ЖивотЕкстремно високи температури на површината на морето во ГрцијаОд два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија.Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето. Во текот на вчерашниот ден, температурата на морската површина била за пет степени повисока во северниот дел на Егејското море, споредбено со истиот период во изминатите над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМохамед Салах ќе игра во Турција, неговиот агент слета во Истанбул Агентот на Мохамед Салах, Рами Абас, пристигна во Истанбул, а според најдоверливите турски медиуми, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул е многу блиску до преселба во Бешикташ.Според новинарот Јагиз Сабункуглу, Салах првично барал плата од 15 милиони евра по сезона, но по преговорите се согласил на 12 милиони. Се очекува Египќанецот да потпише едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Рами Абас, агентот на Салах, пристигна во Истанбул за да ги договори последните детали за трансферот со челниците на Бешикташ. Доколку нема непредвидени проблеми, Салах наскоро би требало да стане новото големо засилување на истанбулскиот гигант. Салах имаше профитабилни понуди од Саудиска Арабија и МЛС ова лето, но, според турските медиуми, тој одлучи да остане во европскиот фудбал. Бешикташ претходно го доведе Леандро Тросар, па доаѓањето на Египќанецот би претставувало уште еден голем трансфер. Црно-белите се чини дека не планираат да застанат тука. Турските медиуми објавуваат дека Бешикташ е сериозно заинтересиран и за Ромелу Лукаку, кој е исто така меѓу главните цели на клубот во овој преоден рок.Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаСДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднинаВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората. Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори. ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите. Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета. Тие не сакаат ЕУ. Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале. Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал. Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПаника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО) На плажата Кацадија на грчкиот остров Липси се појави паника кога мала ајкула се приближи на неколку метри од брегот, речиси до песокот.Некои пливачи скокнаа од водата во паника, додека други туристи скокнаа од своите лежалки за да го снимат целиот настан на камера. Видеото ја прикажува како плива во многу плитка вода, недалеку од луѓето на плажата. Според проценките засновани на достапните видео снимки, кои ги објавува локалниот портал lerosnews.gr, најверојатно станува збор за вид од родот Mustelus, од семејството Triakidae. Овие видови, познати во Грција како галео, се сметаат за безопасни за луѓето и не претставуваат опасност за пливачите. Иако никој не е рамнодушен кога ќе види каква било ајкула, овој вид ретко покажува агресивно однесување кон луѓето, а не е регистриран ниту еден потврден фатален напад на овој вид врз човек. Дури и кога се наоѓаат во плитка вода, тие најчесто се дезориентирани или го следат пленот и не им се приближуваат намерно на луѓето.Тагови: ајкула туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook