Електричен рекордер: За помалку од 3 и пол години поминал 666.000 километри - Канал 5

Електричен рекордер: За помалку од 3 и пол години поминал 666.000 километри

Неверојатно достигнување за автомобилот, но и за неговиот сопственик кој буквално ги поминал последните неколку години зад воланот.

Електричен рекордер: За помалку од 3 и пол години поминал 666.000 километри

Ако некогаш сте се сомневале во веродостојноста на електричните автомобили, овој пример треба да ве убеди. Барем кога станува збор за Hyundai и корејската автомобилска индустрија, чија доверливост се чини дека е независна од типот на погонскиот мотор.

Според објавата на Фејсбук групата Mileage Impossible посветена на маратонците на четири тркала, овој Hyundai дефинитивно е достоен за секој комплимент. Според приложената фотографија, овој електричен рекордер поминал неверојатни 666.255 километри за три години и пет месеци.

Во превод, сопственикот го возел овој автомобил 16.656 километри секој месец или 555 километри секој ден. Со оглед на опсегот, овој автомобил поминувал многу време на полначот секој ден. Според сопственикот, батеријата издржала 580.000 километри, а Hyundai потоа ја заменил бесплатно.

За потсетување, гаранцијата за батериите е типично до 10 години со ограничување на километражата од 160.000 km. Од Hyundai очигледно оцениле дека овој пример ќе им донесе позитивен публицитет, па решиле да го наградат сопственикот со замена.

Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања

Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања на прехранбените производи, најави Мицкоски.

Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања

Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако на 30-ти минатиот месец завршија владините мерки за скалести маржи, Мицкоски рече дека нема таква информација според бројките што му ги претставил пред два дена ресорниот министер. Мицкоски порача и дека нема да се толерираат трикови во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“.

- Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случува тоа на крајот на месецот автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услуги, пи ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети, слушаме, стигаат до нас тие инфоромации, вознемирени сме од тоа што го слушаме, и е добро тоа што го слушаме затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос, изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на 8. месецов изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, рече Дурмиши на прес-коференција, посочувајќи дека меѓу мерките кои за кои се размислува е и да се покачи процентот на маржата.

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Во Истанбул вчера се приведени 97 студенти кои протестираа поради конференцијата на исламскиот проповедник Нуредин Јилдиз во кампусот на Универзитетот Богазичи.

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Студентите протестираа поради учеството на проповедникот Јилдиз, кој има контроверзни ставови за раните бракови. Конференцијата била во организација на Студентскиот клуб на Универзитетот.

Вкупно 97 студенти се приведени откако се обиделе да ја преминат полициската блокада на кампусот, при што се повредени 13 полицајци откако паднале во петметарска градежна дупка за време на судирите.

Изминатите години турските студенти и универзитетскиот кадар често протестираат, како што тврдат, поради мешањето на Владата во академскиот живот.

Турските студенти изминатите месеци протестираа и поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

 Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

-Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источнн сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.

Мицкоски кажа и дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.

Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.

Целта на посетата на Кошта на регионот е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. - Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

притисни ентер