СветЕксплозии во Ерусалим, Тел Авив, Катар, Дубаи, Кувајт и Бахреин-САД и Израел го нападнаа Иран – Техеран возвратиБлискиот Исток е во пламен – најавуваните напади се остварија – САД и Израел од утринава отворија канонада врз Иран.Одекнуваат експлозии речиси во целата земја – Техеран е главна мета. Бројот на жртвите од момент во момент расте – според последните информации загинале десетици лица, меѓу нив, според иранските власти 20тина ученички на возраст од 7 до 12 години на југот на државата. Додека врз земјата се истураат стотици бомби, на социјалните мрежи се појавија бројни видеа од иранските граѓани како прославуваат и со одобрение ги пречека нападите кои според нив се против режимот на ајатолахот Aли Камнеи. Иран, во координација со Ирак и Јемен исто така возврати со обемни напади со балистички ракети - Експлозии се слушнаа во Ерусалим и Тел Авив, но напади се вршат и врз Катар, Дубаи, Кувајт и бази на САД во Бахреин со што Блискиот Исток Утринава се разбуди во регионална војна. 47 годишното скандирање „Смрт за Америка“ од страна на режимот, веќе нема да се толерира порача претседателот на САД – Доналд Трамп.. Тој и ги повика иранските трупи да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет, во спротивно им следува сигурна смрт. -До членовите на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и целата полиција, ви велам вечерва дека морате да го положите своето оружје и ќе имате целосен имунитет, алтернативата е да се соочите со сигурна смрт,- – Доналд Трамп – Претседател на САД А, на иранските граѓани им порача да останат засолнети оти бомби ќе паѓаат на секаде, а кога експлозиите ќе се смират, тогаш да ја искористат генерациската можност да си ја преземат својата Влада, оти конечно вели ја добиле доолгочекуваната поддршка на САД.. -Кога ние ќе завршиме, преземете ја вашата Влада, ваше ќе биде да ја преземете и веројатно тоа ќе биде единствената шанса по генерации. Америка ве поддржува со огромна сила и разорувачка моќ-– Доналд Трамп – Претседател на САД. Да се создаде нов и слободен Иран граѓаните ги повика и израелскиот премиер – Нетанјаху, кој вели дека заканата кој ја има актуелниот режим е опасен и по светот и по Израел, особено откако Техеран не го поптиша новиот договор за нуклеарно оружје на кој САД инсистираше. -Ако не ги сопреме сега, тие ќе бидат имуни. Заедно со САД ќе зададеме силен удар на терористичкиот режим, ќе создадеме услови во кои храбриот ирански народ да го отфрли убиствениот режим- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Иран. Францускиот претседател состојбите на Блискиот Исток ги оцени како „Опасна ескалација“ и повика на итно свикување на советот за безбедност на ОН, а од Иран побара да се откаже од воениот пат. Министерот за надворешни пак на Русија, Сергеј Лавров го осуди нападот и го оцени како непровоциран. Реакција за нападите пристигна од бројни глобални и европски сојузници. Претседателката на европскиот совет Фон дер Лајен искажа загриженост за развојот на настаните кои вели Брисел ги следи одблиску. Италијанската премиерка Мелони пак застана позади народот на Иран против режимот кој владее во земјата..Тагови: Израел Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter