3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
КултураЕкстремните суши открија древен град во делтата на Тигар, стар 3.400 години(ФОТО)По неколку месеци екстремни суши во Ирак, изгубен град, стар 3.400 години, повторно се појавил и експертите го прогласија за археолошко чудо.Како една од земјите најтешко погодени од климатските промени, температурите во Ирак се искачија до 45 ° C, оставајќи им на жителите само да црпат вода од резервоарот за наводнување во Мосул. Фотографиите ги прикажуваат неверојатните урнатини за кои се верува дека се дел од изгубениот град Закику, центарот на империјата Митани, кој се појавил по рекордната суша, пишува Newsweek. Тим германски и курдски археолози побрзаа да ги ископаат и документираат урнатините пред водата во акумулацијата повторно да ги потопи. Благодарение на нивната брза реакција, тие открија повеќе од 100 древни глинени плочи, а некои се уште се во нивните глинени пликови. Еден истражувач го нарече откритието чудо, поради фактот што остатоците преживеале под вода толку долго. За кратко време, експертите мапираа обемен урбан комплекс кој датира од 1550 до 1350 година п.н.е. Покрај палатата, откриени се уште неколку големи градби - масивна тврдина со ѕидови и кули, катна магацинска зграда и индустриски комплекс. "A 3,400-year-old Mittani Empire-era city once located on the Tigris River emerged from the waters of the Mosul reservoir in Iraq as water levels fell rapidly due to extreme drought. Possibly Zakhiku (ca. 1550–1350 B.C.)." https://t.co/ofoh3SS1RN pic.twitter.com/Q7Ivll6rwT — Wrath Of Gnon (@wrathofgnon) May 30, 2022 Сите се исклучително добро сочувани, и покрај тоа што биле под вода повеќе од 40 години откако палатата е поплавена кога била изградена браната Мосул во средината на 1980-тите. Акцијата ја водел претседателот на Археолошката организација на Курдистан, Др. Хасан Ахмед Касим, д-р. Ивана Пуљиз од Универзитетот во Фрајбург и Питер Флазнер од Универзитетот во Тибинген. Градот првпат бил откриен во 2010 година, откако нивото на водата во регионот опаднало поради суша, а експертите го прогласиле за археолошко чудо, но дури во 2019 година можеле да почнат да копаат. Истражувачите се надеваат дека новите откритија ќе дадат важни информации за крајот на градот од периодот Митани и почетокот на асирското владеење во регионот. Градот сега е повторно целосно под вода, бидејќи нивото на водата во акумулацијата повторно се зголемила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУЕвропската унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски иСпоред информациите на медиумот, целта е да им се дадат гаранции на сегашните земји членки дека новиот бран на проширување нема да го парализира процесот на одлучување или дополнително да ја усложни распределбата на средствата од заедничкиот европски буџет. Ова прашање ќе биде централна тема на стратешката расправа што европските лидери треба да ја водат на состанокот на Европскиот совет на 15 и 16 октомври. Советот уште во јуни најави дека на октомвриската сесија посебно ќе ја разгледува поврзаноста меѓу идното проширување и неопходната внатрешна реформа на самата еу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсилаСветот повторно ги отвора рудниците.. Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар. Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на минерална суперсила. Повеќе од една милијарда долари треба да бидат обезбедени за проектот „Санта Круз“ во Аризона, а Трамп тврди дека процедурите за рударски дозволи се скратени од три до пет години на само 25 дена. Најавувајќи ги новите инвестиции, Трамп нагласи дека критичните минерали се стратешки ресурси за американската економија и безбедност – одбранбената индустрија, автомобилската индустрија и современите технологии зависат од нив. -Ги враќаме рударите назад на работа и ја потврдуваме позицијата на Америка како светска минерална суперсила. Голем дел од затворените рудници повторно ќе се активираат, а и многу нови рудници се градат. Во последните 18 месеци нашата администрација потпиша и одобри 160 договори за ископ на минерали, во вредност од 40 милијарди долари. Затоа, сега во САД се отвораат рудници на брза трака. Ова не се случило од 50-тите години на минатиот век.- Доналд Трамп – претседател на САД. Додека светските сили ги забрзуваат инвестициите во критични минерали, Македонија се уште не го користи целосно сопствениот потенцијал. Единствениот голем проект за бакар е „Иловица-Штука“, вреден над 350 милиони евра, со години е во застој. Според инвеститорот, во услови кога цената на бакарот надминува 14 илјади долари за тон, проектот може да донесе значителни економски придобивки. Според истражувањата на „Еуромакс Ресурсис“, наоѓалиштето располага со над 700 илјади тони руден концентрат и има потенцијал за годишен извоз од повеќе од 10 илјади тони бакар во период од две децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“.На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“, во рамки на судењето за трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Според градежното вештачење, зоната Г10 во Кочани уште од 1998 година е исклучиво наменета за лесна индустрија и мало стопанство. Во урбанистичко-планската документација на Градот Кочани и согласно Законот за градење, на таа локација не е предвидено вршење угостителска дејност. -Според Урбанистичкиот план од 2013 година, на таа локација не била предвидена намената Б3 за големи угостителски објекти. Легалниот пат бил инвеститорот да побара измена на ДУП или да изработи проект за пренамена со сите технички и безбедносни услови. Наместо да избере една од овие две легални можности, инвеститорот се одлучува да изврши нелегална пренамена на дел од објектот, постапувајќи спротивно на ДУП-от и регулативата, рече Трпчевска Ангелковиќ. Според изнесените детали од вештачењето, објектот каде што била сместена дискотеката се состои од две згради, првата изградена во 1998 година со соодветно одобрение за деловно-производно-продажен објект и втората изградена без одобрение за градење, а легализирана во 2011 година за лесна и незагадувачка индустрија. Иако во 2012 година објектот се користел согласно намената од Деталниот урбанистички план (ДУП), истата година инвеститорот почнал дел од просторот неовластено да го користи како дискотека/кабаре. На прашањето за одговорноста на општинските служби, вештакот нагласи дека градежната инспекција имала законска обврска и овластување да интервенира, без разлика дали за објектот била издадена лиценца за работа. -Реакцијата би била преку надлежните служби. Тоа се инспекциските служби, кои доколку констатираат дека на некој објект е извршена нелегална пренамена имаат право на сопственикот да му наложат да го врати објектот во првобитната состојба, појасни вештакот- Душица Трпчевска Ангелковиќ. .На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека градежното вештачење недвосмислено покажало дека во „Пулс", системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале и не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Со сослушувањето на вештакот завршува изведувањето на доказите од страна на Обвинителството во овој судски процес, кој го води судијката Дијана Груевска-Илиевска со тим од 15 јавни обвинители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter