ЕМ: Се подготвува монструозна операција за апсење на претседателот Бачев - Канал 5

ЕМ: Се подготвува монструозна операција за апсење на претседателот Бачев

Од партијата „Единствена Македонија“ која е дел од кризниот штаб против референдумот денеска на прес конференција тврдат дека се подготвува апсење на лидерот на партијата Бачев после референдумот.

ЕМ: Се подготвува монструозна операција за апсење на претседателот Бачев

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо, меѓународно реномиран експерт и стратег за туризам, со долгогодишно искуство во UN Tourism и во туристичкиот сектор на Канарските Острови.

Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо

На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и развој на нови туристички содржини, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам и активното вклучување на семејните винарии во туристичката понуда. Разменети беа идеи за реализација на пилот-проект преку кој семејните винарии би можеле да се вклучат во креирањето на автентични туристички искуства, со што дополнително би се промовирале локалните производи, традицијата и потенцијалите на регионот.

„Продолжуваме да работиме на создавање нови можности за развој на туризмот, поврзување на локалниот потенцијал со меѓународното искуство и воспоставување партнерства што ќе придонесат за одржлив туристички и рурален развој.“- објави Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таравари демантира: Немало план со Ахмети за заедница на албански општини и уцена за избори

Со првиот човек на ДУИ – Ахмети, никогаш не се разговарало или пак имало идеја за создавање на заедница на албански општини во Македонија.

Таравари демантира: Немало план со Ахмети за заедница на албански општини и уцена за избори

Со првиот човек на ДУИ – Ахмети, никогаш не се разговарало или пак имало идеја за создавање на заедница на албански општини во Македонија, – лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во гостувањето во „Само Интервју“ ги отфрли наводите кои деновиве ги објави политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи..

Смета дека станува збор за обид за негова дискредитација, иако во исказот на Фаризи препознава дека за темата тој разговрал со неговиот поранешен сопартиец Азил Алиу. Таравари вели дека се залага за унитарна Макеоднија, но со многу поголема децентрализација, а доколку се менува внатрешното уредување, да се врати територијалната поделба со 20-тина општини како што било во поранашена Југославија.

- Се повикува дека имало разговор со некој ваш близок кој потоа бил министер – Он е Азир Алиу, тој е другар на Азир Алиу. Воопшто немало таква идеја, да има зошто би го криеле тоа? .... - Арбен Таравари – Претседател на Алијанса за Албанците.

Фаризи за Канал 5 и денеска останува на тврдењето дека опозициските албански партии разговарале за идејата – „заедница на албански општини“, икао не сакаше да потврди дали човекот со кој разговарал е Азил Алиу.

-Тоа покажува дека тоа што сум го кажал, односно што ми го кажале неговите соработници, на тоа стојам, бидејќи не сум го рекол јас, туку ми го соопштиле неговите соработници. Тие разговори внатре во партијата ги направил со своите приврзаници што биле во неговата, тогашната политичка партија и кои веќе не се дел од таа политичка партија. Тоа што ми е соопштено тогаш, јас сум се спротивставил на таа идеја, бидејќи не е возможно, бидејќи нема волја таква од страна на граѓаните. - Љуљзим Фаризи – Аналитичар.

Идејата за формирање на т.н. заедница на албаснки општини во Македонија, по примерот на предвидената Српска заедница во Косово, во земјава пред две години ја лансираше пратеникот Зеќирија Ибрахими од тогашната партија Алтернатива, но формална иницијатива никогаш не беше претставена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој и зошто постави метален двоглав орел на највисокиот врв во Македонија, Кораб?

Според Доневски двоглавиот орел е поставен од неидентификувана група која вели има за цел да провоцира, а на ова место  претходно многу пати било поставувано македонското, но и албанското знаме од страна на планинарите од двете земји. 

Кој и зошто постави метален двоглав орел на највисокиот врв во Македонија, Кораб?

На социјалните мрежи кружи фотографија од двоглав орел поставен на врвот на Кораб од планинари кои ги искачиле врвот. Симболот е поставен на местото каде што претходно стоело македонското знаме. Од планинарскиот клуб „I love hiking Macedonia“ за Канал 5 потврдија дека двоглавиот орел кој е симбол на албанското знаме, навистина е поставен на врвот на Кораб. Оттаму ни објаснија и дека ова се случило на 6 септември, за време на традиционалното искачување на Кораб, и тоа по повод денот на независноста - 8 септември.

– Само што нашите водачи ги спуштија сите, односно како крај завршува нашето традиционално искачување, се спуштаме сите, и од доле се виде всушсност дека уствари се ставаат други знамиња нашето беше тргнато. И имаше нешто како за поставување, тоа ни го кажаа последните водачи што беа. И потоа во наредниот ден, два отидоа некои групи од Србија, се качуваа, некои наши планинари исто така, и ни пуштија слика дека во тој момент бил монтиран орел на самата граница меѓу Албанија и Македонија. изјави Дејан Доневски, претседател на планинарски клуб „I love hiking Macedonia“.

Доневски објаснува дека проблемот е во законот за одбележување на граница и дека двете влади треба да го решат тој проблем.

– Се сруши тој камен па се постави триаголник, на триаголникот немаше ништо закачено, како доаѓаа планинари си ставаа свои симоболи – ние си стававме наше знаме, тие си ставаа нивно, немаа никаков проблем и тие, но потоа, се увиде група која работи убаво на тој случај цело време го трга нашето знаме, става само нивно. Според мене се тоа е незаконски, поради тоа што си има закон за бележење на граница, во тој закон мислам дека треба да учествуваат двете влади, тоа е многу голем чекор, нели за да се направи нешти треба многу да се потегне работата. изјави Дејан Доневски, претседател на планинарски клуб „I love hiking Macedonia“.

И полицијата е запозната со случајот. Оттаму за канал 5 велат дека во координација со македонските планинарски друштва, случајот се испитува.

-МВР е запознаено со информацијата. Во координација со планинарските друштва и надлежните институции се проверуваат околностите поврзани со поставувањето на обележјето. Согласно досегашните информации, истото е поставено на другата страна од врвот на Кораб, односно надвор од територијата на Македонија. – МВР

Ова не е прв случај со поставување и отстранување на државно знаме на Кораб – Во јуни 2024 година планинари од Албанија го тргнаа македонското знаме и објавија видео со албанското знаме на врвот. По овој случај реагираше полицијата, а набргу потоа македонското знаме повторно беше поставено на врвот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер