Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај - Канал 5

Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај

Дигитализацијата е приоритет во новото време и затоа се воведуваат сè повеќе дигитални услуги на порталот e-uslugi.gov.mk. 

Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај

Тие се побрзи за корисниците зашто се минимизираат бирократските процедури, се намалува можноста од грешки од човечки фактор зашто автоматско е евалуирањето при рангирањето, нема дискрециски овластувања, протекционизам и корупција.

Голем број е-услуги се достапни во областа на образованието – се применува нов систем за дигитално апилицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, аплицирањето на општините до МОН за инфраструктурни проекти и реновирање на училишта, а од мај ќе биде воведена и нова услуга – дигитално запишување на првачињата за учебната 2021/2022 година.

Центарот за управување со промени (ЦУП) денеска на онлајн-конференција ги презентираше електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање". Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Зборувајќи за придобивките од дигиталната трансформација во општеството, министерката Мила Царовска истакна дека покрај квалитативна промена на сите степени на образованието во земјава, интензивно се работи и на дигитализација.

– Сите земји кои не се дигитализираат и трансформираат заостануваат, зашто светот се менува екстремно брзо, а ние како држава во развој треба да фатиме двапати побрз чекор. МОН има ваков став кон услугите кои итно треба да се трансформираат во дигитални. Образовниот процес покажа дека брзо може да се трансформира. Речиси цела учебна година имаме одлична инеракција и комуникација помеѓу наставник и ученик, што за нашата држава е голем отскок во однос на она што беше минатата година, рече Царовска.

Задоволна е од услугите што се достапни дигитални во рамки на проектот што го спроведува ЦУП, со кои се заштедува и време и нема застој во остварување на правата, посочувајќи го нострифицирањето на дипломи кое сега е возможно за еден ден наместо да се чека неколку месеци. Посочи дека дигиталните услуги се допбредојдени и во време на пандемија зашто се штити јавното здравје. Но, смета и дека треба да се подигне свеста за корисноста на новиот начин на услуги зашто се уште постои недоверба, па голем дел од студентите доаѓале во МОН за да се осигураат и да добијат архивски број дека аплицирале.

Министерката ги повика родителите да ја искористат можноста за дигитално запишување во основното образование за наредната учебна година, нова дгитална услуга која ќе почне да се применува во мај, со што, рече, ќе се избегне и метежот во училиштата. Очекува дека ваков современ пристап ќе има и за упис во средното образование, дека во наредниот период ќе се дигитализираат и сите услуги поврзани со конкурсите за наука.

Следен предизвик на кој ќе се работи, додаде Царовска, е родителите да имаат можност неделно да добиваат од училиштата извештаи од Е-дневникот за напредокот на ученикот преку автоматизирана апликација на нивните мобилни телефони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

190.000 евра месечно е највисоката плата исплатена минатата година во Македонија

Од четиригодишен милионер до милионски плати и дивиденди – што открива извештајот на УЈП за 2025 година? 

190.000 евра месечно е највисоката плата исплатена минатата година во Македонија

Четиригодишно дете остварило 3,1 милион денари или околу 51 илјада евра од дивиденда, додека 97-годишен пензионер пријавил нешто над еден милион денари, односно околу 17,7 илјади евра годишни приходи, од кои 59% се од пензија. Највисоката годишна бруто-плата во 2025 година изнесувала околу 2,26 милиони евра, односно просечно речиси 189 илјади евра месечно. Станува збор за лице од Скопје, вработено во секторот за ископување камен јаглен. Според податоците на УЈП, сите пет највисоки годишни плати се исплатени во главниот град, а меѓу дејностите се трговијата на големо со храна, пијалаци и тутун, како и други сектори. Високи приходи се евидентирани и од дивиденди, капитални добивки, самостојна дејност, изнајмување имот и игри на среќа. Највисокиот вкупен годишен приход достигнал околу 4,19 милиони евра кај лице од Гевгелија, додека лице од Охрид пријавило околу 4,14 милиони евра.

-Најмладото лице кое остварило ваков доход е дете од 4 години, кое има остварено дивиденда исплатена од една банка, а највозрасниот граѓанин со остварен доход над 1 милион денари е пензионер со доход од 1,1 милион денари од пензија, која не му е единствен доход,- Елена Петрова – директорка на УЈП.

Во првите девет месеци од 2026 година, УЈП наплатила околу 1,86 милијарди евра даночни приходи, односно 72 проценти од годишниот план. Намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти не значи автоматски и пропорционално намалување на даночните приходи во буџетот, објаснува Петрова, посочувајќи дека при претходното намалување на стапката во март и април била остварена висока наплата на ДДВ.

-Во однос на наплатата на даноците во првите девет месеци, можеме да кажеме дека истата е стабилна и со раст што е над планираната динамика. Во периодот од јануари до септември се наплатени даночни приходи од 1 милијарда и 857 милиони евра, што е раст од 11,5% во споредба со истиот период лани. Во однос на намалувањето на стапката на ДДВ за горивата од 18% на 10%, тоа значи намалување на вкалкулираниот ДДВ во продажната цена, но пресметувањето на обврската зависи и од продадените количини, одбивката на ДДВ, побарувачката, потрошувачката и многу економски фактори,- Елена Петрова – директорка на УЈП.

Во однос на повратот на ДДВ, Петрова посети дека законскиот рок е 30 дена од поднесувањето на барањето, а доколку се потребни дополнителни проверки или документација, постапката може да се продолжи. Ако рокот биде надминат, на компаниите им следува камата согласно законските правила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани

Ниту еден претставник на градежната компанија „Венци проект“, која ги изведувала градежните зафати во објектот, со образложение до судот дека имале работни обврски, не се појави на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани

Како предлог на одбраната се очекуваше компанијата да даде одговри за градежните интервенции кои биле извршени во објектот и дали за нив биле потребни соодветни дозволи и лиценци. Судењето продолжи со дополнително вкрстено испрашување на граджениот вештак предложен од одбраната на обвинетите. Тој остана на тврдењето дека на објектот не била извршена реконструкција, туку градежно-занаетчиски работи, за кои, според неговото толкување, не биле потребни лиценци.

Семејствата на загинатите сметаат дека обвинителството преку прецизни и аргументирани прашања успеало да ја доведе во прашање веродостојноста на тврдењата на Русевски, кои, како што наведуваат, биле спротивни на стручните наоди, заклучоците и доказите на вештаците од Градежниот факултет.

-Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења, докази и судски рочишта стои една неизмерна човечка болка. Стојат 63 прерано згаснати животи. 63 насмевки што никогаш повеќе нема да ги видиме, 63 неостварени соништа и иднини кои сурово беа прекинати,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во Пулс.

Обвинителството на претходното рочиште, при вкрстеното испрашување, ги оспори неговите тврдења, посочувајќи дека дел од исказите не се совпаѓаат со наодите во градежното вештачење што самиот го изготвил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли ново поскапување на парното и на струјата по нова година?

Ќе донесат ли новите барања на енергетските компании повисоки сметки за граѓаните? 

Ќе има ли ново поскапување на парното и на струјата по нова година?

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа од околу 98 проценти за пренос на електрична енергија, додека компаниите што произведуваат, дистрибуираат и снабдуваат со парно бараат промена на одобрените приходи и цената на топлинската енергија. Од РКЕ потврдуваат дека барањата се пристигнати и дека во тек е нивна анализа.

МЕПСО бара тарифата за пренос на струја да се зголеми од 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, што е раст од околу 98 проценти. Но, тоа не значи дека и крајните сметки за струја ќе бидат повисоки за истиот процент. Од МЕПСО побаравме да објаснат кои трошоци го наметнуваат бараното зголемување, но до почетокот на вестите не добивме одговор.

Неизвесна е и цената по која ЕСМ ќе ја понуди струјата за 2027 година. Од компанијата за Канал 5 велат дека сè уште ги анализираат трошоците и проекциите за производството. До крајот на октомври пресметките треба да бидат доставени до Владата, која ќе ја утврди регулираната цена со која ЕСМ ќе конкурира на тендерот на ЕВН Хоум за покривање до 70 проценти од потребите на универзалниот снабдувач. За преостанатите 30 проценти, ЕСМ дополнително ќе одлучи по која цена ќе ја понуди струјата.

Притисок врз трошоците има и кај парното. ЕСМ посочува дека цената на природниот гас е еден од клучните фактори за производството на топлинска енергија, во октомври цената на гасот на EEX(TTF) берзата пораснала за околу 60 проценти во однос на цената одобрена од РКЕ.

„Цената на природниот гас на eex(ttf) берзата порасна за околу 60% во однос на одобрената цена, прогнозираниот тренд на раст на цената на природниот гас за повеќе од 60% за оваа грејна сезона претставува значаен фактор што влијае врз трошоците за производство на топлинска енергија.“– ЕСМ.

РКЕ треба да ги анализира пријавените трошоци и да оцени кои се оправдани пред да ги утврди тарифите за топлинската енергија. Засега нема потврден процент на поскапување на парното, ниту конечна одлука за цената на струјата. Колкав товар ќе понесат домаќинствата, ќе зависи од одлуките што допрва треба да ги донесат надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер