Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога
2Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога
3СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија
ФудбалЕмери пред реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ: „Сакаме да испишеме историја“Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, сака тимот да „испише историја“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.-Нашата цел е строго да се држиме до планот, да бидеме константни 90 минути. Нашиот план е ако добиеме продолженија или пенали, тоа ќе биде одлично. Имам искуство со пресврти. Позитивни и негативни. Но сега е поинаку. Сакаме да испишеме историја во Астон Вила. Минатата година во Конференциската лига, оваа година во Лигата на шампионите и се надеваме и за годините во европските купови. ПСЖ има големо искуство на гости, но нашите навивачи ќе ни ја дадат својата енергија. Ако сме добри тактички и индивидуално, имаше шанси, изјави Емери за прес-службата на УЕФА. Првиот натпревар меѓу екипите во Париз заврши 3:1 во корист на францускиот шампион. Реваншот ќе се игра на 15 април во Бирмингем и ќе започне во 21:00 часот. Фото: ЕПАТагови: Астон Вила Емери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаАлексеј Покушевски се сели во РусијаРепрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот. Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија. На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос. На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција. Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот. Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче ПетровОпштина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите. Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски. Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров. Со поставувањето на современите фитнес реквизити, учениците и младите добиваат функционален простор за физичка активност, вежбање и рекреација, кој ќе биде од корист и за останатите жители на општината. -Во изминатиот период инвестиравме во нови и реконструирани спортски терени, фитнес и калистеника зони, како и во унапредување на училишната спортска инфраструктура. Нашата цел е спортот да биде достапен за сите, а особено за нашите деца и млади. Оваа инвестиција е уште еден чекор во тој континуитет. Благодарност до Министерството за транспорт и врски за поддршката во реализацијата на проектот - истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека инвестициите во спортот продолжуваат и во наредниот период, со реализација на нови проекти во училиштата, населбите и постојните спортско-рекреативни комплекси. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здрави генерации, активни млади и силна заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваОвој викенд- бесплатно кино на отворено во ДрачевоОпштина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски: На 08.08.2026 (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и Салаетин Билал. На 09.08.2026 (недела), од 20 часот, на репертоарот е „Трето полувреме“, филм инспириран од вистински настани, со улогите на Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел и Раде Шербеџија. Влезот за двете проекции е слободен. Ги покануваме сите љубители на филмот да ни се придружат со своите семејства и пријатели на оваа викенд-дружба посветена на македонската кинематографија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook