МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
1МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
АвтомобилизамЕлектричните автомобили ги освојуваат Германците, еден модел бележи раст од 750% Според најновите податоци од Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KBA), во април 2025 година се регистрирани вкупно 45.535 електрични автомобили, што претставува огромен раст од 53,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година.Ова е значајна промена на најголемиот автомобилски пазар во Европа. Вкупниот број на регистрации на нови патнички автомобили, на 242.728 возила, е малку под нивото од претходната година (минус 0,2 проценти). Покрај целосно електричните возила, кои сега достигнуваат пазарен удел од 18,8 проценти, значително пораснаа и хибридните возила. Вкупно беа регистрирани 91.696 хибриди (+22,0 проценти), вклучувајќи 24.317 plug-in хибриди (+60,7 проценти). Падот на продажбата на бензинците е 26,4 проценти, а падот на продажбата на дизелаши е 18,7 проценти, според списанието HAK. Кинескиот производител BYD забележа раст од повеќе од 750 проценти во споредба со април 2024 година. Со 1.566 нови регистрации, BYD не заостануваше многу зад MG (1.747 нови регистрации). Во април, американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ успеа да продаде само 885 возила во Германија, што е намалување од 45,9 проценти во споредба со истиот месец претходната година. Силните перформанси на електричните автомобили делумно се резултат на скромната продажба минатата година. Затоа растот во проценти изгледа раскошен, но трендот на раст е сè уште јасен. Кинеските производители го освојуваат европскиот пазар Додека европскиот пазар на електрични возила се опоравува по минатогодишниот пад, најимпресивен е драстичниот раст на кинеските производители. BYD, кој стана втор најголем производител на електрични автомобили во светот, ја зацврсти својата позиција во Германија со зголемување на продажбата од неверојатни 750 проценти. „Кинеските производители на автомобили инвестираат многу во европската инфраструктура и ги прилагодуваат своите модели на европските стандарди за квалитет и безбедност“, се вели во извештајот на KBA. BYD со модели како Atto 3 и Seal покажува дека може да понуди конкурентна цена со респектабилни перформанси и досег. Спротивно на тоа, Тесла продолжува да губи пазарен удел во Германија. Со само 885 продадени возила во април, американскиот производител бележи пад од речиси 46 проценти во споредба со истиот период минатата година. Експертите го припишуваат ова на сè посилната конкуренција, но и на заситеноста на пазарот со модели што Тесла не ги редизајнирала значително со години. Субвенциите и инфраструктурата како клучни фактори за понатамошен раст Електричните автомобили сè повеќе ги освојуваат германските возачи и покрај завршувањето на државните субвенции на крајот од 2023 година. Она што сега го движи пазарот е подобрената инфраструктура за полнење и сè поширокиот спектар на модели во различни ценовни категории. Според податоците на KBA, бројот на јавни станици за полнење во Германија е зголемен за 35 проценти во споредба со минатата година, со што значително се намалува „вознемиреноста од досегот“ што претходно беше главна пречка за купување електрични возила. „Електрификацијата на германскиот возен парк продолжува и покрај предизвиците. Потрошувачите покажуваат зголемена подготвеност да се префрлат на електрични автомобили, особено бидејќи цените стануваат поконкурентни, а инфраструктурата е поразвиена“, се вели во соопштението на Германското здружение на автомобилска индустрија. Со сегашниот тренд на раст, се очекува електричните возила да достигнат една четвртина од вкупниот пазар на нови автомобили во Германија до крајот на 2025 година, што претставува значаен чекор кон постигнување на климатските цели и намалување на зависноста од фосилни горива.Тагови: електрични автомобили модели Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook