Елизабет Харли на 58 години позира сосема гола (ВИДЕО) - Канал 5

Елизабет Харли на 58 години позира сосема гола (ВИДЕО)

Елизабет Харли на својот Инстаграм профил често објавува фотографии во костим за капење, а сега отиде чекор понатаму и објави видео од базенот кое ги изненади фановите.

Елизабет Харли на 58 години позира сосема гола (ВИДЕО)

58-годишната актерка позира целосно гола на душек во форма на лубеница.

„Јас само лебдам на парче лубеница“, се пошегува таа со видеото кое веднаш собра повеќе од 170.000 лајкови.

Иако во објавата не ја посочила својата локација, познато е дека актерката овој месец го поминала во Сент Тропе.

Да потсетиме, актерката ги шокира фановите на почетокот на летото кога откри дека ќе се појави во еротскиот трилер Strictly Confidential, кој го режираше нејзиниот син Демијан.

Во филмот таа глуми во еротски сцени со актерката Пиар Чиравара, а нејзиниот син на социјалните мрежи ѝ се заблагодари на мајка си за ангажманот, објави Метро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Дете извлечено живо од урнатини по делумно уривање на зграда во Истанбул

Пет преживеани лица се извлечени од урнатините за време на операцијата за пребарување и спасување во седумкатна зграда во истанбулската општина Малтепе, каде што се урнале неколку ката.

Видео-Фото: Дете извлечено живо од урнатини по делумно уривање на зграда во Истанбул

По пријавувањето на инцидентот, на местото на настанот биле испратени екипи од противпожарната служба, AFAD, UMKE, полицијата и итните медицински служби.

Пет преживеани лица се извлечени од урнатините за време на операцијата за пребарување и спасување во седумкатна зграда во истанбулската општина Малтепе, каде што се урнале неколку ката.

Првите три ката од седумкатната зграда во населбата Џевизли се урнаа од причини што допрва треба да се утврдат. По добиените информации за инцидентот, на местото на настанот беа испратени екипи од противпожарната служба, AFAD, UMKE, полицијата и итните медицински служби.

Екипите за итни интервенции ги евакуираа луѓето заробени на горните катови од зградата, а меѓу урнатините започна операција за пребарување и спасување.

Утврдено е дека текстилната работилница во приземјето на зградата била празна. Тимовите за пребарување, со помош на кучиња трагачи, извлекле пет лица – меѓу кои и две деца – од урнатините и ги предале на медицинските екипи, кои ги пренеле во блиските болници.

Противпожарните екипи продолжуваат со потрагата по лица за кои се претпоставува дека сè уште се заробени под урнатините.

За време на операцијата за пребарување и спасување, еден пожарникар изгубил свест и бил пренесен во болница. Во меѓувреме, патиштата што водат кон улицата каде што се наоѓа зградата се затворени за сообраќај од претпазливост, а во поширокиот реон е воспоставен безбедносен периметар за да им се овозможи на тимовите непречено да работат.

Поради ризикот од уривање на преостанатите катови, тимовите влегуваат во зградата на контролиран начин.

Голем број градежни машини од соседните општини се исто така испратени во областа за да ја поддржат операцијата. Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Истанбул се наведува дека три ката од седумкатна зграда во населбата Џевизли се урнале околу 5:40 часот наутро.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, и началникот на полицијата во Истанбул, Селами Јилдиз, пристигнаа на местото на настанот и извршија увид.

Во изјавата за новинарите, Ѓул рече дека зградата била изградена во 1987 година и се состоела од приземје и шест ката; во приземјето имало деловни простории, додека на преостанатите шест ката имало станови. „Досега утврдивме дека две од лицата што живеат во овие четири стана моментално се во своите родни места.

Од преостанатите 12 лица, пет се спасени, воспоставен е контакт со четворица од останатите седум, а потрагата по три лица е во тек“, рече тој.

На прашањето од новинарите за состојбата на лицата извлечени од урнатините, Ѓул изјави дека никој не е во животно загрозувачка состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓаните

Се случува тоа што го најавивме. 

СДСМ: Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓаните

Нов ребаланс на Буџетот само по два месеци од последниот. Тоа ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски.

Буџетската дупка е огромна, 900 милиони евра. Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Следуваат нови долгови врз грбот на народот.

Веќе Владата се задолжи со нови 250 милиони евра, за буџетски потреби до крајот на годината. Не за враќање стари кредити, не за развојни инвестиции, туку за покривање на недостигот во државната каса.

Тоа е резултатот од економските политики на Мицкоски: Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните слушаат бајки за економски успеси.

Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода.

Дефицитот во Буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ достигна една милијарда евра. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, Владата трупа долгови за да ги покрива основните обврски.

Со новото задолжување јавниот долг достигнува 11 милијарди евра, а со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија надминува 63% од БДП.

Должничко ропство. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, само за две години. Половина од вкупниот долг на државата во изминатите 30 години.

Кредитот не е приход, туку тешка обврска што ќе ја враќаат граѓаните, работниците и следните генерации.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди

Успехот што го постигнуваме во развој на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање што ја создадовме 2024 година и почнавме да ја спроведуваме во 2025 година и веќе ги даде резултатите. 

Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди

Секој месец рушиме рекорди. Во јули месец, споредено со јули минатата година, двата аеродроми пораснаа 21%, август пораснаа 31%- вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Кога бевме избрани, вкупната фреквенција на сообраќај на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2 милиони и 400 илјади. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу 3,2 – 3,3 милиони патници, а веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа, буквално на десеттина илјади патници, дали ќе стигнеме до 4 милиони патници. Значи, држава со милион и 800 жители има 4 милиони патници на двата аеродорми. Дополнително на тоа, ние го снабдуваме приштинскиот аеродром целосно со керозин и снабдуваме голем дел од потрошувачката на нишкиот аеродром. Исто така на Скопскиот аеродром е третата најголема база на компанијата Визер, во моментов најголема европска компанија после Туркиш Ерлајнс во авиоиндустријата и сите нивни авиони коишто преноќуваат на Скопскиот аеродром се најновите Ербаси, “Airbus A321Neo”, коишто најмалку загадуваат” – истакна вицепремиерот Николоски

Во делот на Охридскиот аеродром, вицепремиерот вели дека има огромен раст на сообраќајот, со можност Визер, базата да ја прошири и во Охрид со уште еден авион.

“ Концесијата кога е дадена, во неа пишуваше дека до 2030 година Охридскиот аеродром ќе достигне 130.000 патници. Значи тоа го определил концесионерот и државата. Оваа година Охрид ќе помине 350.000–400.000 патници, со многу голема шанса да го замине Нишкиот аеродром” – вели Николоски.

Најави дека се прецизира отворање на линијата Скопје-Дубаи.

“Дубаи е одлична дестинација. Одлична што голем дел од бизнисот веќе се сели во Обединетите Арапски Емирати, зборувам од европскиот бизнис. Оние големи саеми каде што се претставуваат производители веќе мигрираат кон Дубаи, што многу ќе значи за македонските производители од една страна. Од друга страна, очекуваме сè повеќе туристи од Обединетите Арапски Емирати и во Скопје”- истакна Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер