Експресно Врховен ја одби жалбата на таткото на Вања како неоснована - Канал 5

Експресно Врховен ја одби жалбата на таткото на Вања како неоснована

Неполни два часа од рочиштето, Врховниот суд експресно го потврди притворот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања осомничен за помогање на нејзиното грабнување пред да биде убиена.

Експресно Врховен ја одби жалбата на таткото на Вања како неоснована

Неговата жалба ја одби како неоснована, но во соопштението нема никакво образложение за ваквата одлука.

Претходно тој растревожен, во очигледно тешка психичка состојба и со остарен изглед во кратко и драмтично обраќање пред судот кажа дека единствено важно му е случајот да дбоие разрешеница, а потоа самиот ќе одлучи за својот живот.. На неговите зборови, освен официјалните лица, сведоци беа и неговите родители и сестрата кои добија и неколку минути за блиска средба со Александар.

-Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми е тука, другото ми го одзедоа, воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам разрешницата, само сакам да ја дочекам, а потоа за себе како возрасен човек да донесам одлука дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете,- - Александар Ѓорчевски.

Обраќањето во судот имаше и обвинителката Наталија Тасевска која побара жалбата на одбраната да биде отфрлена поради стравувања дека Ѓорчевски може да избега или да влијае на сведоците. Но, неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ, смета дека немало никакви докази за ваквите тврдења.

Па дајте докази да видиме, како тоа смета јавниот обвинител и кои се фактите и доказите дека осомничениот ќе се даде во бегство, за такво нешто нема ниту индиција ниту помисла така да за мене како бранител состојбите се чисти, освен за обвинителот кој што сака да ги гледа работите од една друга перспектива. – ЈО преземало дејствија за преслушување на шест сведоци кои јас сум ги обезбедил како бранител, а доколку има некои други сведоци, ЈО треба да излезе и да каже кои се тие сведоци врз кои тој би можел да влијае. Сослушани се клучните шест сведоци кои биле во тој критичен период од 27 до обзнанувањето на трагедијата биле во непосреден контакт малтене 24 часа со осомничениот.

Ѓорчевски беше уапсен на 3ти декемри и притворот го отслужува во затворот во Шутка. Неговата одбрана, непосредно по неговото апсење тврдеше дека тој наместо во грабнувањето, учествувал во расчистувањето на случајот на неговата ќерка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проговори Германецот, кој криел милион евра во минибус- уапсен е на границата меѓу Србија и Косово

Германски државјанин, осомничен за поврзаност со заплената на еден милион евра на преминот Мердаре во февруари, вчера се јавил во Специјалното обвинителство на Косово на сослушување. 

Проговори Германецот, кој криел милион евра во минибус- уапсен е на границата меѓу Србија и Косово

Косовската полиција соопшти дека мажот признал дека парите се негови, но не можел да го докаже потеклото на средствата. По сослушувањето, му е одреден притвор, пишува Коха.

Полициски извештај

„На 23 октомври 2026 година, осомничен маж, германски државјанин, дошол во ПСРК на сослушување поради случајот од 24 февруари 2026 година. Потоа, на граничниот премин Мердаре, во возило со албански регистарски таблички, во обработениот простор биле пронајдени и конфискувани 1.000.000 евра. За време на сослушувањето, осомничениот признал дека конфискуваните пари се негови, но не успеал да го докаже потеклото на парите, како и поврзаноста со осомничените лица кои го превезувале“, објави полицијата.

Апсење во февруари

Во февруари, тројца осомничени беа уапсени на истиот премин додека превезувале непријавени пари. Минибусот го управувал Е. А., а еден од патниците, А. К., бил полицаец од Тирана. Тој бил суспендиран веднаш по апсењето.

Детали за заплената

Еден милион евра биле скриени во специјално дизајниран простор на подот од минибусот. Парите биле распределени во 18 пакети, во апоени од 10, 20, 50, 100 и 200 евра. На секоја кеса во која биле завиткани парите имало напишан број.

Сомневањето кај цариниците било предизвикано од фактот дека минибусот патувал од Србија до Косово без ниту еден патник, што ги навело да извршат детален преглед на возилото.

Сите обвинети во овој случај се товарат за кривично дело перење пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Поранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. 

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година.

„Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина.

Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно.

Настапил два пати на Олимписки игри

Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место.

Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место.

Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва.

Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем.

Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец?

Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати.

Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини.

Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото.

Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер