Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста
2Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста
3Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока
ЗдравјеЕксплозија и пожар во руска лабораторија , каде се чуваат опасни вируси Експлозија на плин предизвика пожар во рускиот лабораториски комплекс каде с ечуваат примероци на опсани заразни заболувања , како морбили , ебола и антракс ,соопштија синоќа руските власти.Од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија негираа дека пожарот ги оштетил опасните патогени . Експлозијата се случила на петтиот кат од комплексот Вектор за време на санирањето на оштетувањето по преглед од санитарната инспекција. Вектор се наоѓа во местото Колцов, во регионот Новосибирск во Сибир. Вирусот на сипаници е зачуван на само две локации низ целиот свет, во Вектори во високо безбедносната лабораторија на Американскиот центар за контрола и спречување на болести во Атланта. По експлозијата, еден работник претрпел изгореници од трет степен, а од самата експлозија биле скршени неколку прозорци во зградата. Пожарот, наводно, се раширил низ системот за вентилација на објектот, но подоцна бил изгаснат. Руските власти соопштија дека во просторијата каде што се случила експлозијата немало изложени опасни вируси. Градоначалникот на Колцов дополнително ја смири јавноста велејќи дека лабораторијата не содржела опасни патогени во тоа време, како резултат на тековни работи за реновирање. Центарот ,,Вектор” за истражување на вирусологија и биотехнологија е голем комплекс со 1.600 вработени. Иако во него се чуваат вируси на мали сипаници, антракс, ебола, хепатитис и други опасни патогени, малку е веројатно дека овие опасни материи биле оставени надвор од контролираните услови, пренесува Science Alert.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСкапото гориво ги принудува Американците да возат помалку и да ги променат своите навикиВозачите бараат начини да заштедат пари. Некои дури се откажуваат и од патувања.Растечките цени на горивата и зголемените трошоци за осигурување ги принудуваат возачите во САД да бараат начини да заштедат пари. Ново истражување на „LendingTree“ покажа дека 20% од Американците возат помалку денес отколку пред една година, а дури 64% од нив ги наведуваат повисоките цени на горивата како главна причина. Просечната цена на галон (3,785 литри) бензин во САД достигна 4,07 долари (околу 3,5 евра), што е за околу 30% повеќе отколку пред една година. Како резултат на тоа, многу возачи ги менуваат своите секојдневни навики. Анкетата покажува дека дури 81% од Американците го прилагодиле своето однесување поради трошоците за транспорт. Најчестите мерки вклучуваат комбинирање на повеќе обврски во едно патување (38%), намалување на вкупната километража (31%) и барање бензински пумпи каде што бензинот е поевтин пред полнење (28%). Некои возачи избегнуваат одредени патувања, додека други ги одложуваат купувањата автомобили или редовното одржување на возилата за да ги намалат трошоците. Од друга страна, 34% од испитаниците изјавиле дека денес возат повеќе отколку минатата година. Ова е предводено од членовите на генерацијата Z и родителите со мали деца. Кога станува збор за месечните трошоци за превоз, 10% од испитаниците трошат повеќе од 1.000 долари месечно, додека речиси една третина трошат помалку од 100 долари. Анкетата, исто така, покажа дека 29% од Американците делат возење со други патници барем еднаш неделно за да ги намалат трошоците. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: гориво САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТорнадо направи пустош во Германија- има загинати и повредени (ВИДЕО)Силна бура проследена со торнадо погоди многу делови од Германија преку ноќ, оставајќи пустош зад себе. Бурата уби една жена, повреди неколку лица, сериозно оштети домови и уништи автомобили. Покраините Тирингија, Хесен и Баварија беа особено тешко погодени, додека во Бранденбург торнадо ги проби улиците на Фирстенвалде и предизвика голема материјална штета. Покривитеостанаа безѐ ќерамиди, бројни дрвја беа искорнати, а делови од згради беа расфрлани по улиците. Според локалните медиуми, тинејџер е повреден кога дрво паднало врз автомобилот што го управувал. 18-годишниот возач бил заробен во возилото и морале да го извлечат пожарникарите. Бурата била фатална и во Рајнска област-Пфалц, каде што една жена (58) била убиена од паднато дрво, додека нејзиниот сопатник (47) бил сериозно повреден. Во Хесен, бурата оштетила бројни куќи, некои толку лошо што сега се непогодни за живеење. Само во Вецлар, околу 60 куќи биле погодени, според пожарникарите. Делови од покриви летаа до 100 метри. Во Лаубах, паднато дрво удри во резервоарот за гас на станбена зграда. Поради истекување на гас, област во радиус од 200 метри мораше да биде евакуирана. Во Тирингија, пожарникарите интервенираа 20 пати поради последиците од бурата. Југот на покраината беше најтешко погоден. Die Videos sind nicht von mir und wurden vsl. in Hessen bei Oberndorf bei Siegbach aufgenommen.#unwetter #gewitter #tornado #hessen pic.twitter.com/gwZfLM7jYj — Jonas Sanoj (@JonasHe996) August 19, 2026 Хаос и во Баварија Во Баварија, бројни дрвја паднаа на патишта и автомобили, а паркирана приколка беше погодена. Никој не беше повреден. Панаѓур во баварскиот град Кронах мораше делумно да биде евакуиран. Околу 3.500 гости мораа да го напуштат отворениот простор доцна во среда навечер. За среќа, прославите можеа да продолжат во пивниците. За потсетување, метеоролозите предупредија дека бурите од суперќелии ѝ се закануваат на Европа и би можеле да предизвикаат општ хаос во следните два дена што би можел дури и да влијае на соседството! Се предвидуваат повеќе бранови интензивни бури од суперќелии и суперќелии од источна Шпанија преку Балеарските Острови, јужна Франција, Швајцарија, Австрија и северно-централна Италија, до Словенија и Хрватска. Можни се голем град, силни ветрови, обилни врнежи од дожд што би можеле да предизвикаат ненадејни поплави и торнада.Тагови: Германија Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаАндоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедностаРазмената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. г. Петр Мацинка, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Чешката Република, по што двајцата министри со поздравни обраќања официјално го отворија семинарот. Посакувајќи им добредојде на министерот Мацинка и на чешката делегација, министерот Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку суштинска трансформација на начинот на кој функционира државата и на кој граѓаните ги остваруваат своите права и ги користат јавните услуги. „Она што сакаме да го постигнеме е државата да биде поедноставна и поблиска до граѓаните и компаниите, со услуги кои се достапни, брзи и лесни за користење. За нас, дигитализацијата има смисла само доколку носи реално подобрување во секојдневието – помалку административни чекори, помалку чекање и поголема сигурност и предвидливост за секој граѓанин и за секоја компанија“, нагласи Андоновски. Тој посочи дека Министерството работи на развој на дигиталните услуги, подобро поврзување на институциите, унапредување на интероперабилноста и создавање посигурна дигитална инфраструктура. Министерот Андоновски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и размената на практични искуства, оценувајќи дека знаењето и конкретните решенија на Чешката Република можат значително да придонесат кон натамошниот развој на дигиталната трансформација во земјава. „Денешниот семинар го гледам како многу повеќе од презентација на две различни искуства. Го гледам како можност да започнеме нова, поконкретна и подлабока соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на дигиталната трансформација“, истакна Андоновски. Посебен акцент беше ставен и на сајбер-безбедноста како неопходен дел од процесот на дигитализација. „Колку повеќе услуги и процеси се дигитализираат, толку поважно е граѓаните да имаат доверба дека нивните податоци се безбедни и дека системите на државата се отпорни. Затоа, дигитализацијата и сајбер-безбедноста мора да одат рака под рака“, порача министерот. Претставниците на чешката делегација ги презентираа искуствата и успешните практики на Чешката Република во дигитализацијата на јавната администрација. Во рамките на дискусијата беа разгледани можностите за понатамошна соработка, воспоставување партнерства и реализација на заеднички иницијативи и проекти, вклучително и во областа на сајбер-безбедноста. Министерот Андоновски изрази уверување дека семинарот ќе биде почеток на нови иницијативи, партнерства и конкретни проекти меѓу двете земји во областа на дигиталната трансформација. Кабинет на Министер Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter