Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..
Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија
1Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..
2Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЗдравјеЕМА на почетокот на октомври ќе донесе одлука за третата доза со вакцината на Фајзер Европската агенција за лекови (ЕМА) може да одлучи на почетокот на октомври за можна употреба на засилувачката доза на Pfizer / BioNTech, изјавил извор за Ројтерс.Ова ќе биде прва одлука на регулаторот на ЕУ за дополнителните дози, рече изворот, откако американската администрација за храна и лекови во средата ја одобри третата доза Pfizer за лица на возраст од 65 години и постари, лица изложени на ризик од сериозни болести и оние кои се редовно изложени на вирусот. „Одлуката на ЕМА за третата доза Pfizer се очекува на почетокот на октомври“, рекол изворот, но сакал да остане анонимен поради чувствителноста на проблемот. Pfizer одбил да коментира, а BioNTech не бил достапен за коментар. Регулаторот на ЕУ објави на 6 септември дека започнале со евалуација на податоците на Pfizer и BioNTech за засилувачката доза што ќе им се дава на луѓето на возраст над 16 години, шест месеци по добивањето на втората доза. Модерна, исто така, наскоро треба да достави податоци за засилувачката доза до ЕМА, се наведува во документот на ЕУ. Според мислењето, објавено на почетокот на септември и реиздадено од ЕМА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) наведува дека нема итна потреба да се добие зголемена доза за целосно вакцинирани лица во општата популација. Но, тие забележуваат дека треба да се земат предвид дополнителните дози на вакцината за луѓе со ослабен имунолошки систем. Многу членки на ЕУ веќе одлучиле да користат засилувачки дози и покрај правните ризици, бидејќи ЕМА се уште нема донесено формална одлука. ЕУ потпишала три договори со Pfizer и BioNTech за вкупно 2,4 милијарди дози. Најновиот договор опфаќа испорака на најмалку 900 милиони дози вакцини, од кои голем дел ќе бидат потребни само ако се смета дека се неопходни засилените дози или ако се појават нови варијанти на коронавирусот против кои постојната вакцинација нема да биде ефикасна. Повеќе од 70 проценти од возрасната популација на ЕУ е целосно вакцинирана, а блокот обезбедил доволно снабдување со вакцини од неколку производители. ECDC изјави дека клучните податоци за потребата и безбедноста на зголемените дози се уште недостасуваат, делумно затоа што се уште не е разјаснето колку долго вакцините можат да заштитат од коронавирусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..- Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија, Абдула Ал Себуси, на која беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, со акцент на ависообраќајот, инфраструктурата и туризмот. Посебен фокус на средбата беше ставен на можностите за соработка во авиосообраќајот и воспоставување на нова авиолинија помеѓу двете земји. Исто така се отворија и прашањата за инвестиции во транспортната инфраструктура, вклучително и во реализацијата на крупни инфраструктурни проекти кои имаат регионално значење. Се разговараше и за унапредување на туризмот меѓу двете земји како и за потенцијалот за инвестиции во туристичката инфраструктура и развој на нови туристички понуди. Вицепремиерот Николоски ги потенцираше инвестициските можности и услови што ги нуди Македонија за странските инвеститори, посочувајќи ги поволната географска положба на земјата, нејзината поврзаност со регионалните транспортни коридори, како и можностите за реализација на проекти од стратешко и инфраструктурно значење. На средбата беше истакнат и потенцијалот за воспоставување на соработка со компании и инвеститори од Обединетите Арапски Емирати во повеќе стратешки области од значење за Македонија. На средбата беше заклучено дека постои огромен простор за соработка, а целта е во наредниот период да се создаваат услови за реализација на конкретни инвестиции и проекти од заемен интерес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаЈанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатијаЌе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија-порача првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. -4 месеци работиме на правна проблематика и најдовме начин како Општина Кавадарци да формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија. Овој одел ќе биде формиран за 15 дена, истакна првиот човек на Кавадарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во МајамиАмериканската администрација го покани рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио.Рубио ја соопшти информацијата по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓето со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, изјави Рубио. Според него, самитот би можел да биде можност Путин да разговара не само со американскиот претседател Доналд Трамп, туку и со други светски лидери. Вашингтон се надева дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата, но засега нема потврда дека Путин ќе отпатува во Мајами..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook