Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
1Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
3Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
АвтомобилизамЕлектричниот „Porsche Cayenne“ ќе се произведува во СловачкаТоа беше еден од првите спортски „SUV“ модели со моќен „V8“ мотор, а сега се префрла на електрична енергија.Кога ќе кажеме дека тој од темел го врати брендот и му обезбеди огромни приходи, лесно може да се заклучи дека се работи за моделот „Cayenne“. Третата генерација е на пазарот од 2017 година, а сега поминува низ уште еден фејслифт за да дотурка до доаѓањето на новата генерација. И, најверојатно, ќе биде целосно електричен. Станува збор за рецепт кој беше применет кога беше донесена одлуката дека новиот „Macan“ ќе биде исклучиво електричен модел. Оваа недела „Porsche“ објави важна вест во врска со четвртата генерација на својот „SUV“ модел, а тоа е дека новата генерација ќе се произведува во фабриката на „Volkswagen“ во Братислава. Потсетуваме дека сегашната генерација се произведува и во Словачка, но сега околностите се малку променети бидејќи новиот „Cayenne“ ќе има електричен погон. Значи, тоа ќе биде уште еден електричен модел на концернот „VW“ чие производство се одвива надвор од границите на матичната земја. Познат е и планот. По „Porsche Taycan“, лансиран во 2019 година, електричниот „Macan“ ќе пристигне во 2024 година, а потоа и електричниот 718 во средината на деценијата. Погодувате, четвртиот електричен модел во серијата ќе биде „Cayenne“, потврдија од „Porsche“. Иако „Cayenne“ со години се произведува во Братислава, многумина се изненади што оваа практика ќе продолжи и по префрлањето на електрични погони. Да потсетиме, „Cayenne“ е еден од столбовите на компанијата „Porsche“, модел кој на германскиот производител му дава (финансиска) слобода во создавањето на супер спортски автомобили кои се направени повеќе „за душа“. Во превод, „Cayenne“ со 95.604 продадени единици во 2022 година и обезбедува на компанијата доволно капитал за развој на нови производи. Кога станува збор за фабриката во Братислава, нејзината поврзаност со моделот „Cayenne“ датира 20 години наназад. Имено, во почетокот таму се произведувале делови за моделот и се испраќале на склопување во Лајпциг. Од третата генерација, производството беше префрлено во Словачка, каде што се произведуваа модели со класични погони, како и „plug-in“ хибридни верзии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчиПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%. Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
СветВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-КанадаВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји. Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа. И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter