Екстремно жешкиот јуни го зема данокот – двојно зголемен бројот на мозочни удари и колабирања - Канал 5

Екстремно жешкиот јуни го зема данокот – двојно зголемен бројот на мозочни удари и колабирања

Зголемен број на пациенти во Одделението за неврологија во ГОБ „8 Сепетември“  со мозочен удар поради зголемените високи температури. 

Екстремно жешкиот јуни го зема данокот – двојно зголемен бројот на мозочни удари и колабирања

Доктор Ана Донева началник на одделението за неврологија објаснува дека поради зголемените температури зголемени се и колапсите влошување на состојбите со хроничните болни. Таа со апел до граѓаните да внимаваат и да ги почитуваат препораките со храна, облека и изложување на сонце. Освен што граѓаните тука спаѓаат и младите простор за итна интервенција се дава на мозочните и срцевите удари кои се итни.

Донева со основни лекции за подобрување на здравјето во екстремно високи температури. Внес на вода и течности, но задолжителен внес и на електролити.

Тополиот бран продолжува и викендов високи температури и над 40 степен, а минимален пад на температурите се очекува од понеделник.

Граѓаните да бидат внимателни и на високиот индес на зрачење девет и задолижтелно да носат заштита на глава и да ја заштитат кожата со крема од сонце.

Стармер се сретна со палестинскиот лидер

Британскиот премиер се сретна со палестинскиот лидер, додека Лондон го претставува пакетот за поддршка на палестинските територии

Стармер се сретна со палестинскиот лидер

Британскиот премиер Кир Стармер го прими шефот на Палестинската самоуправа, Мохамед Мустафа, синоќа во Лондон, откако Даунинг стрит 10 објави пакет за финансирање од 101 милион британски фунти за палестинските територии како знак на „непоколеблива поддршка“ од Велика Британија, јави ДПА.

Стармер за време на состанокот со Мустафа изјави дека разговорите се фокусирале на тоа како што поскоро да се продолжи со прекинот на огнот во Газа и „брзо и обемно да се достави хуманитарна помош“.

Велика Британија најавува пакет за поддршка на палестинските територии, вклучувајќи 101 милион фунти за хуманитарна помош, економски развој, зајакнување на управувањето и реформи.

Стармер се ракуваше со палестинскиот лидер пред неговата резиденција пред да одржи разговори внатре, за време на кои повтори дека решението за две држави меѓу Израел и Палестинците е „единствениот вистински ефикасен начин за постигнување мир“.

„Ова е многу комплицирано, но мислам дека е потсетник дека треба да се справиме со коренскиот проблем на сето ова, а тоа е недостатокот на имплементација на решението за две држави“, рече Мустафа.

Израел го блокираше влезот на храна, гориво, лекови и други хуманитарни залихи во Газа од 2 март. Израел продолжи со бомбардирањето на 18 март, прекршувајќи го прекинот на огнот во долготрајната војна, и зазеде големи делови од Газа со наведена цел да изврши притисок врз исламистичката група Хамас да ослободи повеќе киднапирани израелски заложници.

Светската програма за храна минатата недела соопшти дека нејзините залихи од храна во Појасот Газа се потрошиле за време на блокадата, со што е прекинат главниот извор на егзистенција за стотици илјади Палестинци. /MИА

ДЗР констатирал слабости во договорените јавно-приватни партнерства

Во текот на вршењето на ревизијата, како што е наведено во соопштението, утврдени се вкупно 68 договори за доделување на ЈПП, но поради несоодветно воспоставена евиденција постои ризик бројот на склучени договори за ЈПП да е над утврдениот.

ДЗР констатирал слабости во договорените јавно-приватни партнерства

Иако во воспоставените јавно-приватни партнерства (ЈПП) се вложени значителни средства, ревизијата за периодот од 2017 до 2024 година констатира недостатоци во законските и институционалните рамки, како и во процесите за доделување и спроведување на договорите. Овие слабости, заедно со ограничената конкуренција и несоодветно реализираните договори не ги исполниле очекувањата за обезбедување ефикасни јавни услуги и значајно подобрување на инфраструктурните објекти, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Од ДЗР велат дека извршената ревизија на успешност на тема „Подобрување и унапредување на јавните услуги и инфраструктурните објекти со јавно приватно партнерство“, е со цел да се оцени дали преземените мерки и активности за воспоставување и реализација на договори за јавно приватно партнерство (ЈПП) обезбедуваат ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти.

Во текот на вршењето на ревизијата, како што е наведено во соопштението, утврдени се вкупно 68 договори за доделување на ЈПП, но поради несоодветно воспоставена евиденција постои ризик бројот на склучени договори за ЈПП да е над утврдениот.

-Со извршената ревизија опфатени се 25 постапки за ЈПП, при што од расположливите податоци утврдено е дека јавниот партнер наплатил надоместоци во износ од приближно 1,5 милиони евра, додека на приватниот партнер му платил надоместоци во износ од приближно 3 милиони евра. Вкупното учеството на приватните партнери во овие договори изнесува приближно 37 милиони евра, што ја претставува само набавна вредност на изградените објекти. Учеството на јавниот партнер е значително, но истото не може вредносно да се искаже со оглед на тоа дека се работи за отстапени права (обезбедени согласности и дозволи за градба, решенија), отстапување на земјиште, градежни објекти и опрема, се наведува во соопштенеито.

Дополнително, како што велат од ДЗР, не се врши редовно мерење и следење на ефектите од склучените договори за ЈПП, поради што не може да се утврди нивното влијание врз квалитетот на јавните услуги и инфраструктурниот развој на државата.

Ревизијата покажала дека постапката за доделување на договори за воспоставување на ЈПП се спроведува без детални подготвителни активности, односно кај 80 отсто од спроведените постапки за воспоставување на договори за ЈПП кои биле предмет на ревизија не се изготвени Извештаи за претходна анализа каде треба да се наведат основните елементи за проектот.

-Анализата на спроведените електронски аукции, опфатени со ревизијата, покажува дека приближно 80 отсто од договорите, се склучени со единствениот најповолен понудувач што упатува на отсуство на конкуренција. Во текот на ревизијата се утврдени слабости во содржината на склучените договори за ЈПП, што претставува можност од неисполнување на обврските на приватниот партнер, несоодветна правна заштита која не создава услови за наплата на казнени пенали во случај на неквалитетно извршување/не извршување на договорите, се наведува во соопштението.

Ревизорите утврдиле кај поединечни случаи неправилности во делот на воспоставувањето и реализацијата на договорите за ЈПП, што не овозможува постигнување најдобра вредност за вложените парични средства.

-Констатирано е и состојба на склучен договор за ЈПП со времетраење од 96 години, што е спротивно на законскиот лимит од најмногу 35 години. Во тек се судски постапки во кои јавен партнер се јавува како тужена страна за долг од приближно 3,9 милиони евра. Со извршената ревизија во одделни постапки ревизорите утврдија слабости во начинот на воспоставување и реализација на договорите за ЈПП, истакнуваат од ДЗР.

Во извештајот е посочено дека за развој и унапредување на туризмот, зачувување на традиционалната македонска архитектура и храна, некогашниот начин на стопанисување и етнологијата, Владата во 2011 година започнала со изградба на Комплексот „Македонско село“ локациски сметен во село Горно Нерези.

-Инвестицијата на државата во Комплексот „Македонско село‘‘ од 293.961 илјади денари, не ги даде очекуваните резултати, поради што за изнаоѓање решение и негова употребна вредност во 2016 година се склучил договор за воспоставување на ЈПП. Очекуваниот приход за целото времетраење на договорот изнесува 53.800 илјади денари, што претставува 18% од висината на вкупната инвестиција. Сепак, договорот, кој бил склучен без доволни подготвителни активности и анализи, не обезбеди долгорочна соработка и економски придобивки, поради што истиот беше раскинат од страна на концесионерот во октомври 2018 година, поради економска неисплатливост, велат од ДЗР.

Имајќи го во предвид значителното вложување во изградбата на објектот, со ревизијата се укажува дека доколку Комплексот „Македонско село‘‘ во иднина не биде ставен во функција и редовно одржуван, постои ризик истиот да биде целосно оштетен од надворешни влијанија, човечки фактор и други штетни влијанија.

Ревизијата утврдила дека Владата во 2019 година донела Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од инфекции, заради остварување болнички интегрирани услуги за управување со централни стерилизациски станици, персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, стерилен медицински материјал (облека) за една употреба во хируршките сали, третман на ризици од биолошки отпад и дезинфекција на хируршки сали.

-Во декември 2019 година, склучен е договор за ЈПП меѓу Владата преку Министерство за здравство како јавен партнер и група на економски оператори како приватен партнер, за период од 15 години, со кој приватниот партнер се обврзал да реновира и адаптира четири објекти во Центри за стерилизација, во рок од две години, односно до декември 2021 година. Поради нецелосно исполнети услови од страна на јавниот партнер, рокот за реализација повеќепати е пролонгиран на неопределено време, се наведува во соопштението.

Ревизорите констатирале дека Комисијата за следење на реализацијата на договорот за ЈПП, која е составена од претставници и на јавниот и на приватниот партнер, констатирала дека приватниот партнер во целост извршил реновирање, адаптирање и опремување само на Центар за стерилизација на хируршка опрема на објектот кој се наоѓа во ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ1 – Клиника за ортопедија „Мајчин дом“ – Скопје, додека кај другите три објекти не се отпочнати активности бидејќи истите не им биле предадени во владение на приватниот партнер.

-Во мај 2024 година, Комисијата повторно извршила обиколка во просториите на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Скопје и констатирала дека се запазени протоколите и стандардите за отпочнување со работа, но до завршување на ревизијата соработката по основ на ЈПП сè уште не е воспоставена. Во август 2024 година со цел информирање за прогресот за имплементација на договорот за ЈПП, од страна на Министерството за здравство подготвена и испратена е информација до Владата, која е разгледана како документ од информативен карактер, при што не се дадени предлог – заклучоци за натамошно постапување, се посочува во соопштението од ДЗР.

Ревизорите истакнуваат дека доколку не се воспостави соработка помеѓу двата партнери и не се изнајде заедничко решение постои ризик од потенцијални штети за двете страни. Овие штети, како што велат, не се ограничени само на економски аспекти, туку може да имаат и негативно влијание врз јавната перцепција за институциите и квалитетот на здравствените услуги кои им се обезбедуваат на граѓаните.

-Во ноември 2021 година, склучен е договор за доделување на ЈПП за управување со паметни туристички инфо и промо центри во Полошкиот регион. Предмет на договорот е обезбедување услуги за функционирање на вакви центри на две локации — во Тетово и Попова Шапка. Од страна на јавниот партнер обезбедени се монтажни објекти од привремен карактер, додека во договорот не се прецизирани конкретно обврски на приватниот партнер. Договорот е склучен со вкупна вредност од 60.000 илјади денари, со цел да се обезбедат навремени и квалитетни информации за туристите поврзани со сместување, угостителство, настани и други релевантни содржини, како и да се поддржат маркетинг иницијативи, промоција на локални производи и креирање атрактивни туристички понуди кои ќе го поттикнат развојот на туризмот во регионот, истакнуваат од ДЗР.

Со ревизијата е утврдено дека приватниот партнер, паметниот и информативен промотивен Центар не го користел наменски за промоција на туризмот, туку за вршење комерцијална дејност.

-Комисија за имплементација и надзор на договорот за ЈПП, дала предлог до директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион за раскинување на договорот. За да го избегне тоа и да ја продолжи соработката, приватниот партнер, преку договор за „сингуларна сукцесија“ 2 , ги пренел своите права и обврски на друго правно лице. Притоа, не биле обезбедени соодветни докази за личната и економскофинансиската способност на новиот приватен партнер, што е спротивно на начелата за еднаков третман, транспарентност и недискриминација при избор и работа со приватни партнери, соопшти ДЗР.

Во 2012 година АД Водостопанство - подружница „Тиквеш“ Кавадарци врз основа на пре – физибилити студија за реконструкција на постоечки објекти и имплементација на 4 нови МХЦ на река Бошава спровела постапка за воспоставување на договор за ЈПП.

Во 2012 година подружница „Тиквеш“ Кавадарци склучува договор за ЈПП за реализација на проектот Бошава за повеќенаменско искористување на водите, со кој е уредено приватниот партнер да изгради 5 МХЦ. Бројот на МХЦ не е согласно физибилити студијата, јавниот повик и тендерската документација за воспоставување ЈПП. Наведената состојба покажува дека склучениот договор за ЈПП не е усогласен со подготвителните активности и спроведената постапка за доделување на договор, што може да влијае на оправданоста и квалитетот на вршењето на дејноста на јавниот партнер.

Во делот на правната рамка, ревизорите утврдиле дека националното законодавство за ЈПП не е во целост усогласено со Директивата 2014/23/ЕУ за доделување на договорите за концесија и разликите се однесуваат на области кои се предмет на уредување и правилата за воспоставување на договорите за ЈПП.

Дополнително, ревизорите укажуваат на отсуство на национални политики и сеопфатна стратегија за развој на ЈПП, што негативно се одразува врз планирањето на проектите, распределбата на ресурсите и дефинирањето приоритети. Ова, пак, го отежнува привлекувањето на економски оператори и го забавува развојот на квалитетни јавни услуги и инфраструктура.

Ревизорите утврдиле дека иако Советот за ЈПП, бил именуван од Владата два пати, како значајно советодавно тело за унапредување и ефективно остварување на ЈПП во земјата, сепак не ја извршувал законската функција. Поради тоа недостасуваат промотивни активности за ЈПП, предлози за проекти склучени со помош на ЈПП, иницијативи и предлози за изменување на прописите во областа.

При ревизијата утврдени се слабости во националната законска регулатива за ЈПП, што неповолно влијае врз начинот на планирање, воспоставување, управување, следење и отчетност на проектите за ЈПП и нецелосно почитување на начелата на еднаквост, недискриминација, пропорционалност и транспарентност во постапките. Дополнително, не е предвидено постоење на Единствен електронски систем за ЈПП, преку кој транспарентно би се спроведувале сите постапки и би се овозможило автоматско водење регистар на доделени договори.

-Недостатокот на Единствен електронски систем за ЈПП и нецелосно ажурираниот Регистар на доделени договори за ЈПП (се води како табеларен преглед во excel), кој треба да биде единствена база на податоци за следење на целокупниот процес, влијае врз успешното спроведување на законот и не обезбедува транспарентен и унифициран пристап до информации за склучените договори, се наведува во соопштението.

Според ревизорите начинот на кој е уреден надзорот не е доволно прецизен и не овозможува навремено следење и информирање за степенот на реализацијата на договорите.

-Законската регулатива не содржи прекршочни одредби за недоставено известување за склучен договор, ниту одредби за известување за раскинат договор за ЈПП од страна на јавниот партнер до МЕ, што влијае на ажурното водење на Регистарот на доделени договори за воспоставување на ЈПП и неговата комплетност. Недоволна кадровска екипираност кај јавните партнери, неповолно влијае во начинот на спроведување на надзорните активности кај ЈПП, велат од ДЗР.

Според ревизорите за надминување на наведените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните институции, а во функција на обезбедување ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти.

МАКП одржа дебата помеѓу корпоративни правници и адвокати на Правен факултет „Јустинијан Први“

По дуелот за студентите беше изготвен квиз за проверка на наученото и беа доделени неколку награди.

МАКП одржа дебата помеѓу корпоративни правници и адвокати на Правен факултет „Јустинијан Први“

Кој сака да биде адвокат, а кој се гледа во иднина како корпоративен правник? Кои се предизвиците, а кои слабостите? Кои се стереотипите за корпоративните правници во компаниите и како да се унапреди нивната позиција и неприкосновеност. Колку е голема улогата на корпоративните правници во компаниите? Ова беа некои од темите на дуелот помеѓу претставници на корпоративните правници и на адвокатите кој се одржа вчера на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Преку овој дуел се одбележа почетокот на соработката меѓу Македонската Асоцијација на корпоративните правници и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

-Една од целите кои Македонската Асоцијација на корпоративни правници си ги постави при основањето беше едукацијата и помагањето на младите во нивната професионална ориентација, па во таа насока го организиравме и овој настан, со малку поинаков концепт, по кој ќе следуваат и други интересни активности. Големиот интерес за денешниот настан, за нас е знак дека сме на добар пат. Остануваме посветени кон натамошна промоција и унапредување на статусот на компаниските правници во системот, според најдобрите пракси на развиените општества, изјави Иван Петрушевски, претседател на МАКП.

По дуелот за студентите беше изготвен квиз за проверка на наученото и беа доделени неколку награди.

притисни ентер