Експлозија во еврејско училиште во Амстердам - Канал 5

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам

 Експлозија утрово оштети еврејско училиште во Амстердам, при што е причинета мала материјална штета. 

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам

Во инцидентот никој не е повреден. Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсем инцидентот го оцени како намерен напад врз еврејската заедница.

- Ова е кукавички чин на агресија против еврејската заедница. Евреите во Амстердам се повеќе се соочуваат со антисемитизам. Тоа е неприфатливо, наведе Халсем.

Безбедноста во синагогите и еврејските институции во Холандија е засилена по вчерашното подметнување на пожар во Ротердам.

Зголемена е загриженоста поради евентуални напади врз еврејската заедница ширум светот по американско-израелскиот напад врз Иран.

Пред два дена беше нападната синагога во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген. Маж по потекло од Либан удри во синагогата со камионет наполнет со огномет и канти со бензин, при што предизвика пожар. Напаѓачот си пукаше во глава по престрелката со полиција. Тој е идентификуван како Ајман Газали (41), а нападот го изведе откако претходно беше бомбардиран неговиот роден град, при што загинале неговите два брата и внуци.

На 9 март во белгискиот град Лиеж беше поставена експлозивна направа во синагога, при што беше предизвикана материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер