причината поради која пишував за овие искуства не беше“, О, ќе ги наведам моментите кога бев сексуално злоставувана. Тоа е повеќе: „Дозволете ми да се вратам на моментите од кои многу се срамам и за кои често размислувам“, истакнала манекенката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер