ЗабаваЕмили Ратајковски објави снимка, на која се бакнува со позната пејачка- фановите збунети (ВИДЕОМанекенката Емили Ратајковски неодамна уживаше во традиционалниот настан во Њујорк наречен Белата забава, организиран од бизнисменот Мајкл Рубин.Таму се дружеше со пејачката Камила Кабело. И двете објавија снимки и фотографии од забавата, а посебно едно видео го привлече вниманието на нивните обожаватели. Емили објави компилација од видеа кои ги снимила во текот на вечерта, а на едно од нив се гледа како ја бакнува Камила. @emrata you know its a good night when you forget to do the follow up videos #whiteparty2024 @Camila Cabello @Grant Williams ♬ original sound - Emrata Откако ја виделе сцената, фановите се збунети бидејќи не им е јасно дали се работи за шега или двете се во врска. „Вие сте убав пар“, „Камила???“, „Сладок бакнеж“, „Сите го видовме тој бакнеж“, „Што се случува?“, „Дали сега се во врска?“ коментираат фановите. Меѓу серијата фотографии што ги објави од забавата, Камила вклучи и една на која позира со Емили, а манекенката ѝ одговори во коментари и стави емотикони со срце. View this post on Instagram A post shared by camila (@camila_cabello) Тие се уште не открија дали нивната врска е пријателска или повеќе од тоа. Емили беше во брак со Себастијан Бер-МекКлард, но тие се разведоа во 2022 година. Последен пат беше видена во јавноста со Хари Стајлс на почетокот на 2023 година. Камила претходно беше во врска со Шон Мендес, а раскинаа во 2021. После тоа се шушкаше дека е во врска со колешката Лорен Јауреги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултатиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче. Тој посочи дека власта нема резултати во ниту една клучна област и дека последиците од лошото управување директно ги чувствуваат и граѓаните и компаниите. „Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ додаде дека компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, пад на странските инвестиции и на индустриското производство. „Гледаме како е падот на странските инвестиции, има пад на индустриското производство. Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека СДСМ е подготвена за изборите која и да се одржат, уште утре. „Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември. За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Зошто му е? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, рече Филипче. Тој најави дека Мастер планот ќе содржи шест јасно дефинирани точки за иднината на државата, зајакнувањето на системот и благосостојбата на граѓаните. „Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
Шоу бизГеоргина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано РоналдоГеоргина Родригез им стана законска мајка на трите најстари деца на Кристијано Роналдо, Со оваа одлука, нововенчаниот пар направи уште еден важен чекор во својот семеен живот.Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми. Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца. Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во 2017 година. Пет години подоцна, ја добија ќерката Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак, за жал, почина при раѓањето во 2022 година. Според португалските медиуми, Георгина сега е законски старател на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, како и на близнаците Ева Марија и Матео. Идентитетот на биолошката мајка на 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор останува тајна, а Роналдо го има целосното старателство над него. Тој исто така има целосно старателство над деветгодишните близнаци Ева и Матео, кои се родени со помош на сурогат-мајка. Откако е во врска со Роналдо, Георгина изгради близок однос со неговите деца и се вели дека секогаш се однесувала кон нив како да се нејзини сопствени.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНајсекси хокеарката во светот заведе познат спортист Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска. Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни. Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк. Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот. Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините. Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“. Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook