Експлозија во Мјанмар: Најмалку 55 мртви во село под контрола на бунтовниците (ВИДЕО) - Канал 5

Експлозија во Мјанмар: Најмалку 55 мртви во село под контрола на бунтовниците (ВИДЕО)

Во експлозија во село под контрола на бунтовниците во Мјанмар загинаа најмалку 55 лица, а десетици беа повредени.

Експлозија во Мјанмар: Најмалку 55 мртви во село под контрола на бунтовниците (ВИДЕО)

Трагедијата се случи во селото Каунг Тат, во општината Намкам во државата Шан, во близина на границата со Кина, објави Би-Би-Си.

Извор запознаен со ситуацијата на терен за Би-Би-Си Бурма изјави дека меѓу загинатите има 25 жени и 30 мажи, иако други извештаи ги објавуваат бројките малку поинаку. Спасувачките екипи пребаруваат луѓе во урнатините, додаде изворот.

Причина за експлозијата

Националната ослободителна армија (TNLA), која ја контролира областа и води жестоки битки со воената хунта на Мјанмар, соопшти дека експлозијата е предизвикана од материјали што се користат во рударството и вадењето камен. Жителите опишаа сцени на хаос и уништување по експлозијата.

Трогателни сведоштва

Еден од локалните жители напиша на социјалните мрежи дека на почетокот многу луѓе мислеле дека станува збор за воздушен напад. Тој изјави дека меѓу загинатите има деца и дека стотици куќи се оштетени, како резултат на што речиси целиот округ е уништен.

„Со чиста среќа, мојот мобилен телефон ми го спаси животот“, напиша тој. „Седев во спалната соба, јадев тестенини и гледав во мобилниот. Да јадев во кујната, веројатно денес немаше да бидам жив“, додаде тој.

Еден жителка, чија куќа беше уништена и кој претрпе мала повреда на ногата, опиша сцени на паника и тага. „Луѓето плачеа, ги викаа своите родители“, напиша таа. „Се чувствуваше како крај на светот“.

Таа праша зошто на фабриката за експлозиви ѝ беше дозволено да работи во близина на станбени области, велејќи дека семејствата на загинатите нема да се смират додека властите не дадат целосно објаснување.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема

Неофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.

СДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема

А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат.

Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон?

Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно?

Пола Македонија е отруена.

Седум градови и неколку села немаат вода за пиење.

Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие.

А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат.

Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна.

Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија.

Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори.

Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија.

Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии.

Затоа е многу сериозно.

На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот.

Здравјето на граѓаните - не.

Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена.

Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери.

Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рашфорд се прости од Барса

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд се прости од Барселона,  и по подолг период се враќа на Олд Трафорд, ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед во подготовките за новата сезона.

Рашфорд се прости од Барса

28 годишниот Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона.

Тој одигра 49 натпревари за каталонскиот клуб, при што постигна 14 гола и запиша 14 асистенции. Барселона одлучи да не ја активира клаузулата за откуп на англискиот фудбалер.

„Исклучително сум им благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој овде толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и ќе ги носам тие посебни спомени со себе. На клубот и на сите негови навивачи им посакувам многу среќа и успех во претстојната сезона“, објави Рашфорд на социјалните мрежи.

Англичанецот сега ќе се обиде да избори место во тимот на Мајкл Керик, кој минатата сезона го освои третото место во Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава се обрати на свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година.

Свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година

Новата генерација полициски службеници треба ќе го зајакне безбедносниот систем и да ги унапреди полициските капацитети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер