Емили Ратајковски тврди: Бев позната како многу секси (ФОТО) - Канал 5

Емили Ратајковски тврди: Бев позната како многу секси (ФОТО)

Емили Ратајковски во новата збирка есеи што ја напишала, „Моето тело“, зборува за проблемот на идеализирање на моделите и познатите личности, со кој се соочувала и самата.

Емили Ратајковски тврди: Бев позната како многу секси (ФОТО)

Со повеќе од 28 милиони следбеници на Инстаграм и долгогодишно искуство во светот на манекенството, Ратајковски е претставена од медиумите како модерен секс симбол, поради што нејзините размислувања за објективизација и експлоатација се фасцинантни за многумина, пишува CNN.

Ратајковски станала позната откако се појави гола во спотот за песната на Робин Тик од 2013 година, Blurred Lines, кога имала само 21 година, што оттогаш собра над 768 милиони прегледи на YouTube.

„Не бев само славна, бев позната како многу секси, што беше задоволувачко на многу начини“, рече таа.

Неодамна, Ратајковски го обвини Тик за злоупотреба додека го снимала видеото за Blurred Lines.

Во книгата таа опишала уште неколку случаи на сексуално вознемирување во текот на нејзината кариера.

„Причината поради која пишував за овие искуства не беше“, О, ќе ги наведам моментите кога бев сексуално злоупотребувана. Повеќе беше „Дозволете ми да се вратам на моментите од кои многу се срамам и често размислувам за нив“.

Без разлика на се, таа вели дека не планира да престане да се занимава со манекенство.

„Мислам дека е грешка да се критикуваат младите жени затоа што носат тесни фустани и затоа што сакаат да бидат забележани од некој моќен“, заклучила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер