Елмас: Ова ќе го паметам вечно, му асистирав на Пандев за гол и победа - Канал 5

Елмас: Ова ќе го паметам вечно, му асистирав на Пандев за гол и победа

Измената која ја направи селекторот Игор Ангеловски на синоќешниот меч против Израел, давајќи му шанса на 17-годишниот Ељиф Елмас се покажа како клучен момент за исходот на мечот кој Македонија го доби со 1:0.

Елмас: Ова ќе го паметам вечно, му асистирав на Пандев за гол и победа
Токму по неговата генијална асистенција по кој ветеранот Горан Пандев го постигна единствениот гол на мечот само уште еднаш ги потврди квалитетите кои ги има овој млад фудбалер.

- Пресреќен сум со победата, ова е голем мотив за мене за понатаму. Асистирав на Пандев, тоа ќе ми остане секогаш во спомен, но верувам дека сега во иднина ќе следат нашите успеси! Нема да застанеме тука, затоа што Македонија има квалитет за многу повеќе, изјави Елиф Елмас.

Елмас летово направи трансфер во Фенербахче со што дополнително го сврте внимание на европската фудбалска јавност кон себе, а во скора иднина од него се очекува да прерасне во лидер на сениорската репрезентација на Македонија.

- Овие три бода многу ни значат. Не чека натпревар со Албанија, се надевам дека ќе продолжиме да победуваме. Ми одговара шансата што ми ја дава селекторот, добро ме познава, ќе се трудам да ја искористам секоја прилика што ќе ми биде укажана, изјави Елмас по мечот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Пратеничката на СНС Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, предизвикувајќи хаос пред влезот во Парламентот утрово, 17 ноември, пред почетокот на првата седница.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Додека идните пратеници минуваа низ кордон, актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата, објави Телеграф.

Патем, ова ќе биде трет мандат на Лидија во српскиот Парламент, овој пат како пратеничка од партијата СНС.

Актерката беше пратеничка два мандата:

- Од 2007 до 2008 година (7-ми состав)

- Од 2008 до 2012 година (8-ми состав)

Вкупно, таа помина околу 5 години како пратеничка (како членка на СРС) во тој период.

Денес (17 ноември 2026 година) се одржува конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Србија, каде што таа повторно се појави како пратеничка, а нејзините мандати во новото свикување штотуку почнуваат да се потврдуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори.

Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа.

„Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко.

Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат.

Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск.

Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила.

Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите.

Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања.

Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на Законот за заштита на личните податоци. 

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Агенцијата е недоволно финансирана, нејзините капацитети за надзор над зголемената употреба на вештачка интелигенција и биометриски податоци се ограничени, а дигиталните заштитни механизми во државните институции се недоволни.

Ова не е оценка на ДОМ, туку предупредување од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. Комисијата посочува и дека мислењето на Агенцијата за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи било занемарено, што довело до неусогласеност со директивата NIS2 во делот на заштитата на личните податоци.

Во вакви услови, Владата ја најави изградбата на национален дата-центар во 2027 година. Но, како ќе се гарантира безбедноста на податоците што ќе се чуваат и обработуваат во него, кога институцијата задолжена за нивна заштита нема доволно луѓе и ресурси? Кој ќе врши независен надзор и кој ќе сноси одговорност во случај на злоупотреба или безбедносен инцидент?

Отворено е и прашањето дали постои конкретен план за обезбедување на неопходната инфраструктура – електрична енергија, вода и комуникациско поврзување. Според кои правила ќе функционираат ваквите капацитети и како ќе се контролира нивното функционирање е сѐ уште нејасно за јавноста.

Дата-центрите не се само сервери и објекти, туку дел од критичната дигитална инфраструктура на државата. Нивното планирање мора да вклучува и високи стандарди за сајбер-безбедност, заштита на личните податоци, независен надзор и одговорно управување со сите неопходни ресурси.

Дигиталниот развој не смее да почне со изградба на објекти, а заштитата на податоците и институционалната одговорност да останат на маргините. Национален дата-центар значи и национална одговорност за безбедноста на податоците на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер