Елези: За прв пат правичната застапеност станува обврска - Канал 5

Елези: За прв пат правичната застапеност станува обврска

Албанците не се алатки, туку се закон. 25 години, правичната и соодветната застапеност се користеше за политика. За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше...

Елези: За прв пат правичната застапеност станува обврска

Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста. Таканаречената алатка балансер, која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се претвори во механизам со големи правни празнини, што дозволуваше манипулации, толкувања и вработувања мотивирани од теснопартиски интереси. ДУИ имаше години да го направи овој уставен принцип закон. Не го направи тоа. Дури и не се обиде, наведува во изјава Афан Елези од Вреди што МИА ја пренесува интегрално.

„Ова е вистината!

Денес е поинаку. За прв пат правичната застапеност станува обврска. За прв пат, ова прашање има ГОСПОДАР НА КУЌАТА. Се создава координативно тело, на чело со вицепремиер албанец. Ова значи дека повеќе нема бегање од одговорност. Нема повеќе изговори. Сега има адреса и има одговорност.

За прв пат, вратата за измама е затворена. Нема повеќе лажни претставувања. Постои методологија базирана на реални податоци. Кој и да ја злоупотреби, ќе се соочи со последици.

Еве ја разликата. 25 години го одржуваа ова прашање во живот заради кражба и политичко преживување. Го затвораме со закон. Тие го оставија без адреса. Ние му даваме адреса.

После многу години на Албанците повеќе не им требаат алатки. Тие имаат закон.

ЗАКОН ЗА ПРАВНА И СООДВЕТНА ЗАСТАПЕНОСТ!“

Афан Елези

ВРЕДИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер