3 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата
ЗдравјеЕлена Пеева: САД испитуваат прва конвенционална вакцина со трајна заштита против Ковид-19 Во светот се уште постојат недоумици околу појавата на Ковид-19, ширењето на заразата и развојот на вакцините против коронавирусот. Кампањите за масовна имунизација, ефикасноста на вакцините и нивните евентуални несакани реакции, ковид-сертификатите, строгите епидемиолошки мерки и препораките за „бустер" дози се прашања што за голем број луѓе остануваат и понатаму енигма. Пандемијата на Ковид-19 поттикна безброј дезинформации, кои ги доведоа луѓето во заблуда и создадоа паника. Во обид некои од овие прашања да бидат многу појасни, МИА разговараше со потпретседателката и раководител на Одделот за воспаленија и имунолошки истражувања во Фајзер, доктор Елена Пеева. Доктор Елена Пеева е успешна Македонка која 30 години живее и работи во САД. Има завршено Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, каде и магистрирала. По заминувањето во САД го усовршила своето образование завршувајќи специјализација по интерна медицина на Универзитетската болница Stony Brook и субспецијализација по ревматологија и постдокторски студии по имунологија во Montefiore Medical Center/Albert Einstein College of Medicine. Подоцна работи како лекар и професор по медицина и имунологија на Albert Einstein College of Medicine во Њујорк сити. Научно-истражувачката работа на д-р Пеева е поддржана со грантови од Lupus Foundation, Arthritis Foundation i NIH (National Institutes of Health) и презентирана на национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Во текот на својата клиничка работа, д-р Пеева се соочи со лимитираните терапевтски опции достапни на пациентите со имунолошки болести. Желбата да го премости јазот меѓу истражувачката и клиничката работа, и потребата за нови лекови кои ќе им помогнат на пациентите, ја преориентира од академската медицина во фармацевтската индустрија, каде таа работи прво за Мерк, а потоа за Фајзер. Во изминатите 15 години, д-р Пеева успешно предводи повеќе клинички студии со нови лекови. Таа е автор на повеќе од 50 научни стручни трудови од областа на медицина и имунологија. По две години пандемија, колкава е досега бројката на аплицирани ковид вакцини и каков е уделот на Фајзер и кои се несаканите реакции од вакцините? Во светот се употребуваат осум различни вакцини против Ковид-19. Досега се администрирани повеќе од 10 милијарди дози. Вакцината на Фајзер против Ковид-19 (Comirnati) е првата мРНА вакцина против коронавирусот одобрена во САД и таа е најчесто користена вакцина во САД и ЕУ. Врз основа на резултатите од третата фаза на клиничките испитувања објавени во ноември 2020 година, мРНА вакцината на Фајзер/Бионтек има ефикасност од 95 отсто. Несаканите реакции најчесто се лесни и вклучуваат болка на местото кадешто е инјектирана вакцината, зголемена телесна температура, морници, главоболка, болки во зглобовите и мускулите, умор и слабост, кои траат неколку дена и се знак дека телото развива имунолошка реакција за заштита од инфекција. Ретко може да има појава на отечени и болни лимфни жлезди. Како и со другите вакцини, реакциите се почести и поизразени кај жените отколку кај мажите. Некои луѓе немаат никакви нус појави. Несаканите реакции поврзани со долгорочни здравствени проблеми се екстремно ретки по која било вакцинација, вклучувајќи ги и мРНА вакцините против Ковид-19. Објаснете ни нешто повеќе за мРНА вакцините и нивното делување. Кои се контраиндикациите на оваа вакцина? Месинџер РНА (мРНА) вакцините почнаа да се користат неодамна, но науката за мРНА и истражувањата за развој на мРНА вакцините датираат пред повеќе децении. Овие вакцини делуваат поинаку од другите, кои внесуваат протеин, ослабен или инактивиран микроорганизам во телото. Вакцините мРНА им даваат инструкција на клетките како да синтетизираат протеин, што ќе предизвика имунолошка реакција што овозможува создавање антитела за заштита од инфекција кога вирусот ќе влезе во телото. Вакцината мРНА против Ковид-19 се аплицира интра-мускуларно, влегува во клетките и ги инструира да произведат „spike protein" (протеинот кој се наоѓа на површината од САРС-КоВ-2 вирусот), а потоа клетките ја разградуваат инјектираната мРНА. Клетките го презентираат „спајк протеинот" на својата површина, имунолошкиот систем го детектира протеинот како туѓа супстанца и почнува да создава антитела против САРС-КоВ-2. Со тоа имунолошкиот систем е подготвен да го заштити телото против инфекција од вирусот, кој предизвикува Ковид-19. Контраиндикации од мРНА вакцините против коронавирусот се анафилактична реакција по првата доза од вакцината, акутна алергиска реакција на претходна доза или која било компонента од вакцината, вклучувајќи го полиетилен гликол (ПЕГ) или акутна алергиска реакција на полисорбат поради потенцијална кросреактивност со ПЕГ. Контраиндикациите од една мРНА вакцина против Ковид-19 се сметаат за контраиндикација и на други такви вакцини од други производители. На пример, ако вакцината Comirnati на Фајзер покажала контраиндикации кај некое лице, тоа значи дека истите контраиндикации се појавуваат и при употреба на Spikevax (мРНА вакцина на Модерна). Алергиски реакции на јајца, желатин, друг вид на храна, орални лекови и латекс не претставуваат контраиндикација од мРНА вакцините. Со појавата на новите мутации на коринавирусот се забележува дека вакцината не дава трајна имунолошка реакција. Кое е објаснувањето за тоа? Студиите покажуваат дека антителата против САРС-КоВ-2 се намалуваат со текот на времето. Засилувачката доза дава значително подобра заштита од омикрон варијанатата, отколку една или две дози од вакцината. Тоа не е ништо необично. Секоја година нова вакцина против грип се произведува за заштита од нова варијанта на инфлуенца. Може ли да ни објасните нешто повеќе околу таблетите PAXLOVID, за кои експертите тврдат дека претставуваат надеж за луѓето во овој период на ширење на омикрон варијантата. Дали овој лек е наменет само за невакцинираните или за сите? На кој начин се употребува, колку е ефикасен и дали снабдувањето со овој лек е ограничено? Паксловид (Paxlovid) е орален антивирусен лек. Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри Паксловид за дополнителна употреба на 22 декември 2021 година. Таблетите се наменети за лекување на лесна до средно тешка форма на Ковид-19 кај возрасни пациенти и деца постари од 12 години кои имаат позитивен тест на САРС-КоВ-2, и имаат фактори на ризик за прогрес во тешка форма на коронавирус, вклучувајќи хоспитализација и смртни последици. Паксловид е наменет за пациенти со почетни симптоми на Ковид-19, без оглед дали се вакцинирани или не. Таблетите се примаат двапати дневно во текот на пет дена. Клиничкото испитување покажа дека земањето Паксловид во првите три дена од појавата на Ковид-19 со лесно до средно тешки симптоми, го намалува ризикот од хоспитализација на 89 отсто за оние пациенти кај кои постои опасност за преминување во тешка форма на Ковид-19. Моментно, количествата на овој лек се ограничени, но се очекува неговото производство да се зголеми во следните месеци. Дали е подобро „бустер" вакцина да се прима на секои четири до пет месеци или треба да се произведе вакцина која ќе се прима еднаш годишно? Истражувањата се во тек, но мое мислење е дека засилувачките вакцини против Ковид-19 ќе се даваат еднаш до двапати годишно. Голем број граѓани во Македонија се вакцинирани со по две дози на вакцината на Фајзер. Дали за нив ќе биде потребна и трета „бустер" Фајзер вакцина или двете се доволни? Клиничките и епидемиолошките испитувања недвосмислено покажуваат дека засилувачката вакцина дава подобра заштита за омикрон варијантата отколку една или две дози од вакцините против Ковид-19. Во нашата земја вакцината на Фајзер се дава како трета „бустер" доза, независно од тоа со кои вакцини се претходно вакцинирани граѓаните. Колку вакцината на Фајзер е компатибилна со остантите типови на вакцини? Засега немам информации за значителни несакани ефекти по примање на засилувачка вакцина на Фајзер кај луѓе кои претходно се имунизирани со други вакцини. Засилувачката доза не мора да биде иста со вакцината која е користена при првичната имунизација. Американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) препорачува дополнителна доза со мРНА вакцина против Ковид-19, односно на Фајзер или Модерна, независно од типот на претходните две дози. Нема податоци за зголемени или нови нус појави кога мРНА засилувачката вакцина се комбинира со претходни дози од различните типови на вакцини. Фајзер подготвува нова вакцина против коронавирусот, која треба да биде готова во март. Дали оваа вакцина ќе биде решение за омикронот и другите варијанти. Може ли да се очекува конвенционална вакцина со трајна заштита, за што точно станува збор? Клиничките испитувања и добиените податоци од вакцините против Ковид-19 глобално покажуваат дека засилувачките дози овозможуваат одлична заштита против тешка форма на омикрон, но засега не е познато дали заштитата ќе опаѓа со тек на време. Затоа Фајзер започна клиничко испитување за тестирање на нова верзија на мРНА вакцина, специјално произведена за омикрон варијантата, бидејќи првично примените две дози не даваат доволна заштита од омикрон. Целта на студиите е да се увиди имунолошкиот одговор по примањето на новата Омикрон-базирана вакцина. Кај невакцинираните лица оваа вакцина ќе се тестира во три дози, а кај лицата кои претходно се вакцинирирани со две дози, оваа вакцина ќе се даде како засилувачка, трета доза. Kај оние лица кои досега примиле три дози, Омикрон-базирана вакцина ќе се даде како четврта доза и ќе биде споредена со имунитетот постигнат по четири дози од сегашната вакцина. На тој начин ќе се утврди каква е реакцијата кај сите групи луѓе по примањето на новата Омикрон-базирана вакцина во однос на имунолошкиот одговор. Досега се имаме соочено со пет варијанти на Ковид-19 (алфа, бета, гама, делта и омикрон). Потребни се нови методи за да се создаде широка и трајна заштита од варијантите на коронавирусот кои се познати, но и од оние кои не сме ги сретнале досега. Оттаму доаѓа терминот „пан-коронавирус вакцина". Научниците од американскиот воено медицински центар „Волтер Рид" работат на испитување на Спајк феритин нано честичка (Spike ferritin nano) вакцина против Ковид-19, наречена СпФН (SpFN), која би била прва конвенционална вакцина со трајна заштита против сите варијанти на коронавирусот. Неодамна е завршена првата клиничка студија со СпФН, а резултатите се очекуваат набргу./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВетувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривичниУплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. „Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот. -Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна лотарија“За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија.За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија, кој се појави како сведок на обвинителството во случајот со злоупотреби во државна лотарија од речиси 10 милиони евра. Крстевски кој сега работи во кабинетот на актуелниот директор на Лотарија, а порано бил член и во управниот и надзорниот одбор, рече дека вработените не добиле детално објаснување зошто е неопходна набавката на ВЛТ апарати. -За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав непосредно пред крај на постапката од лица кои беа членови во комисиите кои треба да ги спроведат постапките. Сметам дека требаше да добиеме подетално објаснување за оваа набавка. Тие никогаш не неа ставени во функција и сега се наоѓаат во некој наш магацин,- - сведок Андреј Крстевски. Според одбраната пак, иако сведокот рече дека не гласал за планот за набавка на ВЛТ апаратите, дал исказ со кој потврдил дека ВЛТ апаратите биле дел од финансискиот план на претпријатието и со тоа потврдил дека бил свесен за нивната неопходност уште од почетокот на постапката. Токму набавката на ВЛТ апарати е предмет на обвинение во случајот во кој првообвинет е ексдиректорот Перпарим Бајрами, а обвинителен предлог има и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште 6 лица. Следното рочиште е закажано за 6 ноември кога ќе се испитуваат последните сведоци на обвинителството, а кога се очекува да се појави и актуелниот директор на Лотарија Александар Климовски. По ова се очекува пред судот да бидат испрашувани сведоци на одбраната, а Груби веќе најави дека меѓу повиканите сведоци на одбраната ќе бидат сите поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државатаДеветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари. -Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела. Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати. И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода. Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме. Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook